Забава
Првиот американски златник продаден за повеќе од 4,5 милиони долари
Примерок на златник од 1787 години, прв златник искован во САД, е продаден на аукција за повеќе од 4,5 милиони американски долари, објави во петок аукциската куќа Heritage Auctions.
Златникот “Brasher Gold Doubloon“, именуван по неговиот изработувач Епраим Брашер, е продаден за 4,56 милиони долари на нумизматичка аукција во Орландо на Флорида.
Кованицата, од која останале уште сао неколку примероци, беше ѕвезда во романот на Рејмонд Чендлер и филмот снимен според истоимената книга “The Brasher Doubloon“ од 1947 година на режисерот Џон Брам. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.
Забава
(Видео) Ѕвездата од Бриџертон ја открива непријатната вистина зад 18+ сцената на скалите
Ѕвездата од „Бриџертон“, Јерин Ха, ја откри не толку гламурозната вистина за снимањето на страсната сцена со скалите што привлече толку големо внимание од гледачите.
Додека обожавателите го очекуваат вториот дел од 4. сезона на серијата, која ќе се појави на Нетфликс на 26 февруари, актерската екипа открива детали зад сцената.
Најновата сезона го следи Бенедикт Бриџертон, игран од Лук Томпсон, и неговата потрага по мистериозната „дама во сребрено“, односно досетливата слугинка Софи Бек, играна од Ха. Нивната приказна кулминира во експлицитна сцена на скали, но снимањето, вели актерката, било сè друго освен романтично.
Сцената со скалите се одвива во четвртата епизода и прикажува страсен момент помеѓу Бенедикт и Софи на скалите од куќата Бриџертон.
Иако сè изгледа беспрекорно на екранот, Ха откри дека и таа и Томпсон биле болни пред снимањето. „Бевме малку ментално исцрпени и нервозни, па затоа мојот имунитет беше опаднат“, рече таа.
@netflixanz The staircase scene…omg #Bridgerton #WhatToWatch ♬ original sound – Netflix Australia & NZ
Ха и Томпсон зборуваа и за делот од сцената што започнува многу интензивно, а потоа нагло запира кога Бенедикт ја замолува Софи да му биде љубовница. „Беше како некој да ме удрил“, рече Ха, објаснувајќи дека во тој момент нејзиниот лик како да се вратил во реалноста и сфатил дека се „од два различни света“.
Томпсон додаде дека Бенедикт бил изненаден од нејзината реакција и дека искрено верувал дека нуди нешто што ќе „функционира“. Тој вели дека тоа покажува поанксиозна и ранлива страна од него што публиката не ја видела до тој степен порано.
Забава
(Видео) Најдобрата тенисерка критикувана за рекламата за Оземпик: нејзиниот одговор на хејтерите е – танцување на шипка
Познатата тенисерка Серена Вилијамс (44) секојдневно ги инспирира коментаторите на социјалните мрежи, на многу различни начини. Нејзиниот изглед е секогаш тема на медиумите, како и нејзината видлива трансформација на телото, а потоа привлече негативни коментари кога учествуваше во реклама за лек за слабеење.
Рекламата што ги налути дури и оние што ја сакаат беше емитувана за време на Супербоул, а станува збор за лекови за слабеење што самата Серена ги истакна како тие ѝ помогнале во процесот на трансформација.
„Најдобрата тенисерка на сите времиња дојде да го рекламира Оземпиќ“, разочарано коментираа на мрежите.
Сите овие реакции веројатно стигнаа до Вилијамс, која сними видео за кое велат дека е одговор на хејтерите.
Во нејзиното видео на TikTok, Серена вежба танцување на шипка, pole dance, и сето тоа со кратка порака.
@serena I’m back to training on my 2 favorite devices.
„Се враќам на тренинг со моите две омилени парчиња опрема.“
Серена Вилијамс никогаш не криела дека се мачела со својата тежина, а работите станале уште полоши по второто раѓање. Пред две години, кога престана да дои, таа го започна процесот на слабеење и успеа да ослабе 14 килограми.

