Забава
Во Рим уапсен лажниот папа
Словачки уличен уметник преправен во папа Јован Павле Втори е уапсен во Рим бидејќи премногу личел на покојниот папа и ќе мора да плати глоба, објави римската полиција во петокот.
„Проблемот е што премногу наликува на Карол Војтила. Уапсен е поради незаконско присвојување на титула, тоа е прекршок. Запленета е и облеката којашто ја носел”, изјави портпаролка на полицијата на Рим, пренесува AFP.
Педесет ипетгодишниот перформер е ослободен и ќе плати глоба меѓу 154 и 929 евра, според одлуката на судијата.
Еден неименуван полициски службеник рекол дека на Словакот ништо не би му се случило доколку бил маскиран во Тутанкамон.
Овој уличен уметник со седмици работел на главната римска авенија којашто води до Колосеумот заедно со стотина други перформери и имитатори, а полицијата тврди дека реагирала на анонимна дојава./краа/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Никол Кидман блесна во божествена креација на Мет Гала: 800 часа работа се потрошени само за рачно везење
Мет Гала 2024 се одржа во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, а овогодинешната тема беше „Заспаните убавици: повторното будење на модата“.
Гостите мораа да се придржуваат до кодексот на облекување наречен „Градината на времето“, чија тема е именувана по приказната за еден гроф кој, за да ја одбрани лутата толпа што се приближува до неговиот замок, сече роза од неговата градина за да го забави времето додека не остане ниту еден цвет.
Дамите беа доста креативни во изборот на стајлинг, а една од најзабележителните беше актерката Никол Кидман која блесна во црно-бела креација. Овој фустан е омаж на креација од пролетната колекција на Баленсијага од 1951 година.
View this post on Instagram
Во тоа време славната Доријан Ли носеше необичен црно-бел фустан, а фотографијата што тогаш ја направи Ричард Аведон стана легендарна. Кидман изјави дека и самата сакала да соработува со овој фотограф, но „не успеале да се вклопат“.
Според Vogue, фустанот што го носела Никол Кидман барал 800 часа за рачен вез и внимателно шиење на 3.000 пердуви на 150 метри свила. Дополнително, во ателјето биле потрошени уште 400 часа за да се спојат двете одделни парчиња во едноделен фустан.
View this post on Instagram
„Фустанот претставува природен момент од целосниот круг на времето – тоа е прослава на делото на Ричард што ќе живее, но и почит на уметничката визија на Баленсијага која продолжува беспрекорно да ја комбинира илузијата на минатото, сегашноста и иднината“, изјави актерката.
Забава
(Видео) Ирска со сатанистички обред на Евровизија: „Јас сум посебна оти сум квир и вештерка“
Ирската претставничка го привлече вниманието и згрози дел од јавноста со сатанистички настап на годинешното издание на Евровизија.
Ирската претставничка Bambie Thug се пласира во финалето, а на прес-конференцијата разговараше со новинарите и беше прашана што ја прави посебна.
„Тоа што сум квир и вештерка ме прави посебна“, изјавила Бамби.
Забава
(Видео) Финецот излезе од јајце со гол задник на Евровизија
Финецот Windows95Man на сцената на Евровизија излезе од јајце и настапи со гол задник.
На себе носеше само танга во боја на кожа.
Во продолжение неговиот настап.