Забава
Лидерката на FEMEN стана прототип за симболот на Франција – Мариан
Францускиот претседател Франсоа Оланд во неделата ја презентираше поштенска марка со обновениот симбол наа Француската Република – Мариан, за чие изготвување еден од прототиповите беше Ина Шевченко, лидерката на украинското феминистичко движење FEMEN, кое стана меѓународно познато по топлес протестите секаде низ светот.
Марката со новиот лик на Мариан ја направија двајца млади илустратори и фотографи, 33-годишниот Оливие Сиапа и 30-годишниот Дејвид Кавена. Францускиот претседател го избра победникот на конкурсот од 15 варијанти кои влегоа во потесниот избор, претходно селектирани од жирито и од страна на средношколци. „Младите луѓе се приоритетот на моето претседателство, и оваа марка е доказ за тоа“, изјави шефот на француската држава.
„Сакавме тој лик да има меѓународно и вонвременско значење, па рацете (на Мариан), се насликани во духот на реализмот од епохата на ренесансата, а нејзините очи беа инспирирани од реализмот на современите француски стрипови, азијатските „манги“ од 1980-те и американските анимации од 1950-те години“, појаснија авторите.
„За оние кои се прашуваат кој беше моделот за Мариан: тоа е комбинација на различни женски ликови, но посебно Ина Шевченко, основачката на FEMEN“, напиша Сиапа по официјалната церемонија на својот микроблог на Twitter. Тој е инаку активен борец за правата на хомосексуалците чија изложба на фотографии во јуни двапати била нападната од вандали.
Ликот на Мариан, млада жена со фригиски шлем, станала националниот симбол на Франција во 1792 година. Таа го отелотворува националното мото на Републиката: „Слобода, еднаквост, братство“. Скулптурните претстави на Мариан се задолжителен елемент во административните канцеларии, нејзиниот профил е ставен на државните печати на Франција и на поштенски марки. Според традицијата, новиот лик на Маријана го избира претседателот на Франција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) „Едноставниот“ живот на сопругата на милијардер: Светки, чипка и луксуз додека тој ја држи за рака
Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, сподели серија фотографии на кои позира во тесен црн фустан, заедно со својот сопруг Мајкл Булос.
Тифани и нејзиниот сопруг милијардер неодамна станаа родители, па затоа најголемиот дел од вниманието е насочено кон нивниот син Александар, што го прави ова излегување за новопечените родители вистинска реткост.
Убавата русокоса за пригодата избра тесен црн фустан украсен со чипка, а сè надополни со сребрени платформи и накит. Нејзиниот сопруг не заостануваше многу зад неа, позирајќи во елегантен црн костум.
Тифани, исто така, покажа во серија од неколку фотографии од забавата како изгледа животот на милијардер, на што многумина сигурно ѝ завидуваат.
Од почетокот на нивната врска во 2018 година, тие станаа интересни за јавноста, најмногу поради фактот што се запознале на Миконос и што Булос решил да се пресели во Америка поради неа, откако пораснал во Нигерија.
Патем, Мајкл Булос е наследник на нигериската „Булос Ентерпрајзис“, чија вредност е неколку милијарди долари. Тој е четири години помлад од Тифани, а ѝ предложи брак со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.
Забава
(Фото) Можете да ја сакате или да ја мразите, но никој не е имун на нејзината совршена фигура
Актерката Ева Лонгорија, најпозната на домашната публика по улогата на Габи Солис во серијата „Очајни домаќинки“, не престанува да воодушевува со својот изглед и челична волја, дури и за време на празниците.
Неодамна зборуваше за мајчинството, како и за тоа како се соочила со сите предизвици откако добила син во 40-тите години, а нејзините изјави привлекоа големо внимание.
Познато е дека во текот на зимата сите се опуштаме, јадеме повеќе и тренираме помалку, но не и Ева. Популарната џебна Венера објави неколку селфиња од својот тренинг и во таа прилика ги покажа своите извајани стомачни мускули, но и лицето без шминка.
„Се надевам дека сите имавте одлична новогодишна ноќ. Одиме силно од првиот понеделник“, напиша таа во описот.
Покрај тренингот, Ева покажа и како го поминува времето со својот син, но ужива и во вино и добра храна. Поради таков тренинг, таа заслужи малку да се опушти.
Познатата актерка е секогаш во вестите поради својот добар изглед, без разлика дали се појавува на црвениот тепих или објавува нешто слично од теретана или некое друго лежерно излегување со семејството и пријателите.
Забава
Трансродната ќерка на Илон Маск (21) е новото лице на брендот на Ријана
Ријана повторно ги поместува границите, а за најновата кампања за нејзиниот бренд за долна облека Savage x Fenty, таа ја ангажираше Вивијан Вилсон, 21-годишната трансродова ќерка на Илон Маск, за нејзината најнова кампања за Денот на вљубените. Вивијан, која нема блиска врска со својот татко, е ѕвездата на новата колекција наречена Love So Savage: A Modern Ode to Aphrodite.
На една од фотографиите од кампањата, Вилсон позира со Лови Симон и Ема Арлета пред мермерни статуи. Таа носи градник со розов дезен и мини здолниште од чипка во иста боја, а додатоците се светло црвени хулахопки, златни обетки и темноцрвен кармин. Други познати личности во кампањата се ѕвездите на „Love Island“, Серена Пејџ и Кордел Бекам, како и инфлуенсерите Хејли и Жулс Лебланк.
Ријана, која го лансираше Savage x Fenty во 2018 година, ја објасни визијата зад колекцијата. „Денот на вљубените е време да се слави љубовта во сите нејзини форми“, изјави пејачката за WWD. „Во Savage x Fenty, сè е во прифаќањето на љубовта на секој начин и создавање производи што ги прават луѓето да се чувствуваат самоуверено додека го прават тоа.“
Ова е само најновиот во низата успеси за младата Вивијан, чија кариера како модел вртоглаво расте. Минатиот март, таа се појави на насловната страница на Teen Vogue, а само два месеци подоцна, го имаше своето професионално деби со Wildfang. Истиот месец, таа позираше и за брендот за долна облека Tomboyx.
„Бев преплашена“, призна Вилсон во интервју за Vanity Fair, зборувајќи за снимањето. „Пред тоа, бев некој што, никогаш не покажуваше кожа. Дури и во секојдневниот живот, како, кога одев на плажа со моите пријатели, не носев костим за капење.“
Таа додаде дека и покрај нејзиниот страв, сакала да го направи снимањето за да ја зголеми својата самодоверба.
„Се чувствувам самоуверена во своето тело, но сакав да си ја докажам таа самодоверба, ако тоа има смисла.“
Таа го имаше своето деби на писта минатиот септември на модната недела во Њујорк, каде што прошета на пролетната ревија CHRISHABANA 2026.
Вивијан е најстарата ќерка на Илон Маск и неговата поранешна сопруга Џастин. На 16-годишна возраст, таа се изјасни како трансродова, а две години подоцна поднесе официјално барање Маск да биде отстранет од нејзиното презиме, потврдувајќи ја нејзината затегната врска со нејзиниот татко.
Таа кратко зборуваше за технолошкиот могул за Teen Vogue. „Не ми е гајле за него. Навистина не ми е. Досадно е што луѓето ме поврзуваат со него. Едноставно немам простор повеќе да ми е гајле“.
Фото: SAVAGE X FENTY

