Контакт

Забава

Мет Дејмон: Бред Пит е љубоморен на мене

Објавено пред

Холивудскиот актер Мет Дејмон вели дека Бред Пит е љубоморен на неговиот нормален живот со оглед на тоа што ѕвездата од серијалот за Борн се оженил за „граѓанка“, а не за актерка, па затоа не е толку интересен за папараците.

„Се сеќавам кога му реков дека со моите деца шетам до училиште, тој ја спушти главата. Беше фин, но во себе помисли ’ти, ѓубре едно’“, рече Дејмон кој има три ќерки и е очув на ќерка од претходната врска на неговата сопруга Лусијана Баросо.

Тој оцени дека имал среќа да се заљуби во некој кој не е познат, бидејќи, според него, кога си позната актерка вниманието не е двојно, туку постојано расте.

„Одеднаш сите сакаат да бидат во твојата спална соба“, рече Дејмон во интервју за магазинот „Есквајер“, додавајќи дека на новинарите и папараците не им дава повод да пишуваат за него.

„Ако не излегувам и не лудувам по баровите и не ја изневерувам сопругата, не постои ниедна приказна. Може да се обидат да ме следат, но секогаш ќе добијат иста слика, средовечен човек со четири деца“, вели тој.

Бред Пит и Мет Дејмон играа заедно во филмот „Играј ја својата игра“./крај/тј/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мајкл Џеј Фокс настапи заедно со Стинг на хуманитарна гала

Објавено пред

Мајкл Џеј Фокс излезе на сцената за да настапи заедно со рок легендата Стинг на галата за собирање средства за истражување на Паркинсонова болест во Њујорк во саботата.

60-годишниот актер беше на сцената со музичката икона (70) на неговиот настан за прибирање средства, A Funny Thing Happened on the Way to Cure Parkinson, што се одржа во салата „Фредерик П. Роуз“ во центарот „Линколн“.

Настанот го водеше Денис Лири, а настапи и Бред Пејсли. Други значајни имиња меѓу присутните беа режисерот Спајк Ли, актерките Џулијан Мур и Џулијана Маргулис, и НБА ѕвездата Блејк Грифин.

Ѕвездата на „Враќање во иднината“, на кого му беше дијагностицирана Паркинсонова болест во 1991 година, собра повеќе од 1 милијарда долари за истражување на Паркинсон преку неговата добротворна организација во повеќе од 20 години постоење.

Прикажи повеќе...

Забава

Ремек-дела на Пикасо продадени за речиси 110 милиони долари на аукција во Лас Вегас

Објавено пред

Единаесет уметнички дела на Пабло Пикасо кои беа изложени во хотел во Лас Вегас повеќе од две децении се продадени на аукција за речиси 110 милиони долари.

Делата, кои беа во сопственост на MGM Resorts, беа прикажани во ресторанот „Пикасо“ во хотелот „Белаџо“.

Компанијата изјави дека аукцијата во саботата ќе ѝ помогне да ја подобри разновидноста на нејзината колекција на ликовна уметност.

На аукцијата беа прикажани девет слики и две керамички дела на славниот шпански уметник, кој почина во 1973 година.

Колекцијата опфаќа повеќе од 50 години уметничка работа.

Сликата „Жена со црвено-портокалова беретка“ од 1938 година, на која е прикажана љубовницата и муза на Пикасо, Мари-Терез Волтер, достигна највисока цена на вечерта, 40,5 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Џејмс Мајкл Тајлер, актерот од серијата „Пријатели“

Објавено пред

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер ја загуби битката со ракот на 59-годишна возраст.

Актерот кој го глумеше Гинтер во хит серијата „Пријатели“, починал дома во Лос Анџелес во неделата наутро, се наведува во изјавата на неговиот менаџер.

Ракот на простата му бил дијагностициран во 2018 година.

Неговиот менаџер рече: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“

„Светот го знаеше како Гинтер – седмиот ‘пријател’ од ситкомот Friends, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец против ракот и сакан сопруг“, соопшти семејството на Тејлер.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата, по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет2 часа

Колумбискиот нарко-бос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен нарко бос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци...

Свет2 часа

Тедрос: Пандемијата нема да заврши додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрејесус изјави дека пандемијата на Ковид е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион13 часа

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион16 часа

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија17 часа

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ18 часа

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион20 часа

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион22 часа

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет22 часа

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ23 часа

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Македонија2 дена

(Видео) Заев најави дека во вториот круг СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери....

Свет2 дена

Русија се соочува со рекорден број починати и заболени со коронавирус – Путин донесе построги мерки

Во Русија, петти ден по ред, е поставен нов рекорд, 1.075 починати од Ковид-19 и 37.678 нови инфекции во изминатите...

Македонија2 дена

Две дози вакцина примиле 46 отсто од полнолетните граѓани, а 4.720 примиле трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472...

Свет2 дена

Австрија ги заострува мерките – воведува „локдаун“ за невакцинираните

Во Австрија од 1 ноември вработените ќе можат да доаѓаат на работа само доколку се вакцинирани, ако прележале коронавирус или...

Регион2 дена

Хрватските граѓани од денеска во САД можат да патуваат без визи

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави Американската амбасада во Загреб. Оваа...

Свет2 дена

Нови детали: На снимањето на филмот имало и други проблеми и инциденти

Пиштолот од кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимањето на филм и ја уби директорката на фотографија, му го дал...

Македонија3 дена

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати...

Досие