Контакт

Забава

Новогодишна елка од над илјада шишиња шампањ

Објавено пред

Четири метри високата новогодишна елка направена од 1.100 шишиња шампањи и минерална вода е поставено за празниците во литванскиот град Лаздијаи, во близина на границата со Полска.

Полицаецот Далиус Валуконис, кој инаку не пие алкохол, изјавил дека минал три години и стотици часови слободно време за да го обликува дрвото, користејќи шишиња коишто ги собирал од ресторани, барови, од семејства и од пријателите.

Објаснил дека шишињата заедно ги држи специјална метална структура со куки и пена. За следната година ветил уште поимпресивна инсталација./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Илјадници риби со необичен облик преплавија плажа во Калифорнија

Објавено пред

Низата зимски бури што ја зафатија Калифорнија предизвикаа плажата северно од Сан Франциско да биде преплавена со необични суштества. Тие многу личат на машкиот полов орган и затоа добиле прекар пенис-риби.

View this post on Instagram

SHOOK 😳 Thousands of these marine worms—called fat innkeeper worms, or “penis fish”—were found on Drake’s Beach last week! These phallic organisms are quite common along the West coast of North America, but they spend their whole lives in U-shaped burrows under the sand, so few beachgoers are aware of their existence. ⛈🌊 A recent storm in Northern California brought strong waves that washed away several feet of sand from the intertidal zone, leaving all these fat innkeeper worms exposed on the surface. 🏖 Next time you go to the beach, just think about the hundreds of 10-inch, pink sausages wiggling around just a few feet under the sand. 🙃 . . Get the full story in our new #AsktheNaturalist with @california_natural_history via link in bio! (📸: Beach photo courtesy David Ford; Worm photo by Kate Montana via iNaturalist)

A post shared by Bay Nature Magazine (@baynaturemagazine) on

Според списанието Bay Nature, овие суштества се всушност морски црви. Најмногу се наоѓаат под песокот и далеку од плажите, но неодамнешните бури ги извадија на површина.

Како што се гледа на фотографиите, изложени на плажа, пенис-рибите се лесен плен за птиците.

Инаку, овие суштества се деликатес во Јужна Кореја.

Прикажи повеќе...

Забава

Фустан на принцезата Дајана продаден за 280.000 долари

Објавено пред

Принцезата Дајана носела посебно дизајниран фустан на вечера во 1985 година во Белата куќа, кога танцувала со американскиот актер Џон Траволта. Фустанот го купила фондацијата која се грижи за кралската палата, за 280.000 долари.

Фустанот кој го дизајнирал Виктор Еделстин, во темносина боја, со голи рамена, а кој го носела принцезата Дајана, аукциската куќа „Кери Тејлор Оушн“ го ставила на продажба. Вредноста на фустанот е проценета на цифра од 320.750 до 384.900 долари, но бидејќи не го достигнала тој износ, фондацијата понудила да го откупи по аукцијата.

„Продаден е по аукцијата по цена од 220.000 британски фунти. Продавачот е воодушевен и се надевал дека ќе остане во Британија“, навела аукциската куќа.

Фондацијата „Хисторик Ројал Палас“, која се грижи за палатата „Хемптон корт и Тауер оф Лондон“, како и јавните делови на Кесингтонската палата во која некогаш живееше принцезата Дајана, објави дека купила дел од историјата.

„Не само што фустанот ‘Траволта’ е фантастичен пример на луксузно шиење, чија цел била да воодушеви за време на државните посети, туку претставува и клучен момент во приказната за кралската мода во 20 век“, рекла кустосот Елери Лин од „Хисторик Ројал“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Русите направија „бмв“ управувано од куче

Објавено пред

Момците од рускиот јутјуб-канал „Гаража 54“ се познати по тоа што сакаат да сечат автомобили, да ги преправаат и од нив да прават буквално сè и сешто, како и да ги украсувааат со разни можни додатоци од сопствено производство.

Овој пат автомобилот не бил исечен однадвор, туку внатрешноста на едно старо „бмв серија 3“ ја преправиле така што воланот и другите команди ги преместиле од предното на задното лево седиште.

Кога се увериле дека конверзијата излегла како што ја замислиле, тие го ставиле германскиот овчар Самурај на предното седиште зад оригиналниот волан што не го поместиле, дале гас и се упатиле кон градот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор за изборниот модел да преговараат по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија51 минута

Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија2 часа

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ3 часа

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа3 часа

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет4 часа

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија20 часа

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ20 часа

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија21 час

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ22 часа

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија24 часа

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија1 ден

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија1 ден

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет1 ден

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет1 ден

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет1 ден

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија2 дена

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет2 дена

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет2 дена

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Досие