Забава
Виолината на која свиреле додека тонел Титаник оди на аукција

Виолината на којашто до последните мигови од тонењето свирел шефот на оркестарот на легендарниот пароброд Волис Хатрли, на 19-ти октомври ќе биде понудена на наддавање, објави аукциската куќа Henry Aldridge & Son.
Инструментот наскоро ќе биде изложен за целата јавност во северноирскиот музеј „Титаник Белфаст’, посветен на историјатот на бродоградилиштетот „Harland & Wolff“ каде што е изграден „Титаник“. Изложбата ќе биде отворена во среда 18-ти септември и ќе трае до 13-ти октомври. Потоа виолината ќе биде предадена на аукциската куќа Henry Aldridge & Son, којашто е специјализирана за продажба на предмети од „Титаник“.
Виолината, којашто со чудо ја „преживеала“ трагедијата, во март 2013 година, по 101 година од потонувањето беше вештачена и го доби сертификатот дека му припаѓала на Волис Хартли, шеф на оркестарот од „Титаник“ кој се прослави свирејќи се’ додека бродот не потонал во ледените води на Атлантскиот Океан во април 1912 година. Посмртните останки на Хартли биле најдени во водата по десет дена, а виолината во ковчег обложен со кожа била врзана за телото, појасни Ендрју Олдриџ од аукциската куќа која по седум години работа ја утврди автентичноста на музичкиот инструмент.
Своевремено, мајката на Хартли по трагедијата им се доверила на лондонските весници дека е „сигурна оти нејзиниот син умрел стискајќи ја виолината. Беше страсно поврзан со тој инструмент“.
Виолината била подарок од неговата вереница Марија Робинсон, за што сведочи сребрената плочка со натпис „За Волис, по повод нашата веридба. Марија“, На основа на оваа плочка потврдена е и автентичноста на инструментот.
Талогот од корозија настанал поради долгата изложеност на морската вода, потврдиле експертите. Инструментот од морето го извлекле канадските власти и го испратиле на Марија Робинсон. По нејзината смрт во 1939 година, виолината била доверена на организацијата Војската на спасот, за што сведочи писмото од почетокот на 1940-те во кое една професорка по музика меѓу другото пишува „Речиси е невозможно да се свири на неа, сигурно поради бурниот живот што го проживеала“.
Виолината потоа била доверена на семејство коешто ја чувала на таванот од семејната куќа. Сега инструментот е проценет на најмалку 100 илјади евра, туку дека преговара со музеи.
Бродот, гордоста на британската цивилна морнарица, најсовремен и најлуксузен дотогаш во светот, потонал за 2 часа и 40 минути ноќта кон 15-ти април 1912 година во ледените води на Северен Атлантик на своето прво патување кон Њујорк откако се судрил со санта мраз. Од 2.200 патници и членови на екипажот, се удавиле 1.500, а меѓу нив и осумте членови на оркестарот што го водел Волис Хартли./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
AERO Street Food Festival 2025 – паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и на музиката

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен.
Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од интернационални улични вкусови до автентични традиционални јадења. А покрај тоа ќе имаат можност да уживаат во извонреден избор на пијалоци по екслузивно достапни цени.
Фестивалот ќе се одржува секој ден од 17:30 до 00:30 часот и ќе понуди настапи на реномирани изведувачи: Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, Dj Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico.
Понудата ќе биде составена од над 12 познати брендови за храна, меѓу кои: Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza, Ноа Гирадико и други.
Покрај музиката и храната, фестивалот ќе понуди и интерактивни предизвици за публиката, вклучувајќи натпревари во најбрзо јадење, квизови, трки и други интерактивни забавни активности со награди. Настанот ќе се реализира со поддршка од Општина Аеродром.
„Нашата цел е да создадеме настан кој ќе ги поврзе луѓето преку храната, музиката и заедничките моменти. AERO Street Food Festival е локална приказна по светски стандарди и ќе биде празник на вкусови, звуци и позитивна енергија“ – изјавија организаторите.
Забава
Пет митa за убавина во кои сè уште веруваме, а треба да престанеме

Во светот на убавината митовите се шират побргу од новите трендови на „Тик-ток“. Време е да ги разбиете и да ѝ дадете на вашата рутина за нега на лицето и телото малку повеќе слобода.
И додека некои од овие митови за убавина што ни се пласираат секој ден и во кои слепо веруваме затоа што звучат логично или дури и научно, вистината е дека многу од овие п„равила“ повеќе нè попречуваат отколку што помагаат.
Првиот и веројатно најупорен мит е дека поскапите производи секогаш значат подобра грижа
Иако луксузните брендови често нудат премиум-пакување и посебен мирис, ефикасноста на производот зависи првенствено од состојките и од нивната концентрација, а не од цената. Понекогаш наједноставниот крем од аптека дејствува еднакво добро, ако не и подобро, од оној што чини неколкупати повеќе.
View this post on Instagram
Друг тврдоглаво прифатен мит е верувањето дека за мрсната кожа не треба да се користи масло
Всушност, квалитетните растителни масла може да помогнат во регулирањето на себумот и во намалувањето на воспалението, а прекумерното сушење на кожата честопати има спротивен ефект – кожата произведува уште повеќе масло за да се заштити.
Третиот мит е дека повеќе чекори во вашата рутина за нега на кожата значат подобра нега
Инспирирани од корејските програми од 10 чекори, многумина почнаа да натрупуваат производи, но дерматолозите сè повеќе предупредуваат дека премногу слоеви може да ја иритираат кожата, особено кога се комбинираат силни активни состојки. Понекогаш минимализмот во негата на кожата носи најдобри резултати.
Четвртиот мит е верувањето дека ако некој производ пече или затегнува, тоа значи дека дејствува
Ова чувство често доаѓа од иритација, а не од длабинско чистење или активирање. Кожата што пече или се чувствува претерано затегната, испраќа сигнал дека нешто не е во ред, а игнорирањето на овие знаци може да доведе до трајно оштетување на бариерата на кожата.
View this post on Instagram
Петтиот, и можеби најпопуларен мит, е дека природното секогаш значи безбедно
Иако многу природни состојки се прекрасни, фактот е дека дури и целосно природните супстанции може да предизвикаат сериозни алергиски реакции или иритација. Арсенот и отровниот бршлен се исто така природни, но ние не ги нанесуваме на лицето. Клучот е во докажаните формулации и во безбедните концентрации, а не во етикетата „100 % природно“.
Разбивањето на овие митови не значи дека треба да се откажеме од пронаоѓањето на она што најдобро функционира за нас. Напротив, кога ќе ги отстраниме слоевите на заблуди, има простор за информиран избор, поедноставни рутини и нега на кожата што се базира на докази, а не на маркетинг. Убавината е во крајна линија повеќе од само производ – таа е за тоа како се чувствуваме во врска со себе.
фото: принтскрин
Забава
Од вечерва кино на отворено во Кисела Вода

И ова лето паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе се претвори во филмска сцена под отворено небо.
Од вечерва, 21 август, до 24 август, Општина Кисела Вода во соработка со „Киноверзум“ ДООЕЛ Свети Николе, „Кинотека на Македонија“ и Францускиот институт во Скопје ќе донесе богата програма за различни возрасти и вкусови – од анимирани и детски содржини, преку франкофонски и македонски остварувања, до наградувани документарни приказни.
Програма:
21.08.2025(четврток)
Вечер на ,,Киноверзум ”
20.00- Игран филм за деца,,Бунтовната принцеза( синхронизиран на македонски јазик)
21.30-Филм посветен на Марија Калас-,,Марија”
22.08.2025(петок)
Франкфонска вечер
20.00 Цртан филм,,Каламити”
21.30 Игран филм,,Повторно родена”
23.08.2025( сабота)
Македонска вечер
20.00- Блок краткометражни играни филмови за големи и мали деца
,,Ракетно моделарство”
,Баскет”
20.45-Македонски филм,,ДО БАЛЧАК”
24.08.2025( недела)
20.00- Анимиран филм за јунаците од светот на Биби „Златната пеперутка“
21.30- Македонски документарен филм „Медена земја“