Контакт

Забава

ЈАР откри дека ја има најстарата жена на светот којашто има 119 години

Објавено пред

Јужноафриканската Република откри дека таму живее најстарата жена на светот, Н’кукутане Џохана Мазибуко којашто има 119 години, според фотокопијата од нејзината лична карта којашто на AFP му ја испратил новинар кој ја посетил во местото Клерксдорп.

dobivaj vesti na viber

Според новинарот, како што пренесува весникот The Sowetan, Н’кукутане живее со 77-годишниот син Тсеко Мазибуко, а има живи уште двајца браќа и сестра.

Иако ја мачи артроза поради којашто тешко се движи и има вртоглавица, самата готви, си ја спрема постелнината, се облекува и си ги пере алиштата, а остатокот од денот го минува гледајќи телевизија.

„Добро се чувствувам“, изјавила во разговорот со новинарот кој ја фотографирал, како и нејзината лична карта издадена 1986 година на која пишува дека е родена на 11-ти мај 1894 година. „Господ ми подари живот во изобилство, плус бонус. Сега сум многу стара“, додала Н’кукутане.

Таа била најстарата од десетте браќа и сестри самата имала седум деца, од кои пет веќе починале.

На прашање на AFP, јужноафриканскиот министер за внатрешни работи не можел да ја потврди веродостојноста на нејзината лична карта.

Носител на титулата најстар човек на светот верификувано од Гинисовата книга на рекордите, му припаѓаше на Џироемон Кимура е роден на 19-ти април 1897 година а во јуни 2013 година почина од старост.

Најстарата личност, инаку, која кога и да е живеела на Земјата, официјално потврдено, е Французинката Жан Луиз Калман, која почина во 1997 година на возраст од 122 години.

Меѓутоа, кон средината на јануари 2013 година портпаролот на гувернерот на авганистанската покраина Вардак, и самиот внук, објави дека починала најстарата личност на планетата – Хасана којашто имала навршено 136 години од животот. Според другите роднини на починатата долговечна Авганистанка, претходно претставници на УНЕСКО ги земале личните информации за Хасана, но тоа не е резултирало со конкретни дејства или чекори за нејзино официјално прогласување за највозрасен жител на планетата.

Шефот на администрацијата на округот Пачирагам каде што била погребана Хасана, Малик Мохамад Аслам за агенцијата Pazhvak потврдил дека починатата имала навршено 136 години од животот.

Најголем број лица со надминати 100 години се регистрирани во Јапонија (околу 51 илјади) и во САД (околу 53 илјади)./крај/мф/сн

Забава

Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав

Објавено пред

Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.

dobivaj vesti na viber

Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.

„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)

Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.

И покрај ризиците, бременоста поминала добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)

На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.

Фото: depositphotos

Прикажи повеќе...

Забава

Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ со провокативни фотографии

Објавено пред

Актерката Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ по пауза и објави серија фотографии во провокативно готик издание.

dobivaj vesti na viber

Таа позираше во црн краток топ што го открива стомакот и минијатурната танга, во комбинација со чорапи до бутовите со подвезици и високи платформи. Во описот напиша: „Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Нејзиниот поранешен свршеник, музичарот Машин Ган Кели, остави коментар под објавата: „Воодушевен сум што го имам твојот телефонски број“.

Ова е нејзина прва објава по паузата што ја направи по раѓањето на четвртото дете, ќерката Сејџ Блејд Фокс-Бејкер.

Според извори за списанието „Пипл“, Фокс и Машин Ган Кели, кои наводно раскинале во 2024 година, сега се фокусирани на заедничкото родителство и грижата за ќерката.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци што најмногу се нервираат за ситници

Објавено пред

Некои луѓе се вознемируваат поради големи работи, а други поради мали секојдневни детали. Според хороскопот, одредени знаци имаат посилен „радар“ за ситници што лесно можат да ги извадат од такт.

dobivaj vesti na viber

Девица се нервира кога нешто е направено неуредно или непрецизно. Неред, недовршена работа или невнимание кон детали лесно може да ја изнервираат.

Овен губи трпение кога работите се одвиваат бавно. Долги редици, одолговлекување или неодлучност брзо му одат на нерви.

Близнаци најмногу ги нервира досадата. Долги разговори без поента или повторување на истото брзо им стануваат неподносливи.

Рак реагира на емоционална дистанца. Кратки или ладни пораки и игнорирање на чувства можат лесно да го изнервираат.

Лав се нервира кога чувствува дека неговиот труд или присуство не се ценат.

Шкорпија има силна интуиција и лесно се нервира кога чувствува дека некој нешто крие или не кажува сè.

Јарец не поднесува неодговорност, доцнење и недостиг од план.

Според хороскопот, и другите знаци имаат свои „слаби точки“: Бик се нервира кога му се нарушува рутината, Вага на непристојност, Стрелец на ограничувања, Водолија на неправда, а Риби на грубост и премногу бучава.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија12 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија12 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија18 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија18 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија19 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија19 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија19 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија19 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија20 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија22 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија22 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија22 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет24 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет24 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет1 ден

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет1 ден

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет1 ден

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет1 ден

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет1 ден

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...