Забава
Меркел била шанкерка, Асад незаинтересиран за политика
Рускиот претседател, уште во своите дваесетти години бил разузнавач, Обама ја преиспитувал својата духовност, а Ангела Меркел се мажела и била шанкерка.PolicyMic пишува за девет лидери, што работеле во своите дваесетти години.
Барак Обама
Американскиот претседател Барак Обама, се преселил во Чикаго во 1983 година, откако дипломирал на „Колумбија“. Но пред да се запише на Харвард во 1988 година, тој ја испитувал својата духовност, бил активен член на христијанската црква и патувал во Кенија да ги посети роднините.PolicyMic пишува дека Обама во текот на своите тинејџерски години пиел алкохол, пушел марихуана, а користел и кокаин, затоа што не можел да се носи со некои прашања кои го излудувале.
Владимир Путин
Рускиот претседател и искусен разузнавач, со таа работа се занимавал пред да заврши правен факултет во Ленинград (Санкт Петерсбург).Работел во секретаријатот, бил контраразузнавач, а потоа обучувал агенти. Странските агенти го забележале кога работел во контраразузнавачката дивизија.По завршувањето на факултетот со децении работел во разузнавачката служба, а интересно е што многу малку се знае за неговите рани денови.
Ангела Меркел
Германската канцеларка, Ангела Меркел, на 20 години запознала колега од факултет за физика во Лајпциг. Само по три години тие се венчале, а додека студирала работела како шанкерка.Меркел се развела во 1982 година, по пет години брак, а повторно се омажила во 1988 за Јоаким Сауер, со кого сè уште е во брак.
Башар ал-Асад
Сирискиот претседател раните дваесетти ги поминал студирајќи медицина во Дамаск, а дипломирал 1988 година. Имал своја офталмолошка ординација во воената болница во Дамаск, и не планирал да се занимава со политика.Кога неговиот брат Басел, кој требало да го наследи татко му, загинал во сообраќајка, Башар морал да почне да се занимава со политика. Асад едно време живеел и во Лондон и немал намери да се врати во Сирија.
Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер пред да наполни 20 години, пристапил во војска. Бил учесник во неколку значајни воени операции, особено кога во 1972 година кога од киднапери ослободиле патнички авион.Раните дваесетти ги поминал во САД каде студирал архитектура и бизнис на МИТ.
Дејвид Камерон
Првиот човек на владата на Британија по дипломирањето на Оксфорд, работел во истражувачкото одделение на Конзервативната партија. Иако го сметале за вреден и талентиран, го биел глас дека е дел од Булингдон групата, која е позната по недолично однесување на Оксфорд.Камерон никогаш не зборува за членството во таа група, која неретко е вандалски настроена.
Ким Јонг-ун
Врховниот владетел на Северна Кореја има мистериозно минато, затоа што постојат сомнежи и за точноста на датумот на неговото раѓање, а се наведува дека е роден во 1982 година.Веќе во своите рани дваесетти со својот татко одел во воени инспекции, а завршил и Ким Ил-сунг, воен универзитет, по што брзо се стекнал со чин генерал со четири ѕвездички.Познато е дека е голем фан на Чикаго Булс, и дека го обожувал Денис Родман, кој и го посети.
Хасан Рохани
Иранскиот претседател, е правник по струка, а студиите сам ги финансирал. Патувал по цел Иран, држејќи говори против шахот и го поддржувал ајатолахот Хомеини. Поради тоа морал да ја напушти земјата и да му се придружи на Хомеини во Париз.Апсен е неколкупати во доцните дваесетти, а по Техеран, студирал и во Шкотска. Зборува персиски, англиски и арапски, а се служи со француски, германски и руски јазик.
Кси Џинпинг
Генералниот сектретар на Комунистичката партија на Кина е син на еден од нејзините основачи. Своите рани 20-ти ги поминал во оддалечено село, како и многу интелектуалци во тоа време. Учел за доблестите на селаните, а едно време живеел и во пештера. Сè до 22 година работел како фармер. Подоцна студирал во Пекинг и изучувал марксизам./крај/в/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

