Забава
‘Месечевата Библија' продадена за 75.000 долари
Минијатурната Библија отпечатена на микрофилм, којашто се смета за една од најраритетните „книги’ на светот откако престојуваше на Месечнианта со мисијата Apollo 14, е продана на наддавање на вселенски експонати во американски Далас за 75 илјади долари.
Ткн Месечева Библија, со димензии 3,8 на 3,8 сантиметри, која може да се чита единствено со помош на микроскоп, е една од 12-те преостанати цели Библии кои со астронаутот Едгар Мичел во 1971 година патувале до Месечината и назад на Земјата.
„Ова минијатурно книжуле на микрофилм ја содржи целата Библија, сите 1.245 страници на Библијата на кралот Џејмс, вклучително и Стариот и Новиот завет”, изјави историчарот Мајкл Рилеј од аукциската куќа Heritage Auctions.
Оваа Библија ја изработила Apollo Prayer League, здружение коешто го основаа вработени во американската агенција за вселенски истражувања NASA и којашто свои следбеници пронајде по целиот свет со идејата дека испраќањето на луѓето во Вселената може да се искористи за да се рашири зборот Божји.
Во 1970 година командантот на мисијата Apollo 13, Џим Ловел исто така требаше да понесе со себе слични 512 примероци на Библијата во мисијата којашто требаше да слета на Месечината, но по експлозијата на резервоарот со кислород на ракетата и сериозното оштетување, летот не се оствари.
Повеќето од овие Библии биле поделени на фрагменти и делени меѓу свештеници во текот на годините. Дванаесет примероци кои преостанале му биле предадени на астронаутот Мичел од страна на Џон Стут од Prayer League.
Една од овие Библии од 22-ри јуни ќе биде изложена во Ватикан, заедно со други артефакти меѓу кои и три фрагмента од Свитоците од Мртвото Море, како што соопшти деновиве Ватиканското радио.
Други експонати од колекцијата на мисиите Apollo коишто привлекоа внимание на наддавањето во Далас во четвртокот беа различните предмети од личната збирка на Алан Бин астронаут од мисијата Apollo 12, меѓу кои и појасот со опремата за одржување во живот кој Бин го носе во осумчасовната прошетка по месечевата површина во номеври 1969 година, продаден за 93.750 долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

