Забава
Рекордни цени за розов и портокалов дијаманти
Беспрекорниот розов дијамант „Розова ѕвезда“ со големина на слива е продаден на аукција во средата во Женева за 76,3 милиони швајцарски франци или 83,02 милиони американски долари, што претставува светски рекордна цена за драг камен даден на наддавање, соопшти аукциската куќа Sotheby’s, откако ден претходно ривалската аукциска куќа Christie’s, исто така, во Женева го продаде најголемиот портокалов дијамант за 34,5 милиони долари.
„Дијамантот го купи Исак Волф и го преименуваше во ‘Розов сон’“,соопшти Метју Вејгман, директор на Sotheby’s за комуникации. Од Christie’s, пак, не сакаа да го објават идентитетот на купувачот на портокаловиот дијамант, кој наддавањето во вторникот го напушти со бурен аплауз од присутните.
Исак Волф, трговец со дијаманти од Њујорк, претставувал всушност понудувач на наддавањето и од Sotheby’s нагласија дека конечната продажна цена ќе ја вклучува и провизијата за купецот.
„Розовата ѕвезда“ e беспрекорен топчест розов дијамант e највредниот дијамант кога и да е понуден на аукција. Toj, истовремено е и еден најголемите дијаманти на светот во последните 35 години и се смета дека овој камен 59,60 карати е надвор од сите категории.
Дијамантот кој оригинално тежел 132,5 карати е ископан во рудникот на „Де Бирс“ во Африка во 1999 година, точното наоѓалиште никогаш не е објавено, и биле потребни повеќе години режење, брусење и полирање за да го добие сегашниот облик. На јавноста првпат ѝ беше претставен во 2003 година, а беше продаден во 2007 година. Тогашната продажна цена, како и името на сопственикот никогаш не беа објавени.
Најголемиот портокалов дијамант на светот, пак, исто така е еден од извонредните драги камења, пронајден во Јужна Африка, тежок е 14,82 карати и е со жива интензивна боја.
Дејвид Ворен, експерт од одделот за скапоцени камења во аукциската куќа Christie’s, истакнува дека обоените дијаманти се многу поретки од елите, а особено кога имаат сина, розова или портокалова боја. „Колку бојата е посилна, толку дијамантите се поретки, а тежината на оној што беше продаден во вторникот е извонредна реткост“, вели Ворен.
Според лабораторијата Gemological institut of America, на светот има само неколку дијаманти со таков квалитет, но нивната тежина е помала од 4 карати.
Обоените скапоцени камења, на кои отпаѓаат 0,01 отсто од ископаните дијаманти, доминираат според цените на пазарот на накити и драгоцени камења. Нивните посебности и естетскиот изглед предизвикуваат рекордни цени на наддавањата, како што е на пример 24,78-каратниот дијамант Fancy Intense Pink за кој на аукцијата во ноември 2010 година во Женева, лондонската јувелирница „Graff“ плати рекордни 45,6 милиони американски долари.
Се смета дека пазарот на обоени камења е силен поради нивната реткост, како и дека луѓето ги купуваат поради инвестициски цели, како инвестиција од она што се случува на другите пазари. Дијамантите во боја станаа вистински хит, а всушност се последица на природна незгода, бидејќи сите дијаманти во почеток се бели, а доколку некои агенси продрат во земјата им ја менува бојата.
За оние коишто не можеа да издвојат по 20 милиони за дијамантите на наддавањата во Женева, беше понуден и накит по вредност меѓу 3,5 и 4 милиони долари. Така., смарагдниот ѓердан од Колумбија од колекцијата Патино беше понудена по цена меѓу 7 и 10 милиони долари. Симон Патино го купил тој ѓердан за својата сопруга во 1938 година и од тогаш беше во семејството. Роден во 1860 година во Бливија, Симон Патино се збогатил од рудниците на сребро и калај. Кон крајот на 1930-те ги поседувал 60 отсто од светското производство на калај и бил еден од петте најбогати луѓе на светот. Починал во 1947 година во Буенос Аирес, Аргентина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

