Контакт

Забава

Непал во официјалните документи воведе „трет род“

Објавено пред

Трансполовите државјани на Непал нема веќе да мораат да се колебаат дали во рубриката за пол ќе впишат машки или женски пол, бидејќи властите воведоа категорија и за трансполовите лица, објави тамошниот министер за внатрешни работи Сунил Бабу Пант.

dobivaj vesti na viber

Сите лица кои тоа го сакаат, може да се регистрираат како „трет род“ при исполнувањето на барањето за издавање на потврда за државјанство.

Пред пет години Врховниот суд нареди владата на Непал да донесе закон со кој ќе им ги гарантира граѓанските права на трансполовите, хомосексуалните и бисексуалните лица.

Претседателот на здружението Blue Diamond Society, која ги застапува правата на хомосексуалците во Непал, ја поздрави оваа, како што ја нарече, победа, велејќи дека ја добиле „половината од битката“. „Сега треба да се бара воведување на позитивната дискриминација за сексуалните малцинства“, додаваат од здружението.

Непал во октомври минатата година беше домаќин на првиот спортски турнир за хомосексуалци, како прва држава во Азија што организира такво натпреварување. На натрпеварувањето учествува повеќе стотици учесници./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Уметничко дело или целосно промашување? Нејзиното издание шокираше многумина

Објавено пред

Овогодинешните Златни глобуси 2026 беа обележани со многу гламурозни, но и скандалозни креации. Познатите убавици имаа можност да ги покажат своите најдобри изданија, но имаше и такви кои ја разбраа дефиницијата за „најдобро“ на малку поинаков начин.

dobivaj vesti na viber

Една таква дама се појави во црна креација и е потценување да се каже дека го плени вниманието на јавноста. Станува збор за пејачката и актерка Тејана Тејлор, која блесна во црна тоалета со длабок шлиц.

Кратко потоа, таа се појави на премиерата на филмот „The Rip“ во Њујорк, каде што повторно изненади со својот моден избор – или поточно, шокираше со својата облека.

Како што можете да видите, таа избра структуриран фустан кој го носи потписот на Ashi Studio. Креацијата е дел од колекцијата пролет/лето 2025 и е изработена од транспарентен материјал.

Тесната облека беше како скулптура со претерани колкови во облик на срце, што му даде на целиот фустан на актерката уметнички шмек.

Високата јака беше исто така впечатлива, покривајќи половина од нејзиното лице и откривајќи ги нејзините впечатливи темни очи. Драматичната шминка, исто така, придонесе за овој впечаток.

Кога стануваше збор за додатоци, тие беа минималистички, така што фокусот беше на фустанот. Тејана Тејлор уште еднаш покажа како автентичната модна изјава секогаш ја наоѓа својата публика…

Прикажи повеќе...

Забава

Една навика за време на туширањето го забрзува стареењето на кожата

Објавено пред

Ако се туширате со топла вода, несвесно ја стареете вашата кожа, велат експертите.

dobivaj vesti na viber

Миењето со топла вода може да биде опуштачко, но го суши лицето и предизвикува брчки.

Дерматологот Анет Филипс вели дека ова е една од најчестите грешки во негата на кожата што ги забележува кај своите пациенти.

„Топлата вода ја разградува заштитната бариера на кожата. Оваа бариера ѝ помага на кожата да ја задржи влагата. Кога е оштетена, кожата може да изгледа безживотна, затегната и да ги направи брчките поизразени, особено околу очите и устата“, вели таа.

Не е само температурата на водата што го предизвикува овој проблем. Многу луѓе го мијат лицето со гел за туширање или дозволуваат шампонот и регенераторот да течат директно по образите.

„Овие производи се наменети за косата и телото, а не за кожата на лицето. Со текот на времето, ова може да доведе до сувост, чувствителност и груба текстура. Луѓето често ми велат дека нивната кожа одеднаш изгледа постара, кога всушност е само премногу исчистена“, вели таа.

Таа препорачува туширање со топла, а не врела вода и да се осигурате дека споменатите производи не го допираат вашето лице.

Секогаш мијте го лицето со средство за чистење, користејќи млака вода и благ средство за чистење.

Исто така е важно да го хидрирате лицето веднаш по чистењето. Нанесувањето хидратантна крема додека кожата е сè уште малку влажна помага да се задржи влагата и ја одржува вашата кожа мазна и полна.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Најпознатата манекенка во светот тврди: „Не сум направила пластична операција на моето тело“

Објавено пред

Кендал Џенер, најпознатата манекенка во светот и членка на контроверзното семејство Кардашијан-Џенер, одлучи да стави крај на сите јавни шпекулации и конечно да одговори на прашањето – дали имала пластична операција на своето тело?

dobivaj vesti na viber

Таа во подкастот „In Your Dreams“ нагласи дека немала пластична операција, туку дека „двапати имала бејби ботокс“.

„Никогаш не сум имала пластична операција, но сум го кажала тоа. Единственото нешто што сум имала, и тоа само двапати, е бејби ботокс во пределот на челото. Не ми се допаѓа што го направив… Покрај тоа, сум имала и PRP“, заклучи таа.

PRP (Platelet-Rich Plasma) е третман за лице кој ја користи крвта на човекот кој го прима третманот за да ја стимулира регенерацијата на кожата на тоа лице.

Kendall Jenner arrives at the 11th Annual LACMA Art + Film Gala 2022 presented by Gucci held at the Los Angeles County Museum of Art on November 5, 2022 in Los Angeles, California, United States. (Photo by Xavier Collin/Image Press Agency)

Таа се осврна и на операцијата на носот, или ринопластика. Таа вели дека не отишла под нож за да го корегира носот.

„Тврдењата дека сум го оперирала носот, би поверувала дека не сум била јас. Гледам стари фотографии и навистина изгледа како да сум го оперирала носот, но се колнам во Бога и во сè што сакам, никогаш не сум го оперирала носот.

HOLLYWOOD, CA – AUGUST 17, 2011: Kendall Jenner at the Kardashian Kollection Launch Party held at the Colony in Hollywood, USA on August 17, 2011.

Мојот нос беше поширок и изгледаше многу поголем кога бев помлада, но тоа беше поради моите акни. Дури и користев „Accutane“ (агресивен лек против акни) што ми го намали носот, постои теорија на TikTok дека го намалува носот и се колнам, вистина е“, заклучи таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет11 минути

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет45 минути

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија11 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет12 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија13 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија17 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ18 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија19 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија20 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија20 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија22 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет24 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет1 ден

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија1 ден

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет1 ден

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија2 дена

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа2 дена

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...