Забава
Смелиот мачор што го спаси детето повикан да отвори меч во бејзбол
Тара, калифорнискиот мачор кој стана славен откако на YouTube беа објавени снимките како го спасува момченцето од напад на пес, е повикан да го изведе „првиот удар” на меч од детската бејзбол лига, соопштија во саботата претставниците на клубот Бејскерфилд Блејз.
Бестрашниот семеен мачо во вторникот со секавична реакција го спаси четиригодишниот Џереми од бесниот пес на соседот кој не предизвикан со ништо го нападна од зад грб додека момченцето возеше велосипед пред својата куќа.
Од снимките на безбедносните камери од соседството во градот Бејкерсфилд во сојузната американска држава Калифорнија, може да се види дека песот се прикрадува од зад еден автомобил и го зграпчува детенцето за ногата па заврши на шиење во болница. Но од потешки повреди кога песот го повлекува од велосипедот, го спасува неговиот мачор кој смело се втурнува во кучето.
Бејзбол клубот Бејкерсфилд Блејз го повика семејството Триантафиљо со нивното галениче да го изведат почетниот удар на натпреварот на 20-ти мај. Четиригодишниот Џереми пати од блага форма на аутизам, а Тара е крај него откако е роден. Осуммесечниот мелез од лабрадор и чов ќе биде евтаназиран четири дена по мечот, потврди локалната полиција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меган Маркл се враќа на глумата по осум години: „Малку сум зарѓана“
По осумгодишна пауза, Меган Маркл се враќа на глумата за новиот филм „Close Personal Friends“. За време на снимањето, таа се шегуваше велејќи дека е „малку зарѓана“ по долгата пауза, според Page Six.
Иако се пошегува, извор на снимањето откри за списанието People дека е очигледно дека добро се подготвила. „Беше очигледно дека вежбала и дека за неа е голема работа да се врати. И беше одлична“, рече изворот. Тој додаде дека Маркл пристигнала на снимањето на филмот на Amazon MGM и „се претставила како Меган“.
„Сè на неа беше многу слатко и мирно“, сподели изворот. „Искрено, изгледаше возбудена што е на снимањето“. Според него, поранешната ѕвезда на „Suits“ била „исклучително дружељубива“ и имала „многу топла енергија“.
Детали за новиот проект
Војвотката од Сасекс снимала сцени во Пасадена, Калифорнија, минатата недела и била во одлично расположение. Маркл, која се игра себеси во филмот, изгледаше елегантно во сино-бела кошула со копчиња и бели панталони. Во филмот, кој го следи парот кој се спријателува со познат пар, глумат и Џек Квејд, Лили Колинс и Бри Ларсон.
Крај на актерската пензија
Враќањето на Маркл во глумата доаѓа осум години откако се пензионираше од Холивуд по свршувачката со принцот Хари во 2017 година.
Нејзината последна улога беше како Рејчел Зејн во хит серијата „Suits“, која ја играше седум сезони од 2011 до 2018 година. Таа имаше и улоги во „Remember Me“ (2010) и „Horrible Bosses“ (2011).
фото: принтскрин
Забава
Три хороскопски знаци се соочуваат со исклучително тешки 7 години: бидете внимателни
Три хороскопски знаци се осудени на тежок период во следните седум години. Нивната судбина е неправедна, но дали ќе најдат сила да издржат?
Се чини дека некои луѓе имаат многу забава во животот, додека други мора да работат напорно за да постигнат мали победи. Така, неповолни астролошки околности ќе ги следат одредени хороскопски знаци до 2032 година.
Астролозите ги предупредуваат трите хороскопски знаци за сериозни предизвици и наведуваат дека ќе се соочат со вистински „пекол“ во следните седум години.
Финансиските проблеми и емоционалните кризи ќе им го променат животот. Астролозите им советуваат да бидат особено внимателни и мудри. Ако не бидат внимателни, ќе се соочат со големи проблеми.
Близнаци
Ѕвездите им носат финансиски проблеми и деловни недоразбирања на Близнаците, што лесно може да доведе до долгови. Ќе им треба огромна сила за да го надминат овој финансиски удар.
Девица
Девиците може да влезат во конфликти со своето семејство. Можни се имотни спорови, што ќе доведе до зголемен стрес. Астролозите советуваат да не се заглавувате во детали и да побарате помош за да избегнете проблеми и неволји.
Вага
Вагата ќе се соочи со големи промени во животот, вклучувајќи финансиски загуби и емоционални разочарувања. Астролозите советуваат да не се донесуваат избрзани одлуки.
Претпазливост и мудри одлуки до 2032 година.
Астролозите советуваат сите три знаци да бидат претпазливи и да донесуваат мудри одлуки за да избегнат сериозни последици. За Близнаците, Девицата и Вагата, периодот до 2032 година ќе биде тежок. Предизвиците ќе траат долго. Само со огромна сила можат да го надминат овој ужасен период.
фото: принтскрин
Забава
Рускиот еликсир на „вечната младост“: за слабеење и подмладување – на душата и телото
Руската народна медицина е богата со лековити рецепти, а меѓу нив е и овој руски билен еликсир на „вечна младост“, комбинација од билки со исклучителни лековити својства – камилица, кантарион, смил и пупки од бреза.
Сите овие билки се богати со лековити својства што се потврдени од многу генерации, а со консумирање на овој еликсир ќе можете да се споредите со луѓе 20 години помлади.
Руски билен еликсир на вечна младост
За да го подготвите, ќе ви требаат:
– 100 грама цветови од камилица
– 100 грама кантарион
– 100 грама цветови од смил
– 100 грама пупки од бреза
За да го подготвите еликсирот, добро измешајте ги наведените состојки и чувајте ги во херметички затворен сад. Земете една голема лажица од смесата и прелијте ја со половина литар врела вода, покријте и процедете по 20 минути.
Чувајте го пијалокот во термос за да остане топол. Половина од пијалокот испијте ја наутро на празен стомак, а остатокот два часа по вечерата, после тоа не пијте ништо друго, ниту јадете ништо.
Овој пијалок ќе ви помогне да ослабете без диети и со метаболички нарушувања. Ќе го исчисти телото од токсини и со тоа ќе го подобри функционирањето на срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот.

Како делува еликсирот?
Еликсирот ја зголемува еластичноста на крвните садови, помага при мултиплекс склероза, спречува срцев удар и хипертензија. Еликсирот на „вечната младост“ има пријатен вкус, а по желба може да се заслади со лажичка мед.
Камилицата денес е најпознатото лековито растение, кое се користи подеднакво во конвенционалната и народната медицина, неговите состојки и активни супстанции се добро истражени.
Кантарионот има многу лековити својства, тој е многу корисно лековито растение. Се користи за лекување на слуз во белите дробови, желудникот и грчеви во стомакот, згрутчување на крвта, заболувања на бубрезите, црниот дроб, слезината и мочниот меур. Особено се препорачува за неконтролирано мокрење. Во комбинација со други лековити растенија, тоа е одличен лек за лекување на зрела кашлица и астма.
Покрај подмладувањето, смилот има бројни други лековити својства. Тоа е одличен лек за бронхитис и кашлица, делува како седатив, го намалува крвниот притисок, нивото на холестерол во крвта, спречува згрутчување на крвта, ја ублажува болката и го зајакнува целото тело.
Чајот од брезова пупка го поттикнува отстранувањето на вишокот урична киселина и токсини од телото, а може да помогне и во случај на проблеми со ревматизам и едем.
фото: принтскрин

