Забава
Дедо Мраз нов вид во зоолошка градина
Поради зголемената популарност на американизираниот Дедо Мраз во Чешка на штета на домашниот традиционален Језишек, во зоолошката градина во престолнината Прага тројца „дедомразовци“ го минаа целиот викенд во кафез со натписот „многу агресивен инвазивен вид“.
Како што забележуваат локалните медиуми, по падот на комунизмот, чешкиот јавен и медиумски простор во периодот на Божикните и новогодишни празници во сѐ поголема мера е зафатен од ликот со импресивна долга бела брада облечен во црвен костум.
Дедо Мраз, кој во Чешка се смета за увезен од САД, станал така опасен предатор кој сѐ повеќе го засенува традиционалниот Језишек (Исусче), кој со векови на чешките дечиња им ги носи подароците за Божик.
Сакајќи да ја исмеат присилната американизација на општеството на штета на традиционалните вредности, тројцата „дедомразовци“ се сместија во зоолошката градина , каде што од петокот до неделата на секој час беа хранети исклучиво со „џанк“ храна, пржени компирчиња,хамбургери и „кока-кола“.
И покрај репутација на атеистичка земја, Чесите се многу приврзани на традицијата на малиот Исус кој ги носи подароците, а едно истражување на јавното мнение покажа ек аури 80 отсто од Чесите не го сакаат американизираниот Дедо Мраз.
До падот на комунизмот, пак, Чесите даваа отпора кон еден друг белобрад старец, советскиот лик на Дедо Мраз, откако во 1948 година комунистите ја преземаа власта во тогашната Чехословачка, кога чешките деца требаа да веруваат дека подароците под новогодишната елка не ги остава детето родено во шталата во Витлеем, туку дедото кој доаѓа од Истокот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

