Контакт

Естрада

50 Цент ги купи првите редови на концертот на Џа Рул од лоши побуди

Објавено пред

Раперите 50 Цент и Џа Рул се скарани веќе 20 години, во текот на кои се случија многу бизарни ситуации меѓу овие двајца музичари, но врв беше дефинитивно потегот на 50 Сент на концертот на Џa Рул минатата ноќ.

50 Цент купи 200 седишта во првите редови на концертот, со цел салата да изгледа празна. Потоа тој на Инстаграм објави фотографија на полупразна сала и се фотошопираше себеси како седи на едно место.

Џа Рул потоа му возврати, исто така, преку Инстаграм, прво со објавување фотографија на која на 50 Цент му фотошопираше перика и шминка. Потоа објави уште една фотографија од промоција на вотка. 50 Цент тогаш беше фотографиран со транссексуален обожавател, а Џа Рул, заедно со фотографијата со неколку фотошоп-додатоци, напиша: „Ова се случува во овие промоции на вотка … Пијте одговорно, луѓе”.

View this post on Instagram

This look fits you Ol ho ass nigga… @50cent 😂🤣😭

A post shared by JaRule (@ruleyorkcity) on

Караницата на двајцата рапери започнаа во 1990-тите, наводно откако Џа Рул беше ограбен во продавница во њујоршки Квинс, од каде што се и двајцата. Неколку недели подоцна, Џа рече дека го видел 50 Цент со лицето што го ограбило. Џа Рул денес ја негира таа приказна и тврди дека 50 Цент бил лут бидејќи тимот од „Мурдер инц.“ го отфрлил за време на снимањето на песната на Рул, „Murda 4 Life“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Гвен Стефани во потрага по сурогат-мајка за четврто дете

Објавено пред

Пејачката Гвен Стефани (49), позната по хитовите Rich Girl и Hollaback Girl, одлучи да го прошири семејството. Иако веќе има три деца со својот поранешен сопруг Гавин Росдејл (53), Гвен сака да има дете и со сегашното момче, пејачот Блејк Шелтон (42).

За да ја оствари оваа желба, таа е во потрага по сурогат-мајка.

„Тие сега се во финални подготовки за избор на жена што ќе го носи нивното бебе. Многу ѝ е важно на Блејк да му подари биолошко дете и тој е многу возбуден“, рече близок пријател на двојката.

View this post on Instagram

Birthday 🎁 love u @blakeshelton gx

A post shared by Gwen Stefani (@gwenstefani) on

Иако Шелтон има два неуспешни брака, од кои едниот е со кантри-пејачката Миранда Ламберт (35), нема ниту едно дете.

Кога пејачот објави во јули 2015 година дека се разведува од Миранда, Стефани му правеше друштво во тешките моменти, исто како и тој неа. Заедно поминаа низ болни разводи и се вљубија кога беа во жирито на шоуто The Voice.

„Тој ми го спаси животот“, изјавуваше Гвен многупати. Тие се во врска веќе три години.

Пејачката е мајка на синовите Кингстон (12), Зуме (10) и Аполо (4).

Прикажи повеќе...

Естрада

Џенифер Лопез за 20 минути заработи три милиони долари

Објавено пред

Албумите на Џенифер Лопез се продаваат во платинести тиражи, а концерти одржува во целиот свет, но веројатно никогаш досега не заработила толку лесно три милиони долари.

Имено, за своето појавување на „Доха фестивал сити мол“ доби три милиони долари, два милиона чиста добивка и еден милион за покривање на трошоците за патување. Сè што требаше да стори за таа сума беше 20 минути да одговaра на прашања за себе.

Како што објавија од TMZ, Џенифер пристигнала во Катар, а потоа малку им зборувала на фановите за правата на жените, малку се фотографирала со нив и на крајот се вратила во Америка.

И тоа не е сè. Следната недела „Катар ервејс“ ќе ѝ плати 1,2 милион долари за да се појави на нивната забава во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. Од неа се бара да се појави 20 минути, нешто да каже и да им се насмевнува на фотографите.

TMZ додава дека сè уште траат преговорите за износот за тој ангажман, а бидејќи „Катар ервејс“ веќе ги испрати покани за забавата и ја најави на својот профил на „Твитер“ како гостин, се чини дека тие ќе мора да ги прифатат сите услови на Џенифер.

Прикажи повеќе...

Естрада

Eлтон Џон во најочекуваната божикна реклама во светот

Објавено пред

Божикната реклама на стоковната куќа „Џон Луис“ е најочекуваниот празничен спот секоја година, а многумина сметаат дека токму објавувањето на оваа реклама го означува почетокот на празниците.

Ѕвезда на годинешната реклама е Елтон Џон, а приказната проследена со неговиот хит Your Song ретроспективно го следи неговиот живот сè до моментот кога како четиригодишно момче на божикното утро добива подарок пијано од баба си.

It’s here! This year’s Christmas ad, as launched by our Partners, we hope you like it… 🌟🚀 #EltonJohnLewis 🎹

Gepostet von John Lewis & Partners am Mittwoch, 14. November 2018

Пејачот признал во британските медиуми дека снимањето реклама за него е многу емотивен процес и дека е голема чест да биде дел од неа.

Рекламите на стоковната куќа „Џон Луис“ веќе станаа дел од претпразничното расположение не само во Велика Британија туку и во целиот свет. Големи пари се вложуваат во нивните кампањи, а во 2016 година рекламата и целата кампања чинеа 61 милион куни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт10 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа13 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести14 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија14 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет16 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија17 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски19 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет19 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион20 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет21 час

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет2 дена

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски2 дена

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија2 дена

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија2 дена

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија2 дена

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија2 дена

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate2 дена

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести2 дена

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Досие