Забава
Пуштен во продажба мобилен телефон за четиригодишни деца
Нов мобилен телефон со ограничени функции наменет за мали деца се појави на британскиот пазар, јави ББЦ.
„1stFone”, производ на компанијата CyCell Ltd, е со големина на банкарска картичка и нема екран, пристап на интернет или функција на испраќање на пораки.
Единствени функции се примање и испраќање повици, а 12 важни броеви можат да се меморираат.
Телефонот е наменет за деца од четири до девет години на кои не им треба технолошкото чудо како смартфон, но можеби ќе им затреба уред преку кој ќе можат да им се јават на родителите во итен случај.
Телефонот засега може да се нарача преку интернет, а цената му е 55 фунти. (4.000 денари).
„Сакавме да дизајнираме производ што е привлечен за децата, кој нема премногу функции, а на родителите им остава целосен надзор и обезбедува витална врска со детето”, соопштија од компанијата што го произведува телефонот. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Генијален трик: Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец
На сите кои сакаат да пакуваат подароци, овој трик со даска за пеглање и метла може многу да им користи.
Празниците се период кога се купуваат и подаруваат најмногу подароци, а ако сте меѓу оние што обрнуваат посебно внимание на деталите, тогаш пакувањето сигурно ви е важен дел од процесот.
View this post on Instagram
Сепак, ако имате повеќе подароци за пакување, тоа може да стане непрактично, иако е забавно. Токму затоа во помош доаѓа — даската за пеглање.
Како изгледа овој трик во пракса, можете да видите во видеото.
Забава
Колку често треба да водите љубов за да бидете здрави
Сексот не е само пријатен, туку може да има и значајни здравствени придобивки, а ефектите зависат од тоа колку често се практикува. Професорката по сексуално и репродуктивно здравје, Кајл Велингс истакнува дека редовната сексуална активност може да го подобри имунитетот, менталното здравје и здравјето на срцето.
Истражувањата покажуваат дека секс еднаш до двапати неделно ја зголемува заштитата од инфекции.
Според студиите, исто така, секс еднаш во неделата позитивно влијае на линијата; 2 пати неделно – зајакнување на имунитетот; 3 пати неделно – двојно помал ризик од срцев удар; 4 пати неделно – подобар тен; 5 пати неделно – повеќе енергија, оптимизам и креативност.
Забава
Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам
Познатата актерка Џејми Ли Кертис откри дека направила пластична операција на 25 години и дека тоа денес го смета за една од најголемите грешки во животот. Одлуката ја донела по навредлив коментар на снимање во 1985 година, по што направила корекција на подочниците, но, како што вели, зажалила веднаш.
Таа истакна дека искуството ја поттикнало да стане силен поддржувач на природниот изглед и самоприфаќањето, предупредувајќи дека естетската индустрија и филтрите на социјалните мрежи создаваат нереални стандарди за убавина.
Кертис неодамна изјави дека масовната употреба на филери и операции претставува „геноцид над генерација жени“, додавајќи дека ваквите трендови го бришат природниот човечки изглед. Таа јавно ги советува и своите ќерки да не прават интервенции на лицето, нагласувајќи дека „кога еднаш ќе се вмешаш во лицето, нема враќање назад“.
Фото: depositphotos

