Контакт

Забава

Откриена статуа на Џобс во Белград направена по нарачка од Apple

Објавено пред

По повод 59 години од раѓањето на основачот на компанијата Apple, Стив Џобс, во понеделникот вечерта во културната установа Палилула во Белград беше откриенa статуа на човекот кој ја промени светската технолошка сцена.

dobivaj vesti na viber

Статуата е дело на вајарот Драган Раденовиќ, а е направена по нарачка од централата на Apple од Купертино, САД, јавува „Танјуг“.

За неколку денови статуата ќе биде пренесена во Купертино, каде што Џобс одел во училиште и каде што се наоѓа седиштето на Apple, водечка корпорација во областа на информатичката технологија и најскапата компанија во светот чија пазарна вредност на берзата надминува 620 милијарди долари.

Џобс почина во октомври 2011 година по долга борба со ракот, а неколку месеци пред неговата смрт тој се повлече од местото генерален директор на Apple.крај/мф/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Халк Хоган ја сподели својата последна објава на Инстаграм само еден ден пред неговата смрт

Објавено пред

Светот е затекнат од тажната вест за смртта на легендата за професионално борење Халк Хоган. Тој почина на 71-годишна возраст од срцев удар во својот дом во Клирвотер, Флорида, според ТМЗ.

dobivaj vesti na viber

Само еден ден пред неговата смрт, во среда, 23 јули, Хоган објави фотографија на својот Инстаграм профил која се покажа како негова последна. На неа се гледа плажна крпа со негова слика на неа, поставена на песок. Во соработка со неговиот сопствен бренд за пиво, Real American Beer, тој напиша покрај фотографијата: „Ден на плажа спонзориран од братство“.

По веста за неговата смрт, обожавателите се збогуваат со Хоган во коментарите под неговата последна објава.

„Почивај во мир. Халкманијата ќе живее засекогаш“, „Почивај во мир, Халк. Ќе ни недостигаш“ и „Вистинска легенда“, се некои од коментарите под објавата.

Хоган, чие вистинско име е Тери Болеа, се здоби со слава како професионален борач и се смета за клучна фигура во трансформирањето на борењето во глобален спектакл и семејна забава. Неговите харизматични и театарски настапи во рингот привлекоа широка публика и создадоа армија од нови фанови. За неговиот огромен придонес, тој беше примен во Куќата на славните на WWE.

Тој ги остави сопругата, Скај Дејли, и децата, Брук и Ник Хоган.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Најсексапилното издание на пејачката која „се преполови“

Објавено пред

Кристина Агилера изгледа послаба од кога било и е непрепознатлива за многумина, а за црвениот тепих избра многу провокативна облека која малку криеше.

dobivaj vesti na viber

Поп-ѕвездата Кристина Агилера (44) е речиси непрепознатлива во последните месеци, откако успеа да ја врати фигурата што ја имаше на почетокот на кариерата. Се чини дека диктира нови, заводливи модни трендови и е апсолутно среќна во својата „нова“ кожа.

На премиерата на мјузиклот „Бурлеска“, таа се појави во црна креација со ленти и метални детали кои буквално криеја малку. Фустанот изгледаше како декоративен детаљ над секси црна долна облека, а Кристина ја надополни оваа провокативна креација со црни хулахопки и црни чевли со панталони.

Таа во последните месеци стана уште послаба, па многумина се сомневаат дека, како и многу јавни личности, го користи Оземпик, но иако не проговори директно на оваа тема, таа рече дека повеќе не обрнува внимание на коментарите за своето тело.

„Едноставно не ми е гајле за вашето мислење сега. Нема да го прифатам“, рече таа во август 2024 година, очигледно започнувајќи нова, позрела фаза од својот живот во која критиките и негативните коментари не ја потресуваат.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Српски актер јадеше леб, домати и паштета на плажа во Сплит: „Не дозволувајте лажните инфлуенсери да ви ги диктираат деновите“

Објавено пред

Српскиот актер Амар Мешиќ, кој глуми во хрватска серија, е на одмор во Сплит.

dobivaj vesti na viber

Се снимаше како јаде домати, леб и паштета на плажа.

„Никогаш не се преправајте дека сте нешто што не сте. Не дозволувајте лажните инфлуенсери да ви ги диктираат деновите. Уживајте во малите нешта како што јас правам леб, домати и паштета. Тоа е животот“, напиша тој во описот на видеото што го објави на „Тик-ток“.

@ammarmesic Nemojte nikad u životu glumiti nešto što niste. Nemojte da dozvolite da vam lažni influenseri kroje dane. Uživajte u malim stvarima kao i ja u hlebu, paradajzu i argeti. To je život. ❤️ #split #croatia #summer2025 ♬ original sound – Ammar

Видеото предизвика многу реакции.

„Не заборавајте дека хрватскиот туризам е изграден со туристи кои летувале низ целиот Јадран носејќи своја храна“, „Вака се јаде кога си среќен, кога си свој, кога уживаш во животот, а не во скапи ресторани за светот да го види“, „Нека луѓето јадат што сакаат“, „Јас претпочитам пита и јогурт“, „Ова ме враќа во моето детство“, „Тоа е за појадок, а за ручек може да имате печено пилешко кое можете да го исечете со прсти“, „Точно така, нема подобра комбинација“, се некои од коментарите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет59 минути

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет1 час

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардираше, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет1 час

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија1 час

Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија11 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија13 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија14 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија18 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ18 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија19 часа

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија20 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет20 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион22 часа

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа22 часа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ23 часа

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...

Свет1 ден

Британија и Индија ќе потпишат трговски договор: пониски царини за виски и автомобили

Обединетото кралство и Индија ќе потпишат договор за слободна трговија во четврток, за време на посетата на индискиот премиер Нарендра...

Европа1 ден

Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, изјави...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку 10 пожарникари и спасувачи загинаа во пожар во Турција

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 припадници на службите за итни случаи и шумарски работници се повредени при...

Македонија1 ден

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура...

Македонија2 дена

(Видео) Акција во мотел во Тетово: Приведено лице за проституција, повреден е полицаец

Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во...