Забава
Скопје Сити Мол стана Спортски град
Трговскиот центар „Скопје Сити Мол” во рамките на настанот Sport City организираше спортска промоција на сите активни спортски федерации во Република Македонија. Презентирани од јуниори, пионери, сениори и сениорски репрезентативци, но и од рекреативци и вљубеници во спортот, федерациите на дело покажаа што претставува нивниот спорт и преку презентација на истиот направија навистина уникатна атмосфера во најголемиот продажен простор во земјата.
Скопје Сити Мол деновиве е трансформиран во најголемата спортска сала во Македонија, со уникатна можност за посетителите да ги следат тренинзите на претставниците на спортовите, како и да поразговараат со дел од македонските спортски легенди кои беа дел од настанот. Наташа Илиевска, Атанас Николовски, Дејан Недев, Лазар Лечиќ беа само дел од спортските работници и спортисти кои со своето присуство дадоа поддршка на манифестацијата. Сите едногласно се согласија дека овој тип презентација на македонскиот спорт пред граѓаните е навистина извонредна можност, пред сé, од аспект на запознавање со спортски дисциплини кои можеби и не ни знаеле дека се тренираат активно во Република Македонија.
Од 5-ти до 8-ми jуни, Скопје Сити Мол е центарот на спортските случувања во земјата, со цел да се поттикнат граѓаните да почнат да се занимаваат со спорт, но и да се запознаат со спортови кои досега веројатно не ги сретнале, најголемиот мол во државата со одлична можност на граѓаните -да го одберат оној кој ним најмногу им се допаѓа и одговара, или едноставно да се запознаат со целокупната спортска историја на Република Македонија на едно место.
Во рамките на настанот Sport City, петок е резервиран за Крос Фит, кога посетителите ќе имаат можност да ги проследат тренинзите на „Крос Фит Скопје” кои се реализираат во текот на денот низ Скопје Сити Мол.
За деновите од викендот, се планирани специјални предизвици за посетителите кои за нив ги подготви „Крос Фит Скопје” кои се од натпреварувачки карактер, а победниците ќе добијат вредни награди за својот труд и спортска подготвеност. Како дополнителна забава, учесниците на овие предизвици ќе бидат фотографирани, а оние мускули со најмногу лајкови на социјалните мрежи ќе бидат прогласена за „Најмускули на Скопје Сити Мол.
Продолжениот викенд во „Градот на спорот во Скопје Сити Мол” претставува уникатен начин да се слави спортот, но и да се оддаде внимание на сите спортски успеси во различни спортски дисциплини, кои Македонија несомнено ги поседува. Во крајна линија, вреди да се напомене дека целокупниот настан ќе биде проследен со попусти во спортските продавници, како би се комплетирала трансформацијата на Скопје Сити Мол во едно комплетно ново спортско издание, различно од се што е досега видено во Македонија. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

