Забава
Стогодишен Ролс-Ројс продаден за 5,8 милиони евра
Автомобилот Rolls-Royce произведен во 1912 година, е продаден за 4,7 милиони фунти (5,8 милиони) на аукција во грофовијата Западен Сасекс во јужниот дел на Велика Британија, објави весникот Sun.
Станува збор за автомобил од највисоката класа познат како Silver Ghost (Сребрениот призрак), кој се произведувал во Обединетото Кралство во периодот од 1907 до 1926 година. Продаден е на аукција во средата навечер одржана на имотот Гудвуд во грофовијата Западен Сасекс. Автомобилот Rolls-Royce бил рачно изработен по порачка. Во 1912 година тој чинел само 93 илјади сегашни фунти (115 илјади евра) – или само илјада тогашни британски фунти.
Автомобилот можел да достигне брзина до 20 милји на час (повеќе од 32 километри), која одговарала на максималното ограничување на брзината коешто во тоа време било на сила во Велика Британија, и бил опремен со реткиот во тоа време инструмент – брзинометар. Многу елементи од внатрешноста на „Сребрениот призрак“ се украсен со сребро и слонова коска, а внатрешноста на вратите е обложена со ткаенина од свила.
За историјатот на автомобилот продаден во средата не се знае многу. Британските медиуми пишуваат дека тој во 1992 година бил извезен во САД, откако бил купен од американски колекционер. Во 2007 година овој автомобил станал сопственост на познат адвокат од Тексас за цена од 1,9 милиони фунти (2,9 милиони долари). Неговиот нов сопственик во 2009 година загинал во сообраќајна несреќа, управувајќи друг вреден автомобил.
Идентитетот на новиот сопственик на скапиот „Сребрен призрак“ не е објавен./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

