Забава
Будистичка статуа направена од метеор

Будистичка статуа, откриена во 1938 година во Тибет од експедиција, органбизирана од властите во нацистичка Германија, е направена од парче метеор, што паднал на границата меѓу Монголија и Сибир пред околу 15.000 години.
Тоа го изјавуваат научници од универзитетот во Штудгарт, во статија објавена во списанието „Метеорска и планетарна наука“, јави Риа Новости.
Статуата на еден од четирите будистички небесни кралеви, била најдена во времето на тибетска експедиција, под раковоство на германскиот зоолог и сс офицер Ернст Пефер. Детали околу откритието и натаму остануваат нејасни.
Статуата тежи 10,6 килограми и е стара околу 1000 години.
Научниците претпоставуваат дека вниманието на учесниците во експедицијата било привлечено од големата свастика на градите на божеството. Во Германија статуата попаднала во приватна колекција и го привлекла вниманието на научниците по продажбата во 2009 година. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Холивудскиот убавец не престанува да шокира: „Бред, дефинитивно, има криза на средните години“

Новиот изглед на Бред Пит стана жешка тема на социјалните мрежи, а се чини дека на фановите баш не им се допаѓа она што го носи познатиот актер.
Познатиот холивудски заводник Бред Пит целосно го промени својот стил на облекување откако почна да ужива во љубовта со 29 години помладата Инес де Рамон.
Тој е во среќна врска од 2022 година и одамна не ја крие оваа убавица, а неодамна вечераа заедно со неговиот голем пријател Бредли Купер и неговата 20 години помлада девојка, Џиџи Хадид.
И потоа Бред привлече внимание со својата облека, толку многу што многумина коментираа дека Инес изгледа како божица, додека тој како „кловн“ во такво одело.
„Криза на средните години“, рече некој, и можеби тоа е вистина.
За најновото појавување на Инес и Бред, обожавателите повторно беа во шок кога се појави актерот. Тој избра широки фармерки, плишана сина јакна и кошула со вертикални пруги, сето тоа надополнето со необични чевли со квадратен врв.
Од друга страна, убавата Инес носеше преубава туника во комбинација со ѕвонче панталони, се украсено со реси и популарна чанта од Фенди.
„Изгледа како да ги потрошил сите пари на неа, па затоа немал ниту за себе“, „Изгледа како божица“, „Бред дефинитивно има криза на средните години“, беа некои од коментарите.
Забава
Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите: треба да побарате еден симбол

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што може да доведат до рак.
Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремот за сончање со фактор за заштита од сонце, или СПФ, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“.
Носењето СПФ е важно за заштита на вашата кожа од штетните УВ-зраци. Изложеноста на УВ-зраци без соодветна заштита од сонце може да доведе до изгореници од сонце, осип од топлина, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација.
Во некои случаи, изложеноста на УВ-зраци го зголемува ризикот од развој на рак на кожата.
Кога купувате крем за сончање, секогаш треба да купите таков што го има симболот УВА или УВБ. Во кругот треба да има ѕвездички, а бројот на ѕвездички ќе ви го каже нивото на заштита.
Кремовите за сончање се оценуваат од една до пет ѕвездички врз основа на нивото на заштита што го нудат, при што пет, се разбира, се највисока заштита.
Што е СПФ?
СПФ е кратенка за степен на заштита од штетни зраци што предизвикуваат изгореници од сонце. Тој конкретно ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците од сонце на вашата кожа.
Што се УВА-зраци?
УВА-зраците се штетни и имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата што се наоѓа подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот и, иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – може да продрат низ облаци, па дури и низ стакло.
Познато е дека УВА-зраците продираат подлабоко во кожата од УВБ-зраците, што доведува до долготрајни оштетувања, како што се разни форми на рак на кожата. Тие исто така може значително да придонесат за процесот на стареење, со тоа што предизвикуваат брчки и сончеви дамки.
Што се УВБ-зраци?
УВБ-зраците главно се апсорбираат од епидермисот и горните слоеви на дермисот на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници од сонце и црвенило на кожата. Иако не продираат толку длабоко како УВА-зраците, тие се еднакво штетни. УВБ-зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.
Важно е да се напомене дека перципираното ниво на заштита што го обезбедува еден производ може да биде погрешно. На пример, крем за сончање со низок СПФ може да има повеќе ѕвездички што укажуваат на високо ниво на УВА-заштита.
Сепак, ова не е толку точно како кремовите за сончање што имаат наведени и УВА и УВБ-фактори за заштита.
Забава
Нова летна диета: ги држи килограмите подалеку од вас и го зајакнува имунитетот

Летото нè потсетува дека претстојат многу топли денови, дека ќе носиме полесна облека и затоа е потребно нашите тела да бидат во добра форма.
Со новата летна диета ќе го изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунолошкиот систем и, најважно од сè, ќе заборавите на заморот. Оваа диета може да трае од една до три недели.
Се препорачува да пиете голема чаша вода наутро по станувањето и чаша млеко навечер пред спиење.
Летно диетално мени
Понеделник:
Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 интегрален тост со сирење
Ручек: сезонска зеленчукова салата
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост, 1 јаболко
Вечера: 1 варено јајце, 100 г сирење, 1 чаша зелен чај
Вторник:
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост со лажичка мед
Ручек: салата од сезонски зеленчук, 2 варени компири
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г говедско месо, 200 г варен зеленчук
Среда:
Појадок: 1 чаша билен чај, тост
Ужина: 1 варено јајце
Ручек: 1 чаша крем супа од печурки
Ужина: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Вечера: салата од сезонски зеленчук, 1 чаша сок од портокал
Четврток:
Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: сезонска зеленчукова салата, 1 варено јајце
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г печена риба, 1 чаша сок од јаболка
Петок:
Појадок: 1 чаша билен чај, интегрален тост со сирење
Ужина: 2 варени компири
Ручек: сезонска зеленчукова салата
Ужина: 30 грама ореви
Вечера: 100 грама варен ориз, 200 грама печено пилешко
Сабота:
Појадок: 50 г сирење, 1 рендан морков
Ужина: 1 шолја зелен чај
Ручек: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 јаболко
Вечера: 200 г варен зеленчук
Недела:
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење
Ужина: 2 варени компири
Ручек: 300 г говедско месо, варено јајце
Ужина: 1 чаша сок од портокал
Вечера: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед.