Забава
И бездомниците користат Фејсбук
Студијата на Универзитетот во Дејтон покажа дека и бездомниците користат Фејсбук и други социјални мрежи,бидејќи тоа им го дава чувството дека се прифатени и еднакви со другите луѓе, без оглед на нивниот социјален статус.
Луѓето на Фејсбук гледаат како на ентитет од билион долари кој нуди акции и продава многу реклами. Меѓутоа, на Фејсбук, бездомниците имаат еднаков пристап до сите негови содржини, па така го добиваат чувството на припадност, а тоа е нешто посилно од материјалното поседување, тврди социологот и криминалист Арт Џипсон во студијата што ја објави на своите интернет страници Американското социолошки здружение.
Низ интервјуа со испитаниците учесници во истражувањето, Џипсон открил дека бездомниците ги користат социјалните мрежи не само да за изградат мрежа на поддршка, туку и за да ги решат секојдневните проблеми како што каде ќе јадат, да пронајдат место за преспивање или како да најдат различни социјални служби.
„Зошто и јас не би бил на Фејсбук? Имама еднакви права како и сите други. Само затоа што сум бездомник, не значи дека не ми е дојдено во овие работи. Моето семејство, пријателите и луѓето за коишто се грижам се на Фејсбук“, вели еден од испитаниците во студијата.
Џипсон открил и дека на некои членови на заедницата на бездомниците, општествените мрежи им претставуваат своевидни прибежишта и место за интеракција каде нема да бидат осудувани.
„Никој не нетот не се грижи ако вчера не сум се истуширал или како ширам реа. Не ме осудуваат, се чувствувам прифатено и прифатен сум“, вели друг испитаник во истражувањето.
Џипсон смета дека е интересно откритие тоа што на страниците на социјалните мрежи, од коишто некои заработуваат на огласување базирани на ‘лајковите’, кликови, коментари, статуси, па дури и оние најмалку комерцијално атрактивните, корисниците стануваат рамни на оние најбогатите, што покажува дека социјалните мрежи на сите им носта еднакви услуги и полза.
„Нашите ‘постови’ стануваат сопственост на компаниите за огласување коишто прават сé за да остварат профит во облик на вредност за компанијата и акционерите отколку за корисниците. Меѓутоа за сиромашните корисници на социјалните мрежи, коишто се растечка популација, вредноста е во самата онлајн заедница којашто е егалитирана“, тврди Џипсон.
Неговата инспирација за овој проект дошла кога случајно како истражувач на социологијата на музиката имал седмично шоу на универзитетската радио станица WUDR. Кога еден слушател кој телефонски се јавил во студиото го запрашал за името и локацијата, се изненадил кога дознал дека станува збор за бездомник кој има мобилен телефон. Подоцна го контактирал слушателот и утврдил дека користи мобилниот телефон за социјалните мрежи, роверување и пишување пораки на Фејсбук и Твитер.
Потоа Џипсон организирал интервју со слушателот и тоа го довело до интервју со други 13 бездомници од таа заедница. Според него, повеќето од нив имале повеќе до сто пријатели на Фејсбук./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

