Забава
Кулинарско шоу со јадење во кои е користен тутун во Хавана
На гостите на петнаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на пурата, кој се одржува во кубанската престолнина Хавана, им беше понудена риба печена во листови тутун, како и сол, леб, сосови, пијалаци, па дури и сладолед, во кои една од состојките е тутунот.
Кулинарското шоу со дегустација на вкусни јадења приготвени со употреба на тутун, се одржа во четвртокот во Конгресната палата во Хавана. Гостите на XV Меѓународен фестивал на пурата, можеа да пробаат риби печени во листови од тутун, како и други прехранбени продукти, како сол, леб, сосови, пијалаци и сладолед, во кои една од состојките е тутунот. Хрватските готвачи Гргур Баксич, Зоран Симуниќ и Пантелија Пекиќ на сцената во конференциската сала ги демонстрираа сите тајни на „високата кујна со чад и никотин” од најдобрите и најскапи пури во светот – Habanos.
„Не знам зошто, но тутунот порано не се користел во готвењето. Шоуто што се одржа во Хавана, е првото такво. Месен бифтек или рибно филе маринирани со медот од листот во кој се завиткува пурата, во процесот на подготовка, стануваат неповторлив и прекрасен вкус”, изјави за РИА Новости хрватскиот готвач Гргур Баксиќ.
Според него, таквите егзотични јадења наскоро ќе влезат во постојаните менија на рестораните на Куба, чијашто своевидна „легитимација” е пурата. Хрватскиот готвач додава дека тој е „фанатик” на Habanos пурите и последните две години заедно со колегите работеле на десетици рецепти во кои како компонента на оброкот се употребува тутунот.
„Ми се допадна путерот од пура и салатата од ананас натопена во тутунов лист. Имав чувство како да сум пушел Habano”, вели за своите впечатоци на сопственикот на московскиот клуб Куќа на кубанските пури, Владимир Сушков. Според него, неговите колеги ресторатери во Русија се заинтересирани за ваквото тутунско кулинарство.
Широкиот избор на јадења од тутун ќе биде презентиран на завршната фестивалска гала вечера што ќе се одржи во сабота, на којашто ќе појават поранешниот прв светски рекет Борис Бекер, поранешниот НБА кошаркар и олимписки шампион во 1996 и 2000 година, Гери Пејтон, италијанскиот оперски пејач Дарио Балзанели (ученик на славниот Лучијано Павароти) и други познати личности.
Меѓународниот фестивал на кубанските пури, годинава е посветен на двете најпрестижни Montecristo и Partagаs, се одржува во кубанската престолнина Хавана од 26-ти февруари до 2-ри март. Привлече илјадници претставници на тутунската индустрија и експерти од 70 земји од светот кои ги посетија плантажите на најдобрите сорти тутун во светот во провинцијата Пинар-дел-Рио, учествуваа на конференцијата под мотото „Повеќе од 500 чекори од семе до чад”, експертски предавања на техники за изработување и виткање пури. Пурите Habanos, кои се продаваат во повеќе од 150 земји, станаа симбол на респектабилен животен стил и на висока статусна позиција во општеството. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

