Забава
Протест со голи гради во парламентот на Шпанија

Членки на феминистичката група Femen вообичаено со голи гради во средата во шпанскиот парламент протестираа против заострувањето на законот за абортус.
Три членки на Femen ги разголеа своите гради во јавната галерија во долниот дом на шпанскиот парламент во моментот кога на говорницата застанал министерот за правосудство Алберто Руиз Гаљардон. Извикувале „абортусот е светост“ и на своите тела имале испишани исти такви пораки.
На обезбедувањето на шпанскиот парламент му биле потребни три минути да ги отстрани девојките од галерија, пренесуваат шпанските медиуми.
Конзервативната шпанска влада се спротиставува на актуелниот закон за абортус кој дозволува прекинување на бременоста без ограничување до 14-та седмица од бременоста и сака некои негови одредби да бидат построги./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Познатиот рапер има само 25 години, а го очекува своето 13. дете

Американскиот рапер NBA YoungBoy, чие вистинско име е Кентрел ДеШон Голден, повторно е во центарот на вниманието.
Музичарот, кој е познат по тоа што отворено зборува за својот приватен живот во своите текстови, сега ја шокираше јавноста со веста дека го очекува своето тринаесетто дете на само 25 години.
Веста предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, при што многумина се прашуваа како е воопшто можно да се имаат толку многу деца на толку млада возраст.
Еден корисник на социјалната мрежа X се запраша: „Како, по ѓаволите, имате 13 деца кога мора да поминат најмалку девет месеци помеѓу секоја бременост?“
Сепак, други брзо посочија клучен биолошки факт. „Брате, тој не забременува“, гласеше еден од одговорите. „Девет жени можат да имаат девет бебиња за девет месеци. Математиката е едноставна“, додаде друг, додека трет кратко рече: „Мажите не мора да чекаат девет месеци…“
На прашањето кога раперот го започнал своето родителско патување е одговорено одамна во неговата песна Rebel’s Kick It. Во текстот, тој откри: „Го добив моето прво дете на 16 години, немав план Б, имав еден сон.“
Неговиот прв син, Кајден, е роден од врската со Ниша Келер. Иако раскинаа по неговото раѓање, подоцна се смирија. Во март 2017 година, тој доби втор син, Тејлин, со неговата поранешна девојка Ниа. Кратко потоа, тој доби трет син, Камири, со неговата поранешна партнерка Стар Деџани. Раперот го одгледува и синот на неговата поранешна партнерка, за кого веруваше дека е негов, но ДНК тестот покажа спротивно.
По ова следеше бурна врска со Јанија Мешел, за време на која тој беше уапсен за напад. Сепак, двојката се смири и доби син, Кејси, во февруари 2019 година, по што се разделија. Во јуни 2020 година, Ниша Келер го роди своето прво женско дете, ќерката Армани, а само пет месеци подоцна, неговата тогашна девојка Дреа Симон роди девојче, Коди. На почетокот на 2021 година, поранешната партнерка Јаја Мејведер роди син, Кентрел Џуниор.
Во 2023 година, раперот се ожени со Џазлин Мишел, која ја запозна во 2020 година. Заедно имаат две деца: ќерка родена во август 2021 година и син, Клеменза, роден во септември 2022 година. Според извештаите, тој имал уште две деца со две различни жени во 2023 година, со што неговиот вкупен број деца достигна дванаесет, изедначувајќи се со оној на Ник Канон.
Забава
Најпријателски хороскопски знаци

Пријателските луѓе лесно се отвораат, секогаш се подготвени да помогнат, а нивното присуство носи мир и чувство на припадност.
Астролозите веруваат дека некои хороскопски знаци се природно посклони кон оваа топлина и отвореност.
Еве за кои хороскопски знаци станува збор.
Рак
Раковите се непобедливи кога станува збор за топлина и емоции. Луѓето родени под овој знак се познати по нивната нежна природа и длабока поврзаност со семејството, пријателите и оние на кои им веруваат. Нивните срца се секогаш отворени, а нивното сочувство често ги надминува границите.
Раковите немаат проблем да ги стават потребите на другите пред своите, особено кога знаат дека можат да му го разубават денот на некого. Нивната топлина доаѓа одвнатре, искрена е и ненаметлива – затоа тие се најлојалните и најнежни пријатели и партнери за многумина.
Лав
Иако често се стереотипизираат како центар на внимание, Лавовите се исто така еден од најдарежливите и најтоплите знаци на Зодијакот. Кога сакаат, тие сакаат со сето свое срце, без резерва и без лоши намери. Нивната топлина се рефлектира во тоа колку се спремни да направат за луѓето што ги сакаат.
Тие знаат како да ве насмеат, да ве утешат и да го разубават денот, а нивното присуство го осветлува просторот како сонце по дожд. Околу Лавовите, лесно е да се почувствува дека сте важни и ценети – затоа што тие никогаш не штедат топлина или љубезни зборови.
Риби
Рибите се емпатични, интуитивни и емоционално отворени – и токму тоа ги прави исклучително топли. Тие секогаш имаат чувство кога некому му е потребен збор за поддршка или тивка прегратка. Рибите не само што ќе ги слушнат вашите грижи – тие ќе ги препознаат дури и пред да ги кажете.
Нивната нежност често се изразува преку мали гестови што прават разлика, а нивната емоционална длабочина им овозможува искрено да сочувствуваат со другите. Рибите се луѓе кои често ги ставаат чувствата на другите луѓе пред своите – и тоа го прават со љубов, без да очекуваат ништо за возврат.
Забава
Интензивна меѓународна активност на македонската стрип сцена

Приморскиот град Шибеник во Хрватска по 15 пат беше домаќин на Интернационалниот фестивал за анимација и стрипови СУПЕРТЈУН којшто се организираше од 21 до 25 07. на повеќе локации од градот, пред посетителите беа изведени повеќе содржини, проекции, промоции и дискусии од областа на стрипот и анимираниот филм.
Со поддршка на Министерството за култура и туризам на РС Македонија на овој фестивал присуствуваше и Томе Трајков-програм координатор на Стрип центар на Македонија-Велес. Меѓу другото, тој одржа едночасовна промоција на македонската стрип сцена, а учествуваше и на групна панел дискусија на тема “ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СТРИП ИЗДАВАШТВОТО ВО РЕГИОНОТ“ .
Треба да се спомене дека во категоријата на стрип списанија, во потесната селекција се најде и ревијата „Стрип креатор“, покрај списанијата OHOHOzine, Стрип префикс и Ирационалист од Хрватска, Рас комик од Србија, како и Винтарт и Вирџина од Црна Гора.
Како што нагласува Трајков, фестивалот Supertoon има специфичен фокус на стрип изданија и вклучува повеќе категории – од стрип списанија, до книги и фанзини. Лично тој ке се заложи учеството на македонски издавачи да биде уште позабележително во наредните години бидејки ова претставува важен чекор кон поголема видливост на македонскиот стрип на европската мапа.
А неколку дена претходно од 18 до 22 јули, Јошаничка Бања беше домаќин на 13-тата Меѓународна стрип колонија „Рашка 2025“, која и оваа година собра бројни стрип автори, предавачи и млади таленти од Србија и регионот. Македонската стрип заедница ја претставуваа авторите ; Славица Купенкова, Евгенија Трајкоска, Анастасија Недељковска ,Игор Поповски , Иван Михајловски ,Јасмина Јовчевска како и Томе Трајков којшто овојпат беше присутен како оперативен координатор на проектот „Сè што велиме е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТО!“.
Учесниците доаѓаат од стрип школи од Белград, Врање, Лепосавиќ, Велес, Тирана и Рашка, а во текот на петте дена од богатата програма, посетителите посетија изложби, промоции, работилници и цртежи во живо.
Учесниците работеа и на нови стрипови кои ќе бидат објавени во стрип списанието Ras Comic.
Помеѓу другото, во Галеријата на Културниот центар „Градац“ во Рашка, беше отворена изложба на дела создадени во рамките на меѓународниот проект „Сè што велиме е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТО!“.
Покрај изложбите и промоциите, за време на стрип колонијата во Рашка беа организирани и работилници за илустрација под водство на Владимир Весовиќ, како и предавања од реномираните автори Бобан Савиќ Гето и Дарко Стојановиќ. Меѓу овогодишните гости и ментори се и Дејан Трајковиќ Декс, Љиљана Стризе,(двајцата од Врање, Србија) , и Валбона Авдулај од Валона , Албанија.