Забава
Данскиот ресторан Noma го поврати приматот најдобар на светот
Ресторанот „Noma” во данската престолнина Копенхаген, ја поврати титулата најдобар на светот, заземајќи го првото место во рангирањето на најдобрите 50 локали во кои се служи храна во изборот Pellegrino Worlds 50 Best Restaurants кој се први на годишно ниво од страна на британскиот магазин Restaurant Magazine, објави списанието на својата интернет страница.
Во изборот учествуваат 900 меѓународни експерти, од готвачи до гастрономски критичари. Секој гласа за седум ресторани, меѓу кои најмалку три треба да се странски, во кои морале да јадат во последните 18 месеци.
Во 2013 година за најдобар ресторан беше прогласен шпанскиот ресторан „El Celler de Can Roca” во Гирона истиснувајќи го од првото место копенхашкиот „Noma” во кој главниот готвач е Рене Реџепи по потекло од Македонија, кој три години по ред, од 2010 до 2012 година, беше на самиот врв, така што со оваа има вкупно четири престижни титули.
Титулата најдобар ресторан на светот „Noma”ја загуби по незгодниот инцидент во февруари 2013 година кога 63 гости се затруја со храна. Ресторанот „Noma издаде по тој повод официјално извинување. Се претпоставува дека за тоа беше одговорен за заболен вработен во ресторанот.
Како што изјави за британскиот магазин Реџепи, кој е сопственик и главен готвач, по триумфот во 2012-тата, „Noma” влегла во „кризата на средните години” поради трите последователни победи. Сепак, во текот на изминатата година „ресторанот уште еднаш се реформирал со нова енергија и нов пристап”, истакнува уредништвото на Restaurant Magazine.
Ресторанот е отворен во 2004 година, а познат е по детално аранжираната храна и употребата на свежи продукти, а главниот готвач Рене Реџепи, по потекло од Македонија, го опишуваат како „носител на Новото нордиско движење”. Просечна вечера во ресторанот „Noma” без пијалак чини 260 американски долари, а маса мора да се резервира со месеци однапред.
На второто место годинава е рангиран минатогодишниот победник каталонскиот ресторан „El Celler de Can Roca” во Гирна кој има три Мишлен ѕвездички, го водат тројца браќа при што Жоан е задолжен за кујната, Жорди е слаткар а Жозеп е главен сомелие.
И годинава на третото место се пласираше е авангардниот ресторан „Osteria Francescana” на сопственикот Масимо Ботура во Моедена во северна Италија. Ресторанот од 2010 година постојано е пласиран во првите десет најдобри на светот.
Покрај, споменатите три ресторана, во првите десет се пласирани уште и „Eleven Madison Park” во Њујорк, „Dinner by Heston Blumenthal” во Лондон, уште еден шпански ресторан „Mugaritz” во Сан Себастијан во Баскија, „D.O.M.” во Сао Паоло во Бразил, „Arzak” исто така во Сан Себастијан во шпанската покраина Баскија, „Alinea” во Чикаго и „The Ledbury” во Лондон.
Интересно е што Французите изразија отворено сомневање во регуларноста на изборот непосредно пред објавувањето на годишната листа на „Педесетте најдобри ресторани во светот”, откако минатата година ниеден француски ресторан не се најде меѓу првите десет. Најдобриот француски ресторан на Ален Пасар „L’Aprege” во Париз минатата година беше дури шеснаесетти, што оди во прилог на тврдењата дека познатата француска кујна ја надминало времето.
Најголемите француски мајстори на готвењето се сомневаат во изборот кој го организираRestaurant. Според, нив магазинот е во сопственост на прехранбената индустрија и неговата методологија е многу проблематична. Стотиците оценувачи рестораните ги избираат по сопствените афинитети, сметаат Французите, без јасно утврдени мерила и критериуми./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ѕвездата од Бриџертон ја открива непријатната вистина зад 18+ сцената на скалите
Ѕвездата од „Бриџертон“, Јерин Ха, ја откри не толку гламурозната вистина за снимањето на страсната сцена со скалите што привлече толку големо внимание од гледачите.
Додека обожавателите го очекуваат вториот дел од 4. сезона на серијата, која ќе се појави на Нетфликс на 26 февруари, актерската екипа открива детали зад сцената.
Најновата сезона го следи Бенедикт Бриџертон, игран од Лук Томпсон, и неговата потрага по мистериозната „дама во сребрено“, односно досетливата слугинка Софи Бек, играна од Ха. Нивната приказна кулминира во експлицитна сцена на скали, но снимањето, вели актерката, било сè друго освен романтично.
Сцената со скалите се одвива во четвртата епизода и прикажува страсен момент помеѓу Бенедикт и Софи на скалите од куќата Бриџертон.
Иако сè изгледа беспрекорно на екранот, Ха откри дека и таа и Томпсон биле болни пред снимањето. „Бевме малку ментално исцрпени и нервозни, па затоа мојот имунитет беше опаднат“, рече таа.
@netflixanz The staircase scene…omg #Bridgerton #WhatToWatch ♬ original sound – Netflix Australia & NZ
Ха и Томпсон зборуваа и за делот од сцената што започнува многу интензивно, а потоа нагло запира кога Бенедикт ја замолува Софи да му биде љубовница. „Беше како некој да ме удрил“, рече Ха, објаснувајќи дека во тој момент нејзиниот лик како да се вратил во реалноста и сфатил дека се „од два различни света“.
Томпсон додаде дека Бенедикт бил изненаден од нејзината реакција и дека искрено верувал дека нуди нешто што ќе „функционира“. Тој вели дека тоа покажува поанксиозна и ранлива страна од него што публиката не ја видела до тој степен порано.
Забава
(Видео) Најдобрата тенисерка критикувана за рекламата за Оземпик: нејзиниот одговор на хејтерите е – танцување на шипка
Познатата тенисерка Серена Вилијамс (44) секојдневно ги инспирира коментаторите на социјалните мрежи, на многу различни начини. Нејзиниот изглед е секогаш тема на медиумите, како и нејзината видлива трансформација на телото, а потоа привлече негативни коментари кога учествуваше во реклама за лек за слабеење.
Рекламата што ги налути дури и оние што ја сакаат беше емитувана за време на Супербоул, а станува збор за лекови за слабеење што самата Серена ги истакна како тие ѝ помогнале во процесот на трансформација.
„Најдобрата тенисерка на сите времиња дојде да го рекламира Оземпиќ“, разочарано коментираа на мрежите.
Сите овие реакции веројатно стигнаа до Вилијамс, која сними видео за кое велат дека е одговор на хејтерите.
Во нејзиното видео на TikTok, Серена вежба танцување на шипка, pole dance, и сето тоа со кратка порака.
@serena I’m back to training on my 2 favorite devices.
„Се враќам на тренинг со моите две омилени парчиња опрема.“
Серена Вилијамс никогаш не криела дека се мачела со својата тежина, а работите станале уште полоши по второто раѓање. Пред две години, кога престана да дои, таа го започна процесот на слабеење и успеа да ослабе 14 килограми.
Забава
(Видео) Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје
„Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години.
Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ.
„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната.
„Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни“, вели Јованов.
Нашиот пејач веќе некое време е фокусиран на големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќе го одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни.

