Забава
Бебињата во Финска спијат во картонски кутии
Финската влада веќе 75 години на новите мајки им подарува картонски кутии кои можат да послужат како кревет за бебињата, но и за складирање облека, играчки и друго.
Оваа традиција датира од 1930-тите години, а кутијата е дизајнирана за на сите деца, без разлика во какво семејство и со кои можности се родиле, да им се пружи ист почеток во животот.
Мајчинскиот пакет кој го подарува владата се дава на сите мајки и содржи бенкичиња, вреќа за спиење, производи за капење на бебето, постелнина и мало душече.
Кога ќе го поставите душекот на дното од кутијата се ствара совршен кревет за бебето.
Многу деца од различни социјални средини ги сонувале своите први сништа токму во овие кутии кои се сигурни за децата затоа што имаат четири картонски ѕидови.
Мајките може да избираат меѓу кутијата или да добијат 140 евра, но 95 отсто од мајките се одлучуваат за кутијата која вреди многу повеќе/
Првата кутија е доделена во 1938 година и била наменета за мајките со лоша социјална состојба, но тоа се менува во 1949 година.
„Не само што сите мајки ја добиваа ова кутија и пари, туку мораа и да одат на преглед кај државен лекар пред четвртиот месец од бременоста“, вели Хајди Лисивеси, која работи во Институцијата на социјално осигурување на Финска.
Во далечните триесетти години Финска била сиромашна земја и смртноста на доенчињата била висока, па дури 65 на 1.000 бебиња умирале.
Но, во наредните години ситуацијата многу се поправила, а владината кутија многу помогнала во тоа.
Содржината на кутијата се менувала со текот на годините. На почетокот содржела ткаенини, затоа што мајките во тоа време шиеле облека за своите деца. За време на Втората светска војна, поради недостиг на памук, во кутијата се ставани хартиени постелнини и пелени за повивање бебиња.
Во педесетите години ставана е конфекциска облека, а во 60-тите и 70-тите нова облека која почнале да ја прават фабриките. Потоа се појавува вреќата за спиење. Еднократни пелени за употреба се ставани дури од 1969 година./крај/к/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

