Забава
Хитлер заштитил еврејски ветеран од Првата светска војна
Адолф Хитлер наводно лично интервенирал за да заштити еден Евреин кој во текот Првата светска војна бил негов воен командант, според писмо објавено во весникот Jewish Voice.
Писмото е датирано од 1940 година и го составил тогашниот командант на злогласните нацистички СС дивизии, Хенрих Химлер, а во него се наведува дека судијата Ернст Хес и неговото семејство треба да бидат поштедени од погубување и депортација „во согласност со желбите на Фирерот“.
Ернст Хес поради покажаното херојство во Првата светска војна бил одликуван со орден, а кусо време командувал со единицата на Адолф Хитлер во Фландрија. По тоа работел како судија се до период нацистичкиот расистички закон не го принудил во 1936 година да поднесе оставка од функцијата. Истата година по излетувањето до својот дом бил претепан од еден нацист, се наведува во истиот документ.
Во молбата во којашто Хес му ја упатил на Хитлер, напишал „За нас ова претставува еден вид духовна смрт – да бидеме одбележани како Евреи и изложени на општ презир“. Хес и неговото семејство се преселиле извесно време во северна Италија каде што се зборува германски јазик. Меѓутоа, по извесен период, биле присилени да се вратат во нацистичка Германија. Таму дознале дека указот на Хитлер за нивната заштита веќе нема важност.
Хес успеал да ја преживее Втората светска војна, благодарејќи и на тоа што неговата сопруга имала италијанско потекло, неговата сестра починала во Аушвиц, а преживеала и неговата мајка којашто навремено успеала да пребегне во Швајцарија. Хес по завршувањето на војната останал во Германија. Станал директор на управата на Националната железница со седиште во Франкфурт. Починал во 1983 година.
Ќерката на Ернст Хес, Урсула којашто денес има 86 години и живее во Германија во интервјуто за Jewish Voice вели дека нејзиното семејство во времето на нацизмот имала полза и од колегата на татко и’ Фриц Виедеман, кој станал еден од помошниците на Адолф Хитлер и го искористил своето влијание да за заземе кај Фирерот за нивното семејство./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ѕвездата од Бриџертон ја открива непријатната вистина зад 18+ сцената на скалите
Ѕвездата од „Бриџертон“, Јерин Ха, ја откри не толку гламурозната вистина за снимањето на страсната сцена со скалите што привлече толку големо внимание од гледачите.
Додека обожавателите го очекуваат вториот дел од 4. сезона на серијата, која ќе се појави на Нетфликс на 26 февруари, актерската екипа открива детали зад сцената.
Најновата сезона го следи Бенедикт Бриџертон, игран од Лук Томпсон, и неговата потрага по мистериозната „дама во сребрено“, односно досетливата слугинка Софи Бек, играна од Ха. Нивната приказна кулминира во експлицитна сцена на скали, но снимањето, вели актерката, било сè друго освен романтично.
Сцената со скалите се одвива во четвртата епизода и прикажува страсен момент помеѓу Бенедикт и Софи на скалите од куќата Бриџертон.
Иако сè изгледа беспрекорно на екранот, Ха откри дека и таа и Томпсон биле болни пред снимањето. „Бевме малку ментално исцрпени и нервозни, па затоа мојот имунитет беше опаднат“, рече таа.
@netflixanz The staircase scene…omg #Bridgerton #WhatToWatch ♬ original sound – Netflix Australia & NZ
Ха и Томпсон зборуваа и за делот од сцената што започнува многу интензивно, а потоа нагло запира кога Бенедикт ја замолува Софи да му биде љубовница. „Беше како некој да ме удрил“, рече Ха, објаснувајќи дека во тој момент нејзиниот лик како да се вратил во реалноста и сфатил дека се „од два различни света“.
Томпсон додаде дека Бенедикт бил изненаден од нејзината реакција и дека искрено верувал дека нуди нешто што ќе „функционира“. Тој вели дека тоа покажува поанксиозна и ранлива страна од него што публиката не ја видела до тој степен порано.
Забава
(Видео) Најдобрата тенисерка критикувана за рекламата за Оземпик: нејзиниот одговор на хејтерите е – танцување на шипка
Познатата тенисерка Серена Вилијамс (44) секојдневно ги инспирира коментаторите на социјалните мрежи, на многу различни начини. Нејзиниот изглед е секогаш тема на медиумите, како и нејзината видлива трансформација на телото, а потоа привлече негативни коментари кога учествуваше во реклама за лек за слабеење.
Рекламата што ги налути дури и оние што ја сакаат беше емитувана за време на Супербоул, а станува збор за лекови за слабеење што самата Серена ги истакна како тие ѝ помогнале во процесот на трансформација.
„Најдобрата тенисерка на сите времиња дојде да го рекламира Оземпиќ“, разочарано коментираа на мрежите.
Сите овие реакции веројатно стигнаа до Вилијамс, која сними видео за кое велат дека е одговор на хејтерите.
Во нејзиното видео на TikTok, Серена вежба танцување на шипка, pole dance, и сето тоа со кратка порака.
@serena I’m back to training on my 2 favorite devices.
„Се враќам на тренинг со моите две омилени парчиња опрема.“
Серена Вилијамс никогаш не криела дека се мачела со својата тежина, а работите станале уште полоши по второто раѓање. Пред две години, кога престана да дои, таа го започна процесот на слабеење и успеа да ослабе 14 килограми.
Забава
(Видео) Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје
„Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години.
Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ.
„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната.
„Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни“, вели Јованов.
Нашиот пејач веќе некое време е фокусиран на големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќе го одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни.

