Забава
Предизвик за жените со стил во Скопје Сити Мол
По повод Денот на жената, 8-ми Март, Skopje City Mall им овозможува на сите припаднички на понежниот пол кои сакаат да го претстават својот моден стил во јавност, и за тоа да добијат вредни награди учествувајќи во изборот на жена со стил.
Да се има уникатна појава во време кога понудата на модни парчиња и веќе презентирани аутфити е се поголема, е нешто што се носи во себе. Дамите со веќе изграден моден стил изгледаат моќно и самоуверено и секогаш се подготвени за нови предизвици.
Токму затоа, „идејата ни е да направиме нешто посебно за жените, особено за оние кои ја сакаат модата, модните промени и ги следат модните трендови. Сакаме да го одбележиме денот на жената на еден уникатен, несекојдневен начин, со моден настан на кој, како за промена, нема да бидат претставени манекенки од модните студија, ниту пак дизајнерски парчиња облека, туку во центарот на вниманието ќе бидат дами од која било професија со свој препознатлив аутфит. Избраната жена со стил, ќе добие вредносни ваучери од Скопје Сити Мол“, соопштија од Скопје Сити Мол.
Од неделата (23-ти февруари) дамите кои сметаат за себе или за своите пријателки дека имаат уникатна модна појава, можат да се пријават за учество за избор на жена со стил, во веќе поставениот Show Room на влезот кај ул.МАНАПО во Скопје Сити Мол. Сé што треба да направат е да ги остават своите податоци кај одговорните лица за проектот, да имаат веќе 18 години и притоа да приложат фискална сметка од кој било локал во Скопје Сити Мол со износ над 500 денари и да да очекуваат информација за датумот и терминот за одржување на кастингот.
По завршувањето на кастингот, одбраните осум дами со најдобар стил, ќе добијат ваучери кои ќе им послужат да изберат модни парчиња со кои потоа ќе се претстават на модниот настан. За оние дами кои ќе имаат храброст да учествуваат на кастингот, исто така ќе бидат обезбедени награди од Скопје Сити Мол.
Одговорни стилисти за целиот проект кои ќе ја изберат жената со стил ќе бидат нашите најпознати модни критичари Александар Билјановски – Дадар, Сергеј Варошлија и Сретен Костиќ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

