Забава
NORAD: Рекорден интерес за Дедо Мраз
Командниот штаб на северноамериканската воздушна и вселенска одбрана (NORAD) соопшти во вторникот дека оваа година примил рекорден број повици од љубопитни деца и возрасни кои се распрашувале кога Дедо Мраз ќе стигне до нивната куќа
Како што пренесува американската телевизиска мрежа Fox News, портпаролката на NORAD, Стејси Фентон изјави дека до полноќ кон вторникот одговориле на повеќе од 110 илјади повици, односно четири илјади повеќе во споредба со минатата рекордна 2011 година.
Следењето на Дедо Мраз на неговиот пат околу светот е повеќедецениската традиција во NORAD, инаку извонредно важна служба задолжена за воздушна та одбрана на САД и Канада, за навремено откривање на воздушни напади и лансирање нуклеарни проектили. Меѓутоа, како и секоја година почнувајќи од 1955 година, нејзините можни радарски системи и сателити се користат и во „цивилни“ цели, односно за следење на Дедо Мраз.
По заминувањето во понеделникот од Северниот пол, санките на Дедо Мраз, прво се забележани над островите во Тихиот Океан, а потоа се упати кон Азија, Блискиот исток, Европа, Африка и Северна и Јужна Америка. Му беа потребни 24 часа да го обиколи целиот свет и да го посети секое семејство, а својата работа ја заврши околу 10 часот по средноевропско време во вторникот.
Спротивно на големата тајност којашто е неопходна во функционирањето, NORAD дури и појасни како дознава каде се наоѓа во секој момент Дедо Мраз. Станува збор дека „црвениот и сјаен нос на собот Рудолф (кој ја предводи санката на Дедо Мраз) емитува инфрацрвен сигнал кој го фаќаат нашите сателити и така го лоцираат“.
Ангажирањето на NORAD околу патувањето на Дедо Мраз започна во 1955 година како во рекламата на стоковната куќа „Sears, Roebuck & Co“ децата беа повикани директно да го повикаат на одреден телефонски број. Меѓутоа, бројот во рекламата содржел и еден погрешно напишан број. Наместо приватниот телефонски број на Дедо Мраз, децата така го добиле бројот на Континенталната команда на воздушната одбрана, претходник на NОRАD.
Кога на Бадник вечерта ѕвонело првото дете, на должност бил полковникот Хари Шоуп. „Тенок глас на девојченце запраша ‘Дали е тоа Дедо Мраз?’, појаснува Нот. „Полковникот Шпоуп помислил дека некој се шегува со него, но веднаш поразговара со мајката на девојчето и сфатил што се случува“. Шоуп потoа на својот персонал му наложил на радарот да провери дали има некои сигнали од Дедо Мраз, и така е родена традицијата.
Во оваа обемна работа NORAD се потпира на соработката на партнери и волонтери, кои оваа година ги имаше повеќе до 1.200, а центарот на целата операција е во воздухопловната база Петерсон во Колорадо./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Објави „селфиња што никој не ги споделува на социјалните мрежи“ и предизвика лавина од коментари
Канадската инфлуенсерка Спенсер Барбоса се смета за една од највлијателните личности на социјалните медиуми. Таа често прикажува реалистична слика за животот на социјалните медиуми, што вклучува објавување фотографии и видеа без филтри и дополнително разубавување.
Таа исто така се залага за идејата за прикажување реалистична слика за женското тело, прифаќање на сопствениот изглед и често зборува за самодовербата.
Сега објави серија фотографии под наслов „Селфиња што никој не ги споделува на социјалните медиуми (освен мене)“ и со тоа го привлече вниманието на обичниот свет.
Станува збор за компилација од фотографии на кои се гледа нејзиното лице без трага од шминка и во опуштен изглед. Без позирање, со разбушавена коса и маска за убавина на лицето, Спенсер уште еднаш покажа колку може да биде лажен животот на социјалните медиуми.
Нејзините реалистични фотографии предизвикаа лавина од коментари, а многумина беа воодушевени од нејзиниот потфат.
„Те сакаме Спенсер“, „Ова е толку точно“, „И затоа сите те сакаме“, се само дел од коментарите…
Забава
„Никогаш не сум била наметлива девојка“: Кејт Хадсон го откри своето правило во љубовните врски
Актерката Кејт Хадсон во последно време воодушевува со своите модни изданија, како неодамна на доделувањето на наградите БАФТА, но тоа не ја спречи да открие посебно правило во една од нејзините изјави кое го почитува во секоја врска, со што го одвлече вниманието од својот совршен изглед.
Кејт беше гостинка во „Шоуто на Хауард Стерн“ и многу весело одговори на сите прашања, едно од нив беше дали некогаш ѝ било скршено срцето.
„Секако дека да, но моето правило отсекогаш било дека ако маж ви каже дека не сака врска или дека не е заинтересиран, за мене е готово. Никогаш не сум била наметлива девојка, само велам дека сè е во ред“, рече актерката.
За подобро да објасни што навистина мисли, таа зборуваше и за својата ситуација по едно раскинување.
„Тој дечко ме праша дали сакам да зборуваме за тоа, но за што да зборуваме кога раскинавме. Готово е, раскинавме, а ти би сакал да зборуваш за тоа сега. Не, меѓу нас е готово“, појасни таа.
Забава
(Фото) Педро Паскал повеќе не го крие своето момче
Миленикот на жените, актерот Педро Паскал, се чини дека има дечко и ова би бил прв пат да се знае нешто повеќе од обична шпекулација за неговиот љубовен живот.
Иако со години е посакуван, Педро неодамна ги разочара жените кога беше виден во прегратката на Рафаел Олара, бизнисмен кој поседува синџир хотели во Флорида и Аргентина. Ниту еден од нив не коментираше за природата на нивната врска, но се чини дека работите стануваат појасни.
Паскал првпат беше виден како се држи за раце со Олара, и како што сега ексклузивно објавува TMZ, тие повторно беа видени во повеќе од интимна прегратка. Тие одеа така цело време, а во еден момент Олара дури и го држеше задниот џеб од панталоните на Педро.
EXCLUSIVE: 👀 Pedro Pascal was seen getting handsy with pal Rafael Olarra in Los Angeles.
Photos: https://t.co/DYd0ovbnog pic.twitter.com/fGvTu4iHhx
— TMZ (@TMZ) February 24, 2026
Иако сè уште нема официјална потврда од актерите во приказната, се чини дека не е потребен поголем доказ од овие папарацо фотографии.
Педро Паскал речиси сигурно е во некаква врска со Олара, која воопшто не е пријателска. Патем, Рафаел Олара е поврзуван и со актерот Лук Еванс, а што се однесува до Паскал, ова се првите информации за неговиот љубовен живот.

