Забава
Пипл: Гвинет Палтроу најдобро облечена жена во светот
Магазинот People ја прогласи актерката Гвинет Палтроу (39) за најдобро облечена жена на светот во 2012 година.
Оскаровката и жената на фронтменот на групата Coldplay, Крис Мартин, се најде на врвот на листата благодарение на својот едноставен и елегантен стил.
Листата на магазинот People е составена врз основа на гласањето на 42 милиони читатели на магазинот, неговиот уредник и модните блогери.
Додека Палтроу ја освои титулата за најдобро облечена жена, модната икона Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, именувана е за жена со најдобар класичен стил.
Стилистката на Палтроу, Елизабет Салкман за магазинот People изјави дека актерката не е роб на модата. „Таа има униформа. Тоа е нешто едноставно, ништо претерано“, изјави стилистката.
Актерката Ема Стоун (23) е избрана за жена која има најдобар стил на црвениот тепих, додека Рјана може да се пофали со изборот на некој кој имал најмногу ризици во своите модни избори.
Актерката Џесика Алба е избрана за жена со најдобар џинс, Џенифер Лоренс за најдобра по 25 години и Риз Витерспун е избрана за најдобра трудница.
Меѓу најдобро облечените мажи се Ендру Гарфилд, Бред Пит, Колин Фирт, Роберт Патисон, Крис и Лијам Хемсворт и пејачот Џеј Зи.
People, исто така. се осврна и на некои од модните промашувања и меѓу главните промашувања ги стави мрежестиот портокалов фустан на поп пејачката Ферги и црвениот фустан на Сара Џесика Паркер./крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од чипка
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се вери
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос
Забава
(Фото) Кралицата на латексот повторно се „стегна“ во фустан и го покажа своето совршено тело
Позната по своите атрактивни изданија, ријалити ѕвездата Кајли Џенер повторно го привлече вниманието на јавноста. Фотографите неодамна ја фотографираа на едно вечерно излегување, а за таа пригода таа одлучи да облече уште еден фустан од латекс.
Kylie Jenner parties in red latex dress after quashing Timothée Chalamet breakup rumours https://t.co/k2Ja3gFvYz
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) December 14, 2025
Ова е модел кој ги „прегрнува“ сите женски облини и ја нагласува нејзината витка фигура. Фустанот има и отворен грб, а овој детаљ дава доза на софистицираност на нејзиниот изглед.
KYLIE JENNER pic.twitter.com/t25j77E6f4
— acervo kylie jenner (@acervokyjenner) December 14, 2025
Својот стил го надополни со шминка во голи тонови од нејзината колекција за убавина „Kylie Cosmetics“, а своите долги црни прамени ги остави слободно да паѓаат по грбот.

