Забава
Италија има најбрз интернет во светот

Италија е на првото место по брзина на интернет конекција во светски рамки, а зад неа се Германија, Холандија и Јужна Кореја, пренесува Укринформ.
Научниците од институтот TIB во Силиконската долина ја проучиле брзината на интернет конекцијата низ целиот свет и објавиле извештај во кој се вели дека просечната брзина на интернетот во Италија е 69,3 мегабити во секунда.
Во извештајот исто така се споменува дека во Италија постои потенцијал да се достигне брзина на интернет конекцијата, која што во моментов е незамислива./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сестрата на Фреди Меркјури потроши цело богатство за да го врати имотот на својот брат

Сестрата на британскиот музичар Фреди Меркјури, Кашмира Булсар, потроши три милиони фунти за да ги добие личните работи на покојниот пејач откога неговата поранешна партнерка Мери Остин ги стави на аукција.
Како што објавува „Дејли мејл“, кога дознала дека Мери ги ставила на продажба некои од сеќавањата на Фреди, неговата сестра Кашмира наводно била скршена од болка и решена да ги задржи во семејството.
Лута и вознемирена што толку многу работи на брат ѝ станале достапни за сите, таа и нејзиниот син Џамал Зук решиле да учествуваат на аукцијата и да платат за работите на ѕвездата од „Квин“ останувајќи анонимни за да не ја известат Мери.
Таа отиде на приватно разгледување за да ги види предметите на продажба, а потоа го испрати својот личен асистент во „Сотби“ во свое име, додека таа го гледаше емитувањето преку интернет и ѝ кажа на својата асистентка колку да понуди.
Се тврди дека меѓу предметите што ги купила бил елек од 139.700 фунти, на кој се насликани шесте мачки на Фреди, што тој го носел во музичкото видео за These Are The Days Of Our Lives, само шест месеци пред неговата смрт. Исто така, дека платила 406.400 фунти за џубоксот Wurlitzer Model 850 и 279.400 фунти за осум страници со текст од песната Killer Queen од 1974 година. Таа потрошила најмногу пари за воената јакна направена за 39. роденден на својот брат издвојувајќи 457.200 фунти.
Други предмети што биле побарани биле ламбата направена од вазна Daum Persimons, вредна 22.860 фунти, дуксерот „Најки“, вреден 40.640 фунти и кофата за коцки мраз за 19.000 фунти.
Мери претходно продаде повеќе од 1.400 предмети на Фреди за вкупно 12.172.290 фунти на аукција организирана од „Сотби“ во септември 2023 година.
Забава
Мегин Кели остро ја нападна Блејк Лајвли на гала-вечерта „Тајм 100“: „Таа не требаше да биде тука“

Американската водителка и новинарка Мегин Кели јавно ја критикува Блејк Лајвли на гала-вечерта „Тајм 100“ откога актерката беше прогласена за една од „највлијателните луѓе на годината од списанието „Тајм“.
„Тоа е смешна шега“, изјави водителката за „Дејли мејл“ на црвениот тепих од настанот во Њујорк во четвртокот вечерта. „Таа не треба да биде тука. Таа нема никакво влијание врз ништо“, додаде таа.
Кели исто така рече дека Лајвли „изнесе лажно обвинение за MeToo“ против Џастин Балдони, режисерот и коѕвездата на It Ends With Us.
„Затоа таа денес се кае бидејќи речиси сите нејзини обвинувања се распаѓаат“, додаде водителката. „Фактот дека таа сега е славна затоа што се обидела да уништи нечиј живот, без никаква основа – тоа е скандал. Јасно е дека ‘Тајм’ бара големи ѕвезди за да го продава списанието, но тоа е сосема погрешно“, рече таа.
Новинарката се пошегува дека копнеела по селфи со Лајвли и Меган Маркл бидејќи и двете ѝ обезбедиле часови и часови содржина за емисијата „Шоуто на Мегин Кели“. „Имам чувство дека Лајвли ќе ме избегнува. Јас нема да избегнувам никого. Во ред сум со тоа“, рече таа.
Лајвли се појави на црвениот тепих во фустан со голи рамења од дизајнерот Зухаир Мурад. Таа дојде на настанот придружувана од сопругот Рајан Рејнолдс, кој зборуваше на самитот „Тајм 100“ претходниот ден. Актерката беше именувана на престижната листа претходно овој месец како „филантроп и личност што се занимава со најсложените социјални прашања во САД“.
И покрај ова, Лајвли се соочи со бран критики на интернет за добивањето на признанието во средината на правната битка со Балдони. Иако судењето е закажано да почне во март 2026 година, некои веќе зазедоа страна. „Блејк Лајвли не е влијателна – таа е манипулативна и злобна“, „Само во Холивуд лажењето може да ве стави на листата на највлијателни“, се само дел од коментарите.
Лајвли поднесе тужба против Балдони во декември 2024 година обвинувајќи го за сексуално вознемирување на снимањето. Таа исто така тврди дека Балдони и неговиот тим почнале кампања за клевета со цел да го уништат нејзиниот углед. Балдони ги негира обвинувањата, а потоа поднесе контратужба од 400 милиони долари против Лајвли, Рејнолдс и нивната портпаролка Лесли Слоун обвинувајќи ги за клевета и уцена.
Забава
Познатиот модел привлече внимание во Њујорк, налетот на ветерот откри премногу

Хајди Клум го привлече вниманието на минувачите во Њујорк кога доживеа моден проблем.
Познатата манекенка и водителка се појави во долг, црн фустан-сако со висок шлиц, а налетот на ветер речиси откри премногу.
51-годишната поранешна манекенка бргу се снајде, го покри шлицот со рацете и позира за фотографите насмеана додека двајца минувачи гледаа. Клум го надополни изгледот со високи потпетици, црни очила за сонце и дијамантски обетки.
Инаку, ова не е првпат моделот да привлече внимание со своето појавување во Њујорк. Кон крајот на март таа се прошета низ Менхетн во јакна со длабоко деколте и проѕирно здолниште привлекувајќи го вниманието и на фотографите и минувачите.
Супермоделот се враќа во „Проект писта“, американско реално шоу, кое им дава можност на талентирани модни дизајнери да се натпреваруваат во креирање облека преку разни предизвици. Клум беше водителка на шоуто од неговото основање во 2004 година до 2017 година, а сега, по осумгодишна пауза, таа се враќа како водителка на 21. сезона.