Забава
Македонската пита на насловната на Вашингтон пост

Македонската пита од јаболки од приемот за шефови на Дипломатко-конзуларните претставништва во американскиот Стејт департмент по повод националниот празник 4-ти Јули, беше претставена во рубриката Стил во угледниот весник Вашингтон пост.
Во денешниот број на весникот Вашингтон пост е објавен напис за одбележувањето на Денот на независноста на САД, 4-ти јули, со дипломатскиот кор. Традиционалниот прием за шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва што секоја година го приредува Државниот секретар на САД, годинава беше збогатен со две нови содржини – присуството на шефовите на протокол од повеќе од стотина емји кои во Вашингтон деновиве учествуваат на Глобалната конференција за шефови на протокол, и учеството на странските амбасади со подготовка на американската традиционална пита од јаболки, која содржи препознатливи белези на двете држави – на потеклото на амбасадорот и на САД.
На насловната страница на рубриката Стил на весникот, покрај кусата најава за написот, освен текстот е објавена фотографија од македонската пита од јаболки, којашто ја подготви Сузана Јолевска, сопругата на македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски.
На овогодишниот прием покрај државниот секретар Хилари Клинтон, присуствуваше и поранешниот претседателот Бил Клинтон./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Кристина Аплгејт ги откри првите симптоми на мултиплекс склероза: „Беше суптилно“

Актерката Кристина Аплгејт, најпозната на пошироката јавност по улогите во сериите Married… with Children и Dead to Me, во 2021 година зборуваше за најраните знаци на болеста што засекогаш ѝ го промени животот, мултиплекс склероза.
За време на гостувањето во подкастот „Conan O’Brien Needs a Friend“, Аплгејт сподели лично и емотивно сведоштво за тоа како сè започнало.
Иако во тоа време сè уште играла тенис и планинарела, првиот симптом, вели таа, бил толку суптилен што лесно можела да го игнорира: трнење и вкочанетост во прстите на нозете.
„Беше јануари 2021 година. На мајка ми ѝ беше дијагностициран рак по трет пат, а се случуваа и други стресни работи… Беше многу трауматично време. Почнав да чувствувам вкочанетост во прстите. Само малку. Сè уште бев физички активна, но нешто не беше во ред“, рече Кристина.
Како што минуваа месеците, симптомите се ширеа, од прстите на нозете до глуждовите, а потоа и до колената. Таа почнала да ја губи рамнотежата, сфати дека почнува да се чувствува непријатно кога е на високо, а болката станала неподнослива. „Кога велам дека беше вкочането, беше, но исто така болеше“, додава Аплгејт.
Ѝ помогнала нејзината пријателка и колешка Селма Блер, која самата се бори со истата болест. Блер беше таа што ја убеди да посети невролог, што доведе до официјалната дијагноза.
Денес, на 53-годишна возраст, Кристина не крие колку е предизвикувачки секојдневниот живот со мултиплекс склероза за неа. За време на подкастот, таа призна дека имала „симптоматски навистина лош ден“ и дека понекогаш едноставно не може да функционира.
„Да го видат луѓето мојот живот секој ден, нема да можат да го поднесат. Бидејќи понекогаш ни јас не можам да го поднесам“, искрено рече таа. Покрај физичките тешкотии, Кристина се бори и со стигмата што често ја носи болеста.
Забава
Концерт на Владо Јаневски во Охрид

Еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена, Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен концерт на 8 август во неповторливиот амбиент на Античкиот театар во Охрид. Овој настан, организиран од „Прагма продукција“, е уште една потврда за исклучителната уметничка тежина што Јаневски ја носи со себе речиси три децении.
Во уникатниот амбиент на еден од најубавите простори во државата ќе оживеат баладите што се дел од колективната емоција – „Црно тиквешко“, „Евергрин“, „Некогаш и негде“, „Тајна отровна“… песни со кои растевме, созревавме, радувавме и тагувавме.
Во градот во кој секоја калдрма има приказна, а секој здив е исполнет со историја и убавина, Владо ќе настапи на сцена под отворено небо, пред публика што го следи и сака со генерации. Античкиот театар, со својата специфична атмосфера, ќе биде идеалната сценографија за едно вечерно музичко патување низ безвременските хитови на овој врвен уметник.
Концертот на 8 август ќе ве потсети на моменти за кои сте мислеле дека сте ги заборавиле, ќе ве натера да се сетите кого сте сакале, кого сте изгубиле и зошто љубовта секогаш останува најважната животна лекција.
Забава
(Фото) Сезоната на бикини почна, а згодната италијанска новинарка мами воздишки

Сезоната на бикини започна, а се чини дека згодна Италијанка ја има честа да ја отвори.
Спортската новинарка Дилета Леота ужива во сончевите зраци и топлите денови што ја затекнаа на Сицилија. Таа ја искористи оваа можност на најдобар можен начин, па се соблече во бикини и направи неколку атрактивни фотографии, а забележлива беше нејзината завидна фигура.
Покрај тоа, таа го покажа својот исончан тен и блескава насмевка, што им ја намени на своите обожаватели на социјалните мрежи.
Таа веднаш ги објави фотографиите на Инстаграм, а корисниците имаа само позитивни реакции на оваа глетка.