Забава
НЛО-ата од Зоната 51 биле американски шпионски авиони
Неидентификувани летачки објекти на небото над американската сојузна држава Невада поради кои се создаде митот за таинствената Зона 51, всушност биле шпионски авиони У-2 тестирани во ултратајната база, открива американската централна разузнавачка агенција CIA.
Сигурно дека приврзаниците на теоријата на заговор ќе бидат разочарани, а на фантазијата поткрепена од холивудските филмови за тоа како американската влада го криела постоењето на вонземјаните ќе ѝ биде нанесен тежок удар. Зината 51 служела за тестирање на познатите шпионски авиони од периодот на Студената војна.
Ова се открива во официјалниот извештај за историјата на програмата на U-2 во периодот меѓу 1952 и 1974 година којашто ја потпишуваат двајца историчари на CIAа од којашто од неодамна е тргната ознаката „строго доверливо“.
На извештајот направен на 400 страници не се споменуваат вонземјаните од Росвел, чија „летачка чинија“ наводно се урнала во Ново Мексико 1947 година, и којашто, според митот, потоа е сокриена и проучувана во забранетата Зона 51.
Напротив, таа област во пустината Мохаве долга дваесеттина километри, северозападно од Лас Вегас, е претставена како место на раѓањето на шпионското летало U-2, коешто стана славно откако во 1960 година беше соборено над Советскиот сојуз.
Надлетувајќи ја оваа област во мал авион од типот „Beechcraft“, офицерот на CIA Ричард Бизел воочил во април 1955 година нешто што наликува на писта за слетување, сместена на соленото езеро Грум Лејк. Неговиот тим оценил дека се работи за идеален терен за воспоставување тајна база за тестирање на шпионски авиони.
Теренот се наоѓал североисточно од зоната која припаѓа на теренот за тестирањата на Американската комисија за атомска енергија, како што покажува мапата на регионот што ја открива CIA.
Ова не е првпат разузнавачката агенција да го признава постоењето на Зоната 51. Во документот објавен на интернет во октомври 2012 година, во меморандумот од 1967 година на тогашниот директор на CIA, Ричард Хелмс, се зборува за полетување од Зоната 51 на три шпионски авиони во Јапонија во мисија над Виетнам./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кои хороскопски знаци се најстроги родители
Астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци во улогата на родители не отстапуваат од своите принципи и воспитуваат со дисциплина, јасни правила и високи очекувања.
Јарец
Јарците се симбол на дисциплина. Под влијание на Сатурн, воспитувањето го сфаќаат како сериозна животна мисија. Очекуваат ред, одговорност и исполнување на обврските без изговори. Иако делуваат строги, нивната љубов се изразува преку стабилност и учење на вредноста на трудот и упорноста.
Девица
Перфекционистите на зодијакот поставуваат високи стандарди. Домот им е организиран, а од децата се очекува дисциплина, добри навики и посветеност. Критиките не им се злонамерни – целта е детето да го достигне својот целосен потенцијал.
Лав
Лавовите имаат големи очекувања од своите деца и ги поттикнуваат да блескаат. Иако се топли и дарежливи, бараат почит и одговорност. Веруваат во исклучителноста на своите деца и ги туркаат напред за да успеат.
Овен
Како родени лидери, Овните ги воспитуваат децата да бидат храбри, самостојни и борбени. Не толерираат откажување и ги учат директно да се соочуваат со предизвиците.
Шкорпија
Интензивни и заштитнички настроени, Шкорпиите бараат искреност и емоционална сила. Веруваат дека карактерот се гради преку соочување со тешкотии, па воспитуваат психолошки издржливи личности.
Забава
Владо Георгиев со голем концерт во Скопје
По четири Белградски арени, Владо Георгиев со голем концерт во Скопје
Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.
По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема, „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.
„На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време“, велат организаторите.
Влезниците се веќе достапни во продажба на ddtickets.rs.
Забава
Повеќе од пријатели, помалку од љубовен пар: пет хороскопски знаци се мајстори за врски без обврски
Ова е зоната каде што сте „повеќе од пријатели, но сè уште не сте пар“, каде што постои состанување, но „етикетата“ ја нема, а прашањето „каде води ова?“ изгледа како забранета мисла.
Ако често се наоѓате во такви „речиси врски“, можеби не е виновен само начинот на кој ги избирате партнерите, туку и вашиот знак.
Пет хороскопски знаци кои се кралеви на вакви врски:
1. Близнаци – мајстори за „нека оди се по својот тек“
Близнаците лесно се наоѓаат во врски без „етикета“. За нив, монотоната рутина и сериозните обврски се здодевни, додека „ситуацијата без обврски“ им носи ментална стимулација и забава. Сепак, тие постојано бараат нешто подобро зад аголот, па затоа нивната необврзаност служи како заштита од емоционален ризик.
2. Вага – кралици на балансирање и неодлучност
Вагата сака блискост, но избегнува конфликт. Поставувањето јасни граници или барањето ексклузивност им се чини како тежок разговор, па затоа претпочитаат да останат во „сивата зона“ отколку да уништат добро чувство. За нив, мирот и хармонијата се повредни од формалната врска.
3. Стрелец – слободата пред сè
Стрелците го гледаат зборот „приврзаност“ како затвор. Уживаат во излегувања, флертување и длабоки разговори, но кога нивниот партнер очекува планови за следната недела, тие исчезнуваат. Врските без обврски им овозможуваат да уживаат во придобивките од врската, а воедно да ја задржат апсолутната слобода – па дури и да купат билет за Бали без објаснување.
4. Риби – романса и „розова магла“
Рибите не ги доживуваат ваквите врски како привремени, туку во главата снимаат сцени од романтична приказна на Нетфликс каде што крајот е секогаш совршен. Се заљубуваат во потенцијалот, а не во реалноста, игнорирајќи ги црвените знамиња и останувајќи во „врската“ со надеж за чудо.
5. Водолија – Емоционално оддалечени визионери
На Водолијата и е сосема во ред да има „пријатели со бенефиции“. Тие тешко ги обработуваат длабоките чувства, па затоа лежерната ситуација им одговара совршено. Тие се плашат дека формалната врска би можела да ја загрози нивната слобода и индивидуалност, па затоа претпочитаат да кажат „се гледаме“ наместо „заедно сме“, дури и ако поминуваат ден и ноќ заедно.
Ваквите врски можат да бидат забавни и удобни, но секој знак има своја причина да остане во таа „сива зона“. Од Близнаци кои не сакаат етикети, до Рибите кои живеат во розова магла и Водолијата која ја чува својата слобода – астролошката перспектива дава добар увид во тоа зошто некои луѓе едноставно не се обврзуваат.

