Забава
Хурем султан се враќа на екраните за два месеца со нов проект
Популарната турска актерка Мерјем Узрел која ја глумеше Хурем султан во популарната серија „Сулејман Величествениот“ прв пат отворено раскажа за искуствата и проблемите кои ја следеле за време на снимањето на серијата, зошто побегнала во Берлин и што планира.
За два месеца се очекува актерката да се појави со нова турска серија, но најверојатно нема да се врати во популарната „Сулејман величествениот“.
„Кога се преселив во Турција не знаев што ме чека. Се плашев од осаменоста, непознатите места, луѓето, но ме дочека рај. Преку ноќ станав ѕвезда и идол на другите. Цел труд и непроспиените ноќи најпосле се исплатија. Цела убавина што ја доживеав во татковината на татко ми не би ја менувала за ништо. За ништо не жалам, а грешките кои ги направив ќе ги свртам во своја полза. Ќе бидам подобра жена“ рекла Мерјем.
Актерката толку ја воодушевила јавноста со својата улога на Хурем, што и доаѓале понуди од сите страни, па дури и од Холивуд, но стресот и притисокот го зеле својот данок, па Мерјем сепак одлучи да се повлече одредено време.
По психичкиот крах, актерката побегна во Германија и се пријави во клиника за лечење од депресија за да го врати својот живот во нормала.
Продуцентите се обидуваа да ја вратат на сите начини, но младата актерка решила дека не сака да се врати во серијата.
Серијата не и го загрозила само нејзиното здравје, актерката постојано се расправала со своето момче Кан Атес, кој и покрај сè остана со неа во најтешките моменти.
Меѓутоа токму и тој бил една од причините за стрес. Поради големата разлика во годините, Кан никако не им се допаѓал на нејзините родители. Но, по два месеца поминати во Берлин, потенцијалниот зет конечно добил зелено светло.
Освен вереникот за Мирјем во Берлин се грижат и нејзините родители, особено татко и кој рекол дека актерката ќе се врати во серијата само преку него мртов. Со него се согласиле и нејзиниот брат и сестра, кои во Германија имаат музичка кариера.
„Никогаш не сум ја видел во толку лоша состојба. Беше потполно безволна и тажна. Плачеше без причина, со никого не сакаше да разговара, не знаевме што ја мачи толку. Нам ни се кршеше срцето од тага. Тогаш побаравме стручна помош, ја одведовме во најдобрата психијатриска болница. Доби лекови за смирување и спиење“, изјавил нејзиниот татко Хусеин.
Сега кога работите ги поставила на свое место Мирјем е подготвена за нов проект, во новото остварување ќе глуми заедно со турскиот Бред Пит, Киван Татлитуг. Вели дека со продуцентите се договорила за слободни денови и за пристојно работно време./крај/блиц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Концерт на „Нокаут“ на 9 мај во СЦ Јане Сандански
„Нокаут“ ќе слави 30 години постоење со концерт на 9 мај, со почеток во 21 часот, во СЦ Јане Сандански.
Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…..
Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена. Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.
Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања.
Билетите знаете каде да ги најдете од среда, 18 февруари на www.wayin.mk.
Забава
(Фото/видео) Џипот од 500.000 евра на Бака прасе изгоре во Белград
Луксузниот Мерцедес вреден половина милион евра, во сопственост на еден од најпознатите регионални инфлуенсери, Богдан Илиќ, попознат како Бака прасе, изгоре во Белград синоќа околу 3:30 часот, јавија српските медиуми.

Пожарот бил изгаснат во рок од пет минути, но има голема материјална штета.
Според достапните информации, внатрешноста на возилото е целосно уништена, а топлината ги скршила и прозорците. Бака прасе го купи скапиот автомобил, кој го нарече „бесна машина“, пред три години, и еднаш изјави дека се кае за купувањето.

Кратко по инцидентот, инфлуенсерот објави видео од уништеното возило. Тој се обиде целата ситуација да ја претвори во шега, објавувајќи лажен оглас за продажба на автомобили.
„Оглас за автомобил, Brabus 800 4×4. Прв сопственик, баба го возеше на пазар. Година 2022, малку исполиран и како нов. Во возна состојба, ентериер по нарачка. Заинтересиран сум за DM“, рече тој.
@bakaprase Hitna prodaja 🙏
Причината за пожарот сè уште не е позната, но Telegraf.rs пишува дека првите резултати од истрагата укажуваат дека пожарот бил подметнат. Се сомнева дека автомобилот бил полеан со запалива течност, а потоа запален.
Истрагата е во тек.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Раскошните облини на бразилските жени повторно го освојуваат светот: И никој не е имун на нив
Магичниот Рио де Жанеиро привлекува голем број туристи секоја година, особено за време на традиционалниот карневал во Рио, кога брзо станува центар на светот, но и на добрите забави.
Овогодинешниот карневал започна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари, а посетителите на овој спектакл ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата, огнените и енергични танцови движења на учесниците, како и во раскошните облини на познатите бразилски жени.
Во овој период, танчерките ќе парадираат по улицата Маркес де Сапука секоја вечер, а жителите на Бразил, како и бројните туристи, внимателно ќе ги следат од сите страни.

