Забава
Родман: Мојот пријател Ким Јонг-Ун не сака војна
Поранешната американска кошаркарска ѕвезда Денис Родман во неделата на американска телевизија се бранеше од нападите поради неговото неодамнешно патување во Северна Кореја, велејќи дека нејзиниот лидер Ким Јонг-Ун кого го нарекува „пријател”, не сака војна, туку обичен телефонски повик од американскиот претседател Барак Обама.
Одговарајќи на прашањата на американската телевизиска мрежа ABC за состојбата со човековите права во Северна Кореја, Денис Родман изјавил дека тој „не е дипломат”. „Не го бранам, не го оправдувам тоа што го прави”, изјави Родман.
Но повтори дека Ким Јонг-Ун му е „пријател”. Рекол дека синот на поранешниот комунистички диктатор Ким Јонг-Ил кој почина кон крајот на 2011 година му кажал „Не сакам војна”. „Тој само сака Обама да стори само едно, да го повика”, му рекол во доверба.
Поранешната ѕвезда на американската професионална кошаркарска лига НБА, во четвртокот заигра кошарка со севернокорејскиот челник кого го нарече „супер момче” и „доживотен пријател” што предизвика остри критики и отворено неразбирање по воинствените изјави кои доаѓаа од Пјонгјанг и неговата трета нуклеарна проба во февруари.
„Режимот очигледно троши пари на храна и вино за странските гостите, а би требало да го нахрани сопствениот народ”, реагираше портпаролот на Стејт департментот, Патрик Вентрел.
Поранешниот играч на Чикаго Булс изјави дека Ким Јонг-Ун е „многу скромен” но дека ја сака „власта” и „контролата”.
Покрај тоа Родман уживаше бранејќи го дипломатскиот потенцијал на кошарката: „Ја обожува кошарката. Му реков и дека Обама е вљубен во кошарката. Да тргнеме од тоа”.
Младиот Ким Јонг-Ун, школуван во Швајцарија, навива наводно за Чикаго Булс. Иако точно не се знае колку години има, Родман тврди дека има 28 години.
Северна Кореја и САД, коишто се сојузник на нејзиниот сосед од југот, немаат воспоставено дипломатски односи.
„Направив историска работа. Ќе се вратам таму”, рече Родман.
Поранешниот НБА кошаркар, Денис Родман минатата седмица престојуваше во Северна Кореја, каде за потребите на медиумската компанија „VICE” снимаше спот.
Покрај Родман, во Северна Кореја, пристигнале и тројца членови на Харлем Глобтротерс. Како што е соопштено екцентричниот Родман, кој со имиџот на ‘лошо момче” се прослави во НБА лигата, ќе одигра и натпревар со локалните играчи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

