Забава
Се продава познатиот автомобил на Бонд, „Астон Мартин"
Швајцарскиот бизнисмен, Томас Страуман, го продава во Британија, познатиот автомобил на Џемс Бонд, „Астон мартин”, за три милиони фунти.
Британскиот спортски автомобил, со скриени митралези и таканаречениот „smoke screen”, е опишан како „најпознатиот автомобил во светот”, од дилерот на Surrey, Ричард Стјуарт Вилијамс.
Страуман, кој има акции во фирмата за стоматолошки импланти, основана од неговиот дедо и татко, го купил автомобилот Aston Martin DB5 во 2006 година.
Потрошил три години на реставрирање на автомобилот кој го возеше Шон Конери, во британската шпиунска акција за Џемс Бонд, „Goldfinger” и „Thunderball”.
Откако го купил за 2,7 милиони швајцарски франци на аукција во САД, Страуман потрошил 3.000 часови за да го доведе автомобилот до совршена состојба.
Страуман распродава дел од своето сопствеништво во последните неколку месеци откако вредноста на акциите од најголемата фирма за забни импланти во светот, падна.
Така, тој продаде 10 отсто од неговите акции, во ноември на Инвестициската корпорација на владата на Сингапур.
Продаде и хотел со пет ѕвезди, а уште еден стави под хипотека, но ги продаде и мнозинството акции од фирмата за часовници H. Moser & Cie.
Според „Bloomberg” бизнисменот кој пред две години вредеше 1,18 милијарди долари, сега вреди само 780 милиони.
Во 2009 година, во сите хотели кои ги поседува Страуман, се појави брошура со информации за сите репарации направени на автомобилот на Бонд и им беше делена на гостите.
Автомобилот „Aston Martin” може да се пофали со митралези скриени зад предните фарови, параван и стакло отпорно на куршуми, што самото искокнува по потреба.
Но, сепак недостасува еден од гаџетите по кој беше познат овој автомобил. Во репарацијата `страдаше` катапултирањето на возачкото седиште./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Исти се“: Рис Витерспун објави фотографија со 26-годишната ќерка
Актерката Рис Витерспун (49) сподели неколку семејни фотографии на својот Инстаграм во празничен дух, но една особено го привлече вниманието на јавноста. Фотографијата на која таа позира со нејзината ќерка Ава Филипе (26) предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, а обожавателите не престануваат да дискутираат за неверојатната сличност помеѓу мајката и ќерката.
Сите зборуваат за нивната сличност
На првата фотографија, насмеаните Рис и Ава позираат заедно, а на прв поглед лесно се мешаат. Неверојатната сличност помеѓу мајката и ќерката е добро позната тема со години, но овој пат корисниците на социјалните мрежи забележаа нешто ново – Ава не е само копија на нејзината мајка, туку и на нејзиниот татко, актерот Рајан Филипе.
View this post on Instagram
„Истовремено изгледа како Рајан и Рис“
Дебатата брзо се прошири на интернет, при што многумина тврдеа дека Ава всушност повеќе личи на својот татко отколку на својата мајка.
„Не велам дека Ава воопшто не личи на Рис, но ја споредувам со младиот Рајан“, гласи еден од коментарите.
Други се фокусираа на деталите: „Не можам да верувам дека ги има очите на нејзиниот татко? Апсолутно неверојатно!“, додека еден едноставно се пошегува: „Изгледа како Рис Витерспун и Рајан Филипе да имале бебе“.

Рис и Рајан беа во брак речиси 8 години
Рис и Рајан (51) се венчаа во 1999 година и имаат две деца – ќерката Ава и синот Дикон. Двојката се разведе во 2007 година, но останаа во добри односи заради своите деца. Рис моментално наводно е во врска со германскиот финансиер Оливер Харман, додека за Рајан се шпекулира дека е во врска со 24-годишната студентка Паулина Слагтер.
фото/депозитфотос
Забава
Придобивки за здравјето од пиење вода со лимон
Препорачливо е да се пие веднаш по будењето или во помали количини во текот на денот
Водата со лимон стана популарна утринска навика поради нејзините бројни здравствени придобивки. Чаша сок од половина лимон има само 10,6 калории и обезбедува околу 21% од дневните потреби за витамин Ц, со помали количини на фолна киселина, калиум и витамини од групата Б.
Овој пијалок помага во одржувањето на хидратацијата, што е важно за правилното функционирање на телото, и го олеснува внесувањето течности, особено за луѓето кои имаат тешкотии со пиењето обична вода. Лимонот е богат со витамин Ц, моќен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот, го стимулира производството на колаген, помага во апсорпцијата на железо и метаболизмот на протеините.
Водата со лимон може да помогне и во контролата на телесната тежина бидејќи го зголемува чувството на ситост, го забрзува метаболизмот и е здрава замена за засладени пијалоци. Исто така, може да го намали ризикот од камења во бубрезите бидејќи лимонската киселина го зголемува волуменот на урината и ја менува нејзината pH вредност. Консумирањето пред оброк може да го олесни варењето, иако луѓето со чувствителен стомак треба да бидат внимателни.
Подготовката е едноставна – исцедете половина лимон во чаша топла или ладна вода, а по желба додадете нане, мед, ѓумбир, краставица, цимет или куркума. Препорачливо е да се пие веднаш по будењето или во текот на денот во помали количини. На долг рок, поради киселоста, водата со лимон може да ја оштети забната глеѓ, па затоа се препорачува да користите сламка и да ја исплакнете устата со обична вода.
Во умерени количини, водата со лимон е едноставен и здрав додаток на вашата дневна рутина.
Забава
Џенифер Кулиџ: Спиев со речиси 200 мажи поради улогата на мајката на Стифлер во „Американска пита“
Актерката Џенифер Кулиџ, најпозната по улогата на мајката на Стифлер во култната комедија „Американска пита“, откри дека таа улога ѝ донела неочекувани придобивки во приватниот живот. Таа тврди дека, благодарение на статусот на МИЛФ-икона, спиела со речиси 200 мажи, со кои, како што вели, инаку немало да има можност да спие, пишува „ЛАД бајбл“.
„Американска пита“, тинејџерска комедија што го обележа крајот на деведесеттите години, на светот му го претстави ликот на Стифлер, незаборавната сцена со питата од јаболка и, секако, мајката на Стифлер. Улогата на Џанин Стифлер, привлечна постара жена, која заведува пријател на својот син, ја лансира тогаш 38-годишната Кулиџ меѓу холивудските ѕвезди и ја претвори во мејнстрим секс-симбол.
Актерката во интервју за „Варајети“ во 2022 година отворено зборуваше за тоа како ја искористила славата што ѝ ја донела оваа улога.
„Улогата на МИЛФ ми донесе огромна популарност. Благодарение на ‘Американска пита’ имав многу сексуална активност“, изјави Кулиџ.
„Имаше толку многу придобивки од снимањето на тој филм. Мислам, спиев со приближно 200 луѓе, со кои инаку немаше да имам можност да спијам“.
Кулиџ го толкуваше овој легендарен лик дури четирипати во популарната франшиза – во филмовите „Американска пита“, „Американска пита 2“, „Американска пита: Венчавка“ и „Американска пита: Обединување“.
Сепак, во истото интервју Кулиџ призна дека славата имала и своја цена. По улогите на мајката на Стифлер и на Полет во филмовите „Русокоса од Харвард“, таа се чувствувала заробена во ист тип улоги верувајќи дека никој во Холивуд не ја доживува како сериозна актерка.
„Ако не добивам одлични улоги, доаѓам до заклучок дека луѓето мислат оти сум неспособна за такви улоги. А потоа донесувам одлука дека навистина сум неспособна. Мора да имате режисер како Мајк Вајт, кој ќе ви каже: ‘Мислам дека ти тоа го можеш’“, објасни таа.
Токму улогата на Тања Меквојд во популарната серија на Ејч-би-о, „Белиот лотос“, зад која стои режисерот Мајк Вајт, ѝ донесе препород на кариерата. Таа улога ѝ го подигна статусот во индустријата и ѝ ја обезбеди првата номинација за престижната награда „Еми“ потврдувајќи го нејзиниот актерски опсег и отворајќи ѝ врата за нови проекти.

