Забава
Холивудски филмски проект на T-Mobile и T-Home во кој е вклучена и Македонија
Станува збор за најновиот филмски проект Move On бо Холивуд, каде првпат T-Mobile и T-Home како дел интернационалното семејство на Дојче телеком Групацијата се вклучија во овој интерактивен патописен проект од холивудски рамки, во кој можат да учествуваат луѓе и од Македонија.
Остана уште многу малку време за вклучување во Move On – уникатиот холивудски проект создаден од вашите идеи, а предводен од бестрашното експериментирање на режисерот на „Man on a Ledge“, Асгер Лет.
Секој заинтересиран може да ја пријави својата интересна, откачена, несекојдневна идеја во најнеобичниот филмски проект годинава. Своите предлози, фотографии и видео снимки може да се пријават на специјално креираната веб страница www.move-on-film.mk, сите можат да го инспирираат режисерот Асгер Лет, да добијат своја улога во филмот и да се појават на холивудското платно.
Еден од многуте интересни аспекти на Move On е неговиот интернационален шмек. Филмот се одвива во девет европски држави – Холандија, Германија и Австрија, потоа низ Словачка, Унгарија и Хрватска, па сè до Црна Гора и Македонија. Широкиот спектар локации му дава на филмот своја сопствена динамика, но режисерот Асгер Лет држи сè под контрола и создава авантура допрена од сите ваши идеи.
Со епизодната структура на филмот, сценаристот Мет Гринхалг му даде посебен карактер. Гринхалг внимателно, но одлучно главната улога му ја додели на европската ѕвезда Медс Микелсен. Главниот лик мораше да биде мистериозен, дрзок, храбар и притаен, но сепак сосема допадлив. Гринхалг создаде лик кој е кул и харизматичен, но сепак со свои мани – квалитети олицетворени во добитникот на златната палма на Канскиот филмски фестивал за најдобра машка улога, Мадс Микелсен.
Големиот број задачи во речиси секоја област им овозможуваат на сите да ги покажат своите таленти и искри и активно да помогнат во обликувањето на филмот. Секој е добредојден да предлага интересни локации каде што би можел да се снима дел од филмот. Учесниците исто така можат да предлагаат уникатни костими, музички нумери кои би можеле да бидат носечкиот саундтрак на филмот, и секако, би можеле да се појават рамо до рамо со Мадс Микелсен во спектакуларна споредна улога./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

