Забава
Бразилска школа на самба бара танчарки без силикони
Една од бразилските школи на самба објави дека бара дваесет танчарки кои ќе учествуваат на прочуениот карневал во Рио Дежанеиро, а единствениот услов дека немаат силиконски додатоци во градите.
Школата на самбата Mocidade Independente Padre Miguel ги повика танчарките „со прекрасни и природни гради“, „со која и да е големина“ пренесува информативниот портал G1. На танчарките им е понуден и бесплатен костим за карневалот, коишто инаку си ги купуваат самите учесници на карневалот по цена од 200 до 500 американски долари.
Избраните танчарки „без силиконски додатоци во градите“ ќе ја водат танчарската школа Mocidade Independente Padre Miguel којашто заедно со уште 11 други школи на самба ќе се натпреваруваат за престижната титула за шампион на карневалот за 2014 година кој треба да се одржува од 28-ми февруари до 4-ти март.
Бразил, инаку, зад Соединетите држави е втората земја на светот според бројот на естетски операции со повеќе од 800 илјади зафати годишно./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:
Забава
(Фото) Бред Пит изненади со нов изглед на бејзбол-натпревар
Бред Пит повторно го промени својот имиџ. Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од американската бејзбол-лига World Series, кој се одржа на 28 октомври на стадионот „Доџерс“ во Лос Анџелес. Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, седи бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува „Е!Онлајн“.

На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој беше со басистот на „Ред хот чили пеперс“. Двајцата го гледаа натпреварот помеѓу домашниот тим од Лос Анџелес и Торонто Блу Џејс, во кој канадскиот тим на крајот победи со резултат од 6-2.

Грубиот изглед е во остра спротивност со кратката фризура што 61-годишниот актер ја имаше во јуни на премиерата на неговиот филм F1: The Movie.

Кога го прашаа за причината за бричењето на главата, Пит за списанието „Пипл“ кусо објасни: „Тукушто завршив со работа. Тоа е за лик што го правевме“.
фото: принтскрин
Забава
Ѕвездата од популарната серија „Суитс“ објави гола фотографија од сопругата: Среќен роденден
Патрик Џ. Адамс, ѕвездата од популарната серија „Suits“, ѝ го честиташе на својата сопруга, актерката Тројан Белисарио роденденот на многу посебен начин. Тој сподели нејзина гола фотографија покрај базенот на својот Инстаграм, на која таа е во друштво на нивното куче Бинс.
„Не знам како го правиш сето тоа или како јас имав среќа да го правам ова со тебе, но ќе ја земам секоја проклета капка што можам да ја добијам“, напиша покрај фотографијата 44-годишниот актер.
„Среќен роденден @sleepinthegardn – ти си дар кој буквално никогаш не престанува да дава и секој што е доволно среќен да те познава го чувствува тоа. Секогаш одиш напред, ниту еден камен не останува непревртен, нема спиење до Бруклин, нема одмор за злите, нема ако, и или но, нема штета, нема прекршоци, нема храброст, нема слава. Цело срце. Цел труд. Цела љубов. Секогаш и на секој начин“, додаде тој во емотивна порака.
Покрај оваа смела фотографија, Патрик објави и низа други слики од нивните животи, вклучувајќи фотографии од актерката во ледена бања, од заедничко пешачење, како лежат во кревет покрај нивната седумгодишна ќерка Аурора и седат со четиригодишната ќерка Елиот на јога подлога.
фото: принтскрин

