Забава
Лотаријата 'Ел Гордо' им дели на Шпанците 3,3 млрд. долари
По уште една тешка кризна година Шпанците се надеваат на олеснувањата кога познатата божикна лотарија, најбогатата на светот, ќе исплати во сабота на вечер награда во вредност 3,3 милијарди американски долари.
Речиси 46 милиони жители во сабота навечер ќе бидат приковани за телевизиските монитори следејќи го шоуто во кое деца на училишна возраст ќе ги изговараат добитните броеви во извлекувањето на наградите од 529.840 долари и многу помали износи.
Главната добивка се нарекува „El Gordo“ (дебелиот), а неа ќе го освојат стотици, а можеби и илјадници среќни играчи.
За разлика од другите лотарија, оваа шпанска игра на среќа веќе 200 години дели повеќе награди наместо само еден џекпот, па илјадници играчи добиваат по некоја награда за уплатен тикет.
Божикната лотарија толку е популарна што секој Шпанец уплатува во просек по три тикети од 26 долари, а со неа воедно и неофицијално го означува почетокот на божикните и новогодишните празници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Еден хороскопски знак треба да игра лото: среќата му е на дофат!
Со влегувањето во сезоната на Јарец, од 21 декември, започнува поволен финансиски период за дел од хороскопските знаци. Распоредот на планетите отвора можности за заработка, добивки и паметни финансиски одлуки, особено до 27 декември.
Најмногу среќа со парите, според астролошките прогнози, ќе имаат Стрелец, Јарец, Близнаци и Девица, кај кои се можни зголемени приходи, бонуси или неочекувани приливи.
Дополнително, Бик е знак на кој ѕвездите му препорачуваат да се обиде со игри на среќа, бидејќи постои можност за изненадувачка добивка.
Забава
(Фото) Изгуби 14 килограми, а потоа ги покажа мускулите: „Сакам да бидам одговорен татко и да изгледам добро“
Познатиот пејач Ед Ширан направи драстични промени во својот живот, се откажа од некои лоши навики и успеа да ослабе 14 килограми. Како што вели, сака да биде добар пример за своите ќерки.
Ед позираше за насловната страница на списанието „Men’s Health“ и откри што го натерало да се подложи на нов режим и да ослабе. Пресвртот се случил кога неговата најстара ќерка, која сега има пет години, имала само две недели.
„Мојата најдобра пријателка беше кај мене и пиевме шише вино. Си легнав, а потоа таа се разбуди по 20 минути. Се разбудив и помислив дека веројатно не треба повеќе да пијам ако ќе се чувствувам толку лошо. Сакам да можам да ги извршувам ноќните обврски со децата, да бидам одговорен татко и да изгледам добро“, рече тој.
Па наместо пиво по настап, Ед почна да вежба пилатес и трчање, а наместо да оди во пабови и кафулиња – по концерт оди директно во својата хотелска соба.
Самиот Ед Ширан сподели фотографии од себе на Инстаграм и откри некои детали од неговата трансформација во описот.
„Нешто за кое мислев дека никогаш нема да можам да го направам, но еве нè. Пред десет години пиев пиво, јадев ќебапи и пушев. Родителството ме натера да ги прекинам сите тие навики и сериозно се посветив на вежбање и умереност. Не велам дека престанав да уживам, сè уште пијам. Обожавам црвено вино, обожавам добар оброк, но не е секој ден“, напиша Ед.
Забава
Која баба детето ја сака повеќе – бабата од мајчина или од таткова страна?
Децата добиваат многу позитивни работи од своите баби и дедовци. Сепак, науката открива дека бабите по мајчина линија треба да имаат поголема, поважна улога од бабите по татко.
Студија спроведена на Универзитетот во Мичиген покажува дека децата често се емоционално поблиски до своите баби по мајчина линија, поминуваат повеќе време со нив и добиваат повеќе внимание и ресурси отколку од бабата по таткото.
Вообичаениот редослед на популарност за детето е овој – баба по мајчина линија, дедо по мајчина линија, баба по татко, дедо по татко. Секако, се случуваат исклучоци. Некои веруваат дека оваа разлика се должи на односот помеѓу родителите и бабата, како и на тоа кој се грижи за детето. Други веруваат дека односот помеѓу жената и нејзината свекрва – бабата по татко на детето – секогаш ќе биде комплициран, што пак може да се меша во односот на бабите и дедовците со нивните внуци.
Близината е важна
Ако нема блискост помеѓу свекрвата и снаата, многу е веројатно дека детето ќе има помала блискост и со бабата со која неговата мајка не е блиска. Секако, студиите откриле многу други фактори кои исто така влијаат на блискоста и односите со бабите и дедовците. Географската близина е исто така важна, а факторите што можат да влијаат на ова вклучуваат статус на вработување, здравје, економска состојба и личност на бабите и дедовците.
Што друго влијае на односите?
Друга променлива што влијае на односите со бабите и дедовците е бројот на внуци што ги имаат бабите и дедовците. Бабите и дедовците кои имаат многу внуци можеби нема да можат да посветат доволно време на секој од нив и да посветат еднакво внимание на сите свои внуци. Наклонетоста кон бабите и дедовците по мајка започнува рано, бидејќи бабите по мајка имаат поголема веројатност да бидат повикани во породилната сала.
Исто така, бабите по мајка имаат поголема веројатност да помогнат откако ќе се роди детето, што ќе олесни рана врска со внучето. Бабите и дедовците кои се поврзуваат со своите внуци на многу рана возраст имаат поголема веројатност да бидат повикани подоцна да се грижат за детето и да бидат вклучени во сите други активности што го вклучуваат внучето. Затоа, блискоста и врската меѓу нив ќе бидат повредни и зајакнати.

