Забава
Британски таблоид ги хакирал телефоните на принцот Хари и Кејт Мидлтон
Телефоните на принцот Хари, внук на британската кралица Елизабета Втора, и на сопругата на неговиот постар брат Кетрин Мидлтон, биле прислушувани од персоналот го работел за сега згаснатиот таблоид The News of the World на медиумскиот могул Руперт Мардок, беше изјавено во четвртокот пред судот.
Обвинителот Ендрју Идис, рекол дека пораките коишто принцот Вилијам ги оставал на мобилниот телефон на Мидлтон, вклучително и познатата каде што од милост ја нарекува „бебенце“, се пронајдени во домот на поранешниот уредник, како и кај детективот кој во 2006 година работел за таблоидот.
Пред судот биле презентирани и транскрипти од хакираната говорна порака којашто Вилијам му ја оставил на својот помлад брат Хари, а на којашто се преправа дека е неговата тогашна девојка Челзи Дови.
Ова рочиште е де од процесот против поранешните уредници на The News of the World, Енди Коулсон и Ребека Брукс, покрај кои се обвинети уште пер лица за различни кривични дела, на пример пресретнување на гласовни пораки на мобилни телефони, што обвинетите го негираат.
Иако и претходно беше познато дека весникот ги имал за цел соработниците и помошниците во кралското семејство, ова е првпат да се открива дека и самите членови на кралското семејство биле цели на хакерите и немале соодветна заштита./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На Никол Кидман и се додворува познат милијардер: на актерката и се насмевнува нова љубов?
Славната Никол Кидман изгледа подобро од кога било во кариерата, се согласуваат многумина. Пред пет месеци, таа официјално се разведе од музичарот Кит Урбан, со кого беше во брак 19 години и со кого има две ќерки.
Животот продолжува, за што сведочи и фактот дека Кит Урбан веќе пронашол нова љубов, а Никол ужива во својот сингл живот – засега. Сепак, можеби нема да остане сама долго, бидејќи наводно и се додворува влијателниот бизнисмен Пол Салем, кој им признал на своите блиски пријатели дека би сакал да ја запознае, пишува Дејли Меил.
Двајцата наводно имаат многу заеднички пријатели и досега се сретнале двапати, но официјално не се запознале, ниту разговарале.
Пол Салем е исто така разведен и е татко на четири ќерки со неговата поранешна сопруга Навин, со која го заврши бракот во 2021 година.
Тој е претседател на одборот на директори на MGM Resorts International, ко-сопственик на бејзбол тимот Worcester Red Sox, а со децении беше еден од лидерите на инвестициска фирма.
Никол Кидман и Кит Урбан постигнаа конечен договор за развод минатиот месец, откако актерката поднесе барање за развод во септември минатата година. Според извештаите, тие го постигнале договорот без поголеми несогласувања, а не е познато дали имале предбрачен договор.
Забава
(Фото) Една од најубавите жени во светот го поддржа својот сопруг во секси облека
Актерката Ева Мендес е во врска со актерот Рајан Гослинг од 2011 година, со кого тајно се омажи во 2022 година, а денес тие се сметаат за еден од најхармоничните познати парови кои изградиле многу стабилен семеен живот.
Познато е дека убавата Ева е меѓу најголемите обожаватели на својот сопруг до ден-денес, а тоа го докажа со објавување на серија црно-бели фотографии на Денот на вљубените на кои позира во кревет, облечена само во маица.
И не е било каква маица, туку една со ликот на Рајан Гослинг, а со овој гест го поддржа неговиот најнов филм „Project Hail Mary“.
Маицата е неколку броеви поголема, но дури и во неа Ева Мендес изгледа неверојатно секси, па, како што се очекуваше, на Инстаграм следеше лавина од комплименти.
И не е прв пат таа да го поддржи својот сопруг на овој начин, бидејќи ова е убава традиција за познатиот пар – да се поддржуваат еден со друг на овој начин – со одбрани маички.
Забава
(Фото/Видео) Ќерката на Синди Крафорд остава без зборови во „гол“ фустан
Моделот Каја Гербер, ќерка на познатата мајка Синди Крафорд, се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Independent Spirit“ во смел фустан во кој изгледаше божествено, докажувајќи дека е свесна за модата и е вистинско олицетворение на еден од најбараните модели на сите времиња.
@voguespain #KaiaGerber y la demostración de que un vestido con transparencias puede ser el look más sofisticado. La modelo y actriz estuvo anoche en los Independent Spirit Awards ✨ #SpiritAwards #modaentiktok ♬ original sound – nj.audios
Каја избра целосно транспарентен, тесен фустан од чипка без ракави кој ја истакна нејзината совршена фигура, а тоа смело модно парче е од престижната куќа „Живанши“.
Во впечатлив фустан, таа привлече и погледи и воздишки, и самоуверено позираше за фотографите и снимателите, вешто правејќи ги најдобрите пози.
Фустанот доаѓа од колекцијата пред есен 2026.

