Забава
Два плода манго продадени за над 2.000 евра
Два плода манго во четвртокот на аукција во јужниот дел од Јапонија беа продадени за 300 илјади јени или 2.125 евра, што претставува рекорд дури и за Јапонија каде што цените на овошјето се вртоглави.
Двата плода манго наречени „Taiyo no tamago” (сончево јајце) ги купил во регионот Мијазаки на островот Кјушу во југозападна Јапонија ги купил голем трговски синџир кој со авион ќе ги префрли и ќе ги изложи, пренесува агенцијата Kyodo.
За да влезе во категоријата манго со висок квалитет, секој плод мора да тежи најмалку 350 грама и да содржи висок процент на шеќер, според одредбите на округот Мијазаки.
Иако станува збор за рекордни цени, познато е дека во Јапонија овошјето е многу скапо. Така, на пример, едно јаболко чини околу две евра, а за дваесетина цреши, коишто Јапонците ги купуваат како подарок, треба да се плати и до 70 евра.
Во 2008 година, две мускатни дињи беа продадени за 2,5 милиони јени, што според денешниот курс би изнесувало 17.750 евра.
Во 2013 година грозд од сортата „Ruby Roman” беше продаден за 4.000 долари. Вкрстувањето на оваа сорта започнува во средината на 1990-те години во јапонската префектура Исикава и веќе во 2007 година создавачите ја регистрирале новата сорта наречена „Ruby Roman”.
Таа се разликува од вообичаените сорти грозје по несекојдневната рубинова боја на месестиот дел од плодот и големината на зрното коешто во дијаметар има околу три сантиметра. Тежината на секое зрно е околу 20 грама. Првиот грозд од сортата „Ruby Roman” е продаден во 2008 година, цената на еден грозд тогаш изнесувал илјада американски долари, а во јули 2011 година еден грозд достигнал цена од 6.400 долари.
Вo 2013 година исто така на аукција, лубеница од познатата сорта „Денсуке” којашто се одгледува во градот Тома на јапонскиот остров Хокаидо, беше продадена на наддавање за 300 илјади јапонски јени или околу три илјади американски долари, соопшти локалната земјоделска асоцијација на својата официјална интернет страница. Просечната тежина на лубениците од оваа сорта се движи меѓу пет и седум килограми.
Лубениците „Денсуке” се одликуваат по својата неповторлива црна кора и светло црвена и шеќерно слатка внатрешност. Овие лубеници се продаваат во специјални црни кутии кои ја потенцираат нивната природна боја. Тие се јавуваат во градот Тома во средината на 1980-те со цел да се компензираат загубите од намалувањето на реколтите од ориз. Затоа, според здружението, нивното име се состои од хиероглифите „оризово поле” и „помош”.
Минатата година на аукциите беа понудени околу 60 илјади лубеници „Денсуке”. Нивната почетна цена вообичаено изнесува пет илјади јени или 50 долари за парче.
Рекордната цена за овој вид лубеници беше постигната пред пет години и изнесуваше 650 илјади јени или според сегашниот курс околу 6.500 американски долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Жената-мачка го покажа вереничкиот прстен: не оди никаде без дијамантот од 200.000 долари
Познатата актерка, Хали Бери (59), „прошета“ за прв пат со својот веренички прстен, за кој се вели дека чинел околу 200.000 долари. Нејзиниот партнер Ван Хант ѝ предложи брак, а ова ќе биде четврти брак на Хејл.
По добрата вест, познатата актерка се појави на премиерата на новиот филм „Злосторство 101“. Како и обично, таа беше совршено стилизирана, а овој пат не избра провокативни фустани. За споменатиот настан, таа позираше во црн тесен комплет во комбинација со свилена блуза.
Нејзиниот колега Крис Хемсворт ѝ правеше друштво пред фотографите, но тој остана во сенка на дијамантскиот прстен.
Како што пишува Дејли Меил, станува збор за дизајн на АртДеко, дијамант опкружен со црни камења, а нивниот експерт за накит истакна дека цената на таков модел е од 120 до 200 илјади долари.
Врската на Хали Бери и Ван Хант започна за време на пандемијата на коронавирусот, и како што претходно истакна актерката, тој ѝ предложил брак уште порано, но таа дури сега се согласила.
Забава
(Фото) Принцот од Брунеј и убавицата со хрватско потекло ја покажаа својата ќерка
Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга, Аниша Калебиќ, од хрватско потекло, добија ќерка на 8 февруари, според телевизијата RTB.
Среќната двојка сега ја објави првата фотографија од својата ќерка, а го откри и името што ѝ го дале на девојката.
„Захра Маријам Болкија. Аниша и јас сме неизмерно благодарни на сите за нивната поддршка и грижа и ви благодариме на сите за вашите убави желби“, напишаа тие во описот.
Тие покажаа и како изгледа бебето, но таа нема да биде во редот на наследници поради правилата на Брунеј дека само мажи можат да го наследат тронот.
Името Захра е од арапско потекло и значи „цвет“ или „блеска“, а Маријам има и семејна симболика, со оглед на тоа што и мајките на Абдул и на Аниша се викаат исто.
Забава
(Видео) Ретко носи проѕирни фустани, а сега ги воодушеви сите: Го покажа своето витко тело
Ен Хатавеј неодамна присуствуваше на ревијата на Ралф Лорен во рамките на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече креација која комбинира чист сексапил и темен гламур.
Станува збор за специфично парче облека кое ја следи линијата на телото, а е украсено со висока јака и целосно отворен грб. Покрај тоа, има слоеви од чипка кои ја продолжуваат должината на целиот фустан и дискретно откриваат црна долна облека.
Но тоа не е сè…
Таа додаде и на стајлингот, да речеме, интересна наметка која ги обвиваше нејзините раце и му даде на целиот аутфит доза на елеганција.
Оваа фатална креација ја надополни со шминка во нежни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура која паѓаше по рамената.
Во еден момент за време на фотосесијата, стави очила и изгледаше како вистинска дива каква што сите ја посакуваат!

