Забава
Жерар Депардје станува Русин или Црногорец?
Актерот Жерар Депардје, кој неодамна се пресели во Белгија за да избегне плаќање данок во родната Франција, би можел наскоро да стане руски или црногорски државјанин.
Извор близок до глумецот изјави дека Депардје му рекол дека од својот руски пријател, претседателот Владимир Путин, веќе добил руски пасош. Истиот извор, кој тврди дека во вторник се сретнал со Депардје во еден ресторан во Париз, навел дека до сега три земји му понудиле на глумецот ново државјанство, Белгија, Русија и Црна Гора.
Тој рече дека Депардје меѓу две чашки шампањ викнал „Путин ми испрати пасош!“ и додаде дека Русија го чека со раширени раце.
Популарниот актер истакна дека нема да ги прекине сите врски со Франција.
Одлуката на глумецот да се отсели од Франција за да избегне плаќање данок предизвика бројни полемики во јавноста последните денови. Претставниците на левицата во Франција го обвинија глумецот за непатриотски гест, додека десницата тоа го искористи за критика на актуелната власт на социјалистите заради иселувањето на богатите луѓе.
„Никогаш никого не убив, ништо не погрешив, и платив данок на државата од 145 милиони евра во последните 45 години, вработив 80 луѓе. Не очекувам ни прекор, ни пофалби, но не дозволувам било кој да ме нарекува бедник“, наведе Депардје во отвореното писмо до францускиот премиер Жан-Марк Ерно.
Владата на францускиот претседател Франсоа Оланд разгневи многу богаташи во Франција со својот буџет за 2013 година, кој предвидува драматични даноци за богатите.
Откако на чело на државата го замени Никола Саркози во мај, Оланд најави низа остри мерки со цел борба против кризата во еврозоната, вклучувајќи и зголемување на даноците, а неодамна ја потврди својата намера на оние кои што годишно заработуваат повеќе од милион евра, да им наметне данок од 75 отсто.
Оланд, кој за време на изборната кампања порача дека не ги сака богатите, пред три дена најави ревизија на даночните договори со членките на ЕУ, меѓу кои и со Белгија, за да се избегне иселување на Французите во земјите во кои даночната политика им е наклонета. /крај/б92/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos
Забава
Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ со провокативни фотографии
Актерката Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ по пауза и објави серија фотографии во провокативно готик издание.
Таа позираше во црн краток топ што го открива стомакот и минијатурната танга, во комбинација со чорапи до бутовите со подвезици и високи платформи. Во описот напиша: „Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“.
View this post on Instagram
Нејзиниот поранешен свршеник, музичарот Машин Ган Кели, остави коментар под објавата: „Воодушевен сум што го имам твојот телефонски број“.
Ова е нејзина прва објава по паузата што ја направи по раѓањето на четвртото дете, ќерката Сејџ Блејд Фокс-Бејкер.
Според извори за списанието „Пипл“, Фокс и Машин Ган Кели, кои наводно раскинале во 2024 година, сега се фокусирани на заедничкото родителство и грижата за ќерката.
Забава
Хороскопски знаци што најмногу се нервираат за ситници
Некои луѓе се вознемируваат поради големи работи, а други поради мали секојдневни детали. Според хороскопот, одредени знаци имаат посилен „радар“ за ситници што лесно можат да ги извадат од такт.
Девица се нервира кога нешто е направено неуредно или непрецизно. Неред, недовршена работа или невнимание кон детали лесно може да ја изнервираат.
Овен губи трпение кога работите се одвиваат бавно. Долги редици, одолговлекување или неодлучност брзо му одат на нерви.
Близнаци најмногу ги нервира досадата. Долги разговори без поента или повторување на истото брзо им стануваат неподносливи.
Рак реагира на емоционална дистанца. Кратки или ладни пораки и игнорирање на чувства можат лесно да го изнервираат.
Лав се нервира кога чувствува дека неговиот труд или присуство не се ценат.
Шкорпија има силна интуиција и лесно се нервира кога чувствува дека некој нешто крие или не кажува сè.
Јарец не поднесува неодговорност, доцнење и недостиг од план.
Според хороскопот, и другите знаци имаат свои „слаби точки“: Бик се нервира кога му се нарушува рутината, Вага на непристојност, Стрелец на ограничувања, Водолија на неправда, а Риби на грубост и премногу бучава.

