Забава
Во јапонските ресторани мени во три димензии
Сцената од филмот „Изгубени во преводот“ во која двата лика што ги толкуваат Бил Мареј и Скарлет Јохансон избираат јадење „на слепо“ бидејќи не знаат ниту збор јапонски, ќе биде сé поретка бидејќи ресторатерите во јапонската престолнина Токио сите јадења сé почесто ги репродуцираат во реплики и ги поставуваат во излозите.
Овошје, месо, риба, јадење, сé што се нуди во ресторанот е изложено во совршени тродимензионални реплики во вештачки материјали и „навистина помага“ бидејќи „само ќе покажам со прстот и така си нарачувам јадење“ одушевено вели Италијанецот Алберто Пелегрини кој во Јапонија го минува медениот месец.
Овој тренд потекнува од занаетчија кој пред стотина година за лекарите изработувал извонредни репродукции на човечки органи, што го инспирирало едена токиски ресторатер за своето мени, што подоцна го следеле и другите негови колеги.
Јапонците така денес развија „мени во три димензии“, вели Јасунобу Носе, новинар во дневниот деловен весник Nikkei, кој напиша книга за лажните јадења. (ВИДЕО)
Во Токио дури постои и улица со лажни јадења, Капабаши Дори, а бидејќи Јапонците се склони сé да развиваат до совршенство, така и нивните реплики на јадењата се совршени па пластичните суши и лажните темпури (ролатчиња од зеленчук или ракчиња во тесто пржено во врело масло) делуваат крцкаво, сочно и предизвикуваа лиги во устата.
Некои репродукции на јапонските јадења станаа и уметнички дела па се продаваат и по 100 американски долари за парче. Помалку богатите ресторатери, кои не можат да си дозволат нарачка на сопствени реплики, можат да ги изнајмат постојните, па така изнајмување ан хамбургер чини 6 долари месечно./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

