Забава
Шест повредени во првата трка со бикови во Памплона
Најмалку шест лица се повредени во саботата во првата годинешна трка со бикови во кои учествуваат илјадници одушевени тркачи, на денот на свети Фермин во Памплона, во северна Шпанија, потврдија локалните власти.
Седумдесет итригодишен жител на Памплона, бик го погодил во ногата на самиот почеток од трката, но неговата повреда не е тешка, истакнува во соопштението локалната влада во Навара. Уште пет лица биле повредени кои во пад се здобиле со нагмечувања и гребаници, и се примени во болница, а меѓу нив се и 26-годишен Австралиец кој го повредил левото колено и 21-годишен Јапонец кој се пожалил на болки во грбот.
Шест бикови за борба со тежина од половина тон и шест волови јуреа по тесните и кривулести улици на Памплона по многубројните тркачи коишто претежно беа облечни во традиционалната облека со бели марами околу вратот.
Во текот на оваа екстремна традиционална забава, биковите во трасата долга 848,6 метри од кулата до градскиот амфитеатар го претчаа за само 2 минути и 53 секунди, а настанот директно беше пренесуван преку телевизиската мрежа а го следеле милиони гледачи.
На крајот од трката еден бик собори тркач кинејќи му ја крагната од кошулата, а потоа го влечеше неколку метри, до влезот во амфитеатарот. Овој тркач мина без посериозни повреди.
Секоја година со повреди завршуваат меѓу 200 до 300 учесници на трката, меѓу кои три отсто потешко. Повеќето се повредуваат при пад, а некои завршуваат под копитата на говедата или биковите ги набодуваат на своите рогови, и покрај зголемените мерки за безбедност.
Во 2009 година 27-годишен Шпанец загина откако биг со рогот му го прободен вратот, срецето ио градите пред мноштвото туристи.
Фестивалот на свети Фермин трае од 7-ми до 14-ти јули, а покрај секојдневните трки со биковите се одбележува и со концерти, настапи на фолклорни групи, верски процесии и деноноќни дружења по локалите.
За традиционалната трка со биковите „енсеро“ организаторите обично избираат силни бикови, кои мора да ја минат специјално одредената патека и да дојдат до арената каде што во вечерните часови се одржуваат традиционалните борби со бикови. Вообичаено, трките траат помалку од три минути.
Заедничкото трчање на биковите и луѓето често завршуваат со повреда, потешки ранувања па дури и смртни случаи. Биковите ги газат бавните „спортисти“ при што можат да ги задушат а се случуваат и тешки повреди нанесени со роговите на животните. Во 1924 година, за време на „енсерото“ во Памплона, загинаа 15 лица, додека последниот фатален случај беше забележан во 2009 година.
„Енсерото“ и „коридата“ (борбата со бикови) се традиција која не се одржува само во Памплона, туку и во повеќето градови од Шпанија за време на локалните прослави. Но Памплона ја доби светската слава, најмногу благодарение на Ернест Хемингвеј, кој за неа пишуваше со одушевување во неговиот познат роман „Фиеста“ („И сонцето изгрева“).
Пред неколку години во една од трките во годинешнава серија од „енсеро“ зема учество и правнукот на славниот писател, 50-годишниот Џон Хемингвеј.
Шпанската национална телевизија (TVE1) секој ден во живо врши преноси од памплонското „енсеро“ како и од борбите со бикови, проследени со коментар од страна на експерти и поранешни учесници.
Празнувањето вклучува, покрај традиционалните „енсеро“ и „корида“и многу други настани – концерти, натпревари, детски матинеа, улични атракции и голем огномет. Баровите и рестораните се отвори деноноќно и за овие девет празнични денови остваруваат колку речиси и целиот годишен приход./крајмф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

