Забава
Родман повторно во Северна Кореја
Контроверзниот американски кошаркар Денис Родман уште еднаш престојува во комунистичка Северна Кореја, една од најзатворените земји во светот, за да договори пријателски кошаркарски натпревар на 8-ми јануари, јави BBC во четвртокот.
Со мечот меѓу селекција на Северна Кореја и група поранешни кошаркари ќе биде одбележан роденденот на челникот Ким Јонг-Ун. Оваа посета го привлече вниманието на светската јавноста бидејќи следува само неполна седмица по погубувањето на тетинот на младиот челник, неговиот поранешен политички ментор и сивата еминенција во власта, Јанг Сонг-Таек. Родман за новинарите во Пекинг изјавил дека патува за Пјонгјанг и дека погубувањето нема никаква врска со неговата посета.
„Што и да сторил неговиот тетин, и кој и да е што нешто сторил во Северна Кореја, јас нема никаква контрола над тоа. Тие работи се случуваат со години..“, рекол Родман за Reuters. „Јас таму одам поради кошаркарски натпревар и да се забавувам“, додал.
Поранешниот играч и NBA првак со Чикаго Булс, оваа година неколкупати ја посетуваше Северна Кореа, каде организираше промоција на кошарката. При посетите, Родман се состануваше со корејскиот водач Ким Јонг-ун, голем љубител на кошарката, но и закана за остатокот од светот поради поседување нуклеарно оружје.
Родман сака да покаже дека Северна Кореја е добронамерна земја, па во септември годинава објави дека одлучил да стане селектор на тамошната репрезентација и да работи на повикување на други репрезентации на пријателски средби.
„Северна Кореа не треба никого да го плаши. Земјата се стреми кон промени. Во тоа се вбројува и кошарката. Сакам луѓето да дојдат овде и да видат дека сé е убаво и мирно. Јас сакам да бидам пример за сите, па ќе почнам со работа како тренер на репрезентацијата“, рече тогаш Родман./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

