Забава
Барал отказ за да добие социјална помош
Еден 35 годишен човек, кој работел во ресторан во Медисон, во американската сојузна држава Висконсин, побарал од газдата да го отпушти за да може да
Еден 35 годишен човек, кој работел во ресторан во Медисон, во американската сојузна држава Висконсин, побарал од газдата да го отпушти за да може да добива надомест што од неодамна го примаат сите кои ќе останат без работа.
Бидејќи работодавачот не му ја исполнил желбата, тој решил да го принуди да му даде отказ, па почнал да ја фрла храната на под, а потоа влегол во кујната и почнал да ги крши садовите.
Сопственикот на ресторанот повикал полиција, која го уапсила работникот.
Човекот подоцна и објаснил на полицијата дека од лични причини морал да ја напушти работата, но ако дал отказ, тогаш не би имал право на надомест, поради што се одлучил да го принуди газдата да му даде отказ.
И на крај – надомест сигурно нема да добие, а ќе мора и да му плати отштета на газдата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Шон Пен си запали во сала на Златните глобуси (ФОТО)
Актерот Шон Пен бил снимен како пуши цигара во салата за време на Златните глобуси, иако пушењето таму е забрането. 65-годишниот актер запалил цигара на масата во хотелот „Беверли Хилтон“, каде што седел покрај Леонардо ДиКаприо.
На фотографиите се гледа дека ги гасел опушоците во празна чаша. Според Венити фер, другите гости барале надворешен простор за пушење, додека Пен пушел директно во салата, на својата маса.
This can’t be legal. pic.twitter.com/hBp0D7O6jt
— Ben Fritz (@benfritz) January 12, 2026
Новинарот Бен Фриц објави фотографија од Пен со ДиКаприо и Кејт Хадсон, со коментар дека тоа „не може да биде легално“. На социјалните мрежи следеа шеги и забелешки дека Пен е познат пушач и дека „ако си Шон Пен, можеш сѐ“.
Пен бил и мета на воведните шеги на водителката Ники Глејзер, кои тој ги прифатил со смеа. Ова не е првпат актерот да ги игнорира правилата за пушење – претходно пушел и во интервју со Стивен Колбер во 2018 година, како и на Филмскиот фестивал во Маракеш во 2024 година.
Забава
Хороскопски знаци со кои никогаш не е здодевно
Постојат луѓе со кои времето минува побрзо, а дружењата спонтано се претвораат во смеа и неочекувани ситуации. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци природно внесуваат динамика и прават секој момент да биде интересен.
Три знаци со кои речиси никогаш не е досадно се:
Близнаци – Разговорите со нив никогаш не замрзнуваат. Лесно менуваат теми, внесуваат хумор и спонтано го претвораат обичното кафе во долготрајно дружење без јасен план.
Лав – Природни забавувачи кои внесуваат енергија и топлина каде и да се појават. Често се во центарот на вниманието и се трудат атмосферата секогаш да биде позитивна и жива.
Стрелец – Симбол на авантура и слободен дух. Секогаш предлагаат нови идеи, излети и искуства, а нивниот оптимизам и спонтаност прават и најобичниот ден да личи на мала авантура.
Забава
„Нека ѝ каже некој дека нема 25“ – реакции по појавувањето на Џенифер Лоренс
Актерката Џенифер Лоренс привлече големо внимание на доделувањето на Златни глобуси 2026 во Лос Анџелес, појавувајќи се на црвениот тепих во проѕирна тоалета што предизвика поделени реакции.
Станува збор за креација на Сара Бартон за модната куќа Гивенчи– проѕирен фустан украсен со цветен вез, кој остави многу малку на фантазијата. Иако дел од публиката го пофали нејзиниот изглед и самодоверба, други коментираа дека стилот не ѝ прилега на нејзините години.
„Уф, повторно носиме проѕирни фустани?“, гласеше еден коментар, додека друг додаде: „Нека ѝ каже некој на Џенифер Лоренс дека повеќе нема 25 години.“ Еден коментатор напиша дека актерката „изгледа уморно, како да ѝ треба одмор.“ Секако, имаше и такви кои беа воодушевени: „Џенифер Лоренс изгледа апсолутно зачудувачки!“, рече еден обожавател.
Во изјава за ET, Лоренс се пошегува на своја сметка, велејќи дека ќе остане на забавите бидејќи е „гола“, но додаде дека нејзините деца би сакале да била дома. Таа и сопругот се родители на двајца синови.
Фото: ЕПА

