Забава
Се продава вилата на Ал Капоне
Вилата на легендарниот американски гангстерски бос Ал Капоне на Мајами Бич, се продава за почетна цена од 8,5 милијарди американски долари.
Раскошната вила којашто се наоѓа на имотот од 2.700 квадратни метри, е изградена во 1922 година, а се наоѓа на престижниот остров Палм Ајленд во американската сојузна држава Флорида. Во неа Ал Капоне починал откако е ослободен од познатиот затвор Алкатраз во 1947 година, на 48-годишна возраст, откако во неа живеел четири ипол години.
Ал Капоне, кој се збогатил преку шверцувањето на алкохолот во времето на прохибицијата во САД, ја купил вилата во 1928 година за тогашни високи 40 илјади долари. Во тој период големите имоти во Мајами им припаѓале на многу од познатите протагонисти на американското подземје.
Градбата располага со површина од околу 930 квадратни метри, седум спални и седум бањи. Ентериерот на вилата е украсен во шпански стил со мермерни и златни орнаменти. Во паркот на територијата на комплексот има и приватна капела, голем базен и гостинска куќа, а со тешката дабова порта и бетонската ограда наликува на вистинска тврдина. Дури, комплексот има и стражарска кула во којашто во 1930-те постојано дежурало обезбедувањето на гангстерскиот шеф.
Вилата осана сопственост на потомците на ангстерот до 1970-те години, која ја купил пилотот на воздухопловната компанија „Delta Airlines“ Хенри Морисон. Сегашниот сопственик е компанијата којашто ја контролира њујоршкиот финансиер Ентони Панебианко, која ја купи пред само шест месеци за 7,4 милиони долари.
Еден од најозлогласените мафијашки кумови Ал Капоне се доселил на Мајами, откако е протеран од Чикаго, а потоа и од Лос Анџелес. Откако се доселил на Палм Алјенд, весниците го следеле секој негов чекор, а гувернерот на Флорида има наредил на шерифите и при најмала грешка да го уапсат Капоне и да го протераат од државата.
Споменатиот имот се споменува како местото на коешто Ал Капоне го испланирал „масакрот на свети Валентин“ од 14-ти февруари 1929 година, кога бруталноста и истовремената ликвидација на седумте најголеми мафијашки противници на Капоне се ликвидирани во Чикаго, што ја шокирало американската јавност. Сепак, никогаш не се откриени докази за да мое да се покрене процес. На крајот Капон завршува зад решетки, но не за шверцување алкохол или убиства на конкурентите во подземјето, туку за даночно затајување./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

