Забава
Заклучен сеф продаден на аукција во Словенија
Заклучен сеф во сопственост на Јуре Јанковиќ, помладиот син на љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ, е продаден во понеделник на аукција во Љубљана за 970 евра, јави приватната телевизиска станица ПОП-ТВ.
Големиот сеф го купил претприемач кому помладиот син на Јанковиќ му останал должен поголем износ на пари, на аукцијата на предмети запленети пред два месеца. Станува збор за судско извршување на инвентарот најден во куќата што на својот син и неговото семејство му ја купил љубљанскиот градоначалник и несуден словенечки премиер Зоран Јанковиќ.
Почетната цена за сефот била само 150 евра, а не е познато што има во него, бидејќи бил заклучен, а поранешниот сопственик одбива на новиот да му ја каже шифрата за негово отварање.
Младиот Јанковиќ е познат по расипнички стил на живот, со кој ги полни насловните страници на таблоидите, а на претприемачот Марјан Пишљар кој го купил сефот, наводно му должи три милиони евра.
Зоран Јанковиќ долги години беше директор на трговскиот синџир Меркатор, но има и приватна компанија, која по влезот во политиката, ја отстапи да ја управува неговиот постар син Дамјан.
Јанковиќ и натаму се смета за еден од најбогатите Словенци, но политичката кариера му е во пад по извештајот на Антикорупциската комисија објавен пред еден месец. Според наодот на комисијата, градоначалникот на Љубљана системски го кршел законот за пријава на имотот на функционерите, се сомнева дека има конфликт на интереси, односно градот работел со компаниите кои се поврзани со компаниите основани од Јанковиќ. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

