Забава
Гостите на скандалозната забава на принцот Хари користеле кокаин
Некои учесници на забавата со принцот Хари во Лас Вегас, по која на интернет се појавија скандалозните фотографии на разголениот британски принц, консумирале во хотелскиот апартман дрога, пишува во четвртокот порталот radaronline повикувајќи се на изјава на сведок.
„Сите пиеја алкохол, некои користеа наркотици, а некои шмркаа кокаин, еден од гостите дојде на забавата веќе под влијание на халуциногени средства или марихуана“, ги цитира порталот зборовите на еден од учесниците на забавата, кој сакал да остане анонимен.
Порталот нагласува дека неговиот соговорник не видел дека принцот Хари самиот земал каква и да е дрога.
Минатата седмица американскиот портал TMZ објави скандалозни фотографии, на кои принцот Хари беше фатен како во разголено друштво игра билијард на забавата во еден хотел во Лас Вегас. На една од фотографиите направени со мобилен телефон, Хари ја става раката над својата интимност, а зад него се крие некој неидентификувана гола девојка. На втората фотографија, принцот гушка гола девојка под него.
Според британските медиуми, истекувањето на сликите на интернет предизвика бес кај британското кралско семејство. Нејзиниот портпарол, сепак, беше принуден да го потврди идентитетот на принцот Хари на фотографиите. Тој подоцна изјави дека палатата Кларенс Хаус, официјалната резиденција на принцот од Велс, побарала од Комисијата за поплаки на медиумите (Press Complaints Commission, PCC) да се забрани објавувањето на фотографиите во националните весници, бидејќи со тоа според нив го нарушува правото на приватност. Фотографиите, наводно, биле направени без знаење на принцот, затоа што сликите тој гледал во спротивен правец од камерата.
Меѓутоа, ноќта кон 24-ти август, фотографиите на голиот принц се појавија не само на интернет, туку и на странците на печатените изданија во Велика Британија. Таблоидот The Sun беше првото печатено издание кое се осмели да ги објави фотографиите на член на британското кралско семејство, иако тоа испрати молба да не се објавуваат спорните фотографии./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ѕвездата од Бриџертон ја открива непријатната вистина зад 18+ сцената на скалите
Ѕвездата од „Бриџертон“, Јерин Ха, ја откри не толку гламурозната вистина за снимањето на страсната сцена со скалите што привлече толку големо внимание од гледачите.
Додека обожавателите го очекуваат вториот дел од 4. сезона на серијата, која ќе се појави на Нетфликс на 26 февруари, актерската екипа открива детали зад сцената.
Најновата сезона го следи Бенедикт Бриџертон, игран од Лук Томпсон, и неговата потрага по мистериозната „дама во сребрено“, односно досетливата слугинка Софи Бек, играна од Ха. Нивната приказна кулминира во експлицитна сцена на скали, но снимањето, вели актерката, било сè друго освен романтично.
Сцената со скалите се одвива во четвртата епизода и прикажува страсен момент помеѓу Бенедикт и Софи на скалите од куќата Бриџертон.
Иако сè изгледа беспрекорно на екранот, Ха откри дека и таа и Томпсон биле болни пред снимањето. „Бевме малку ментално исцрпени и нервозни, па затоа мојот имунитет беше опаднат“, рече таа.
@netflixanz The staircase scene…omg #Bridgerton #WhatToWatch ♬ original sound – Netflix Australia & NZ
Ха и Томпсон зборуваа и за делот од сцената што започнува многу интензивно, а потоа нагло запира кога Бенедикт ја замолува Софи да му биде љубовница. „Беше како некој да ме удрил“, рече Ха, објаснувајќи дека во тој момент нејзиниот лик како да се вратил во реалноста и сфатил дека се „од два различни света“.
Томпсон додаде дека Бенедикт бил изненаден од нејзината реакција и дека искрено верувал дека нуди нешто што ќе „функционира“. Тој вели дека тоа покажува поанксиозна и ранлива страна од него што публиката не ја видела до тој степен порано.
Забава
(Видео) Најдобрата тенисерка критикувана за рекламата за Оземпик: нејзиниот одговор на хејтерите е – танцување на шипка
Познатата тенисерка Серена Вилијамс (44) секојдневно ги инспирира коментаторите на социјалните мрежи, на многу различни начини. Нејзиниот изглед е секогаш тема на медиумите, како и нејзината видлива трансформација на телото, а потоа привлече негативни коментари кога учествуваше во реклама за лек за слабеење.
Рекламата што ги налути дури и оние што ја сакаат беше емитувана за време на Супербоул, а станува збор за лекови за слабеење што самата Серена ги истакна како тие ѝ помогнале во процесот на трансформација.
„Најдобрата тенисерка на сите времиња дојде да го рекламира Оземпиќ“, разочарано коментираа на мрежите.
Сите овие реакции веројатно стигнаа до Вилијамс, која сними видео за кое велат дека е одговор на хејтерите.
Во нејзиното видео на TikTok, Серена вежба танцување на шипка, pole dance, и сето тоа со кратка порака.
@serena I’m back to training on my 2 favorite devices.
„Се враќам на тренинг со моите две омилени парчиња опрема.“
Серена Вилијамс никогаш не криела дека се мачела со својата тежина, а работите станале уште полоши по второто раѓање. Пред две години, кога престана да дои, таа го започна процесот на слабеење и успеа да ослабе 14 килограми.
Забава
(Видео) Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје
„Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години.
Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ.
„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната.
„Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни“, вели Јованов.
Нашиот пејач веќе некое време е фокусиран на големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќе го одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни.

