Контакт

Забава

Италијанците најголеми интернет лажговци

Објавено пред

Дури 72 насто од Италијанците на интернет страниците за барање сродни души се претставуваат поинакви отколку што се, со што се најдоа на чело на

Дури 72 насто од Италијанците на интернет страниците за барање сродни души се претставуваат поинакви отколку што се, со што се најдоа на чело на најголемите интернет лажговци во Европа.

Ова, според италијанските гласила го покажа истражувањето на Lightspeed Research во кое учествуваа 2500 Европејци.

На листата најголеми интернет лажговци зад Италијанците се Германците, од кои 58 насто се неискрени, па Французите (56 насто) и Англичаните (55 проценти).

Истражувањето покажа и дека 58 проценти од сите испитаници на рутинските прашања, како од каде си, колку години имаш, даваат неточен одговор, а најмногу лаги се изрекуваат за физичкиот изглед и тежината.

Најискрени интернет заводници се Холанѓаните, од кои 52 насто кажуваат вистина. Тие имаат и најмалку предрасуди. Холанѓаните тврдат дека по еден разговор со видео камера, знаат дали сакаат со непознатиот да имаат секс веќе на првиот состанок.

Според Lightspeed Research партнери преку интернет пред се бараат многу плашливите и срамежливите или експлозивните лица. За да избегнат непријатни изненадувања или разочарувања, што можат да се појават на првиот состанок на слепо, 54 насто од испитаниците препорачуваат претходна проверка преку видео камера. /крај/ста/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Жерард Батлер спортува во исчекување на премиерата на својот нов филм

Објавено пред

Холивудскиот заводник Жерард Батлер создаде навика да сурфа на брановите на Малибу како начин да остане активен за време на пандемијата на Ковид-19.

Во неделата попладне тој реши да се одмори од плажа и да се префрли на копно за да вози велосипед во близина на Тихиот Океан. За време на својата екскурзија, шкотскиот актер (50) уживаше во прекрасните глетки и во уште еден пријатен летен ден во Јужна Калифорнија.

Ограничувањата на движење и другите превентивни мерки за лична безбедност сè уште се во сила во Лос Анџелес како последица на многуте нови случаи на коронавирус, а холивудските студија беа принудени да одложат повеќе продукции и премиери.

Американската премиера на најновиот филм на Батлер, „Гренланд“, беше одложена трипати летово и сега се очекува на 25 септември.

Апокалиптичната семејна драма во режија на Рик Роман Ваг веќе премиерно се претстави во Белгија и Франција, а во Скандинавија е закажана за 12 август.

„Гренланд“, во кој глумат Морена Бакарин и Скот Глен, е апокалиптична сторија за распаѓачка комета која паѓа на земјата срамнувајќи цели градови, што резултира во хаос и лудило во целиот свет.

Прикажи повеќе...

Забава

Хали Бери докажа дека е сè уште Бонд-убавица во бикини слични на тие од „Умри некој друг ден“

Објавено пред

Таа предизвика бура кога излезе од океанот во портокалови бикини со нож околу појасот во Die Another Day („Умри некој друг ден“), филм од 2002 година, дел од серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд.

И 18 години потоа, Хали Бери докажа дека сè уште го има она што е потребно за да биде Бонд-убавица.

53-годишната холивудска актерка објави фотографија на својот „Инстаграм“, на која се гледа како оди боса по песокот во сличен дводелен костим за капење како тој од филмот.

Небото се чини дека е малку сиво, што ја наведе да се пошегува во насловот на објавата: „Никогаш немало исенчена плажа“.

Бери непрекинато изнудува комплименти со младоликоста и одржаната фигура, а во неделата уште еднаш потврди дека годините не се никаква пречка за добар изглед. Фит и феноменална, таа е пример како може да се биде секси и по 50-тата година од животот.

Прикажи повеќе...

Забава

Мадона пишува филм со сценаристката Дијабло Коди

Објавено пред

Мадона носи промени во својата музичка кариера, но таа не ги напушта ниту своите кинематографски амбиции.

Поп-иконата, која ќе наполни 62 години следната недела, се појави на „Инстаграм“ минатиот петок со видео на кое се гледа како напорно работи со Дијабло Коди, сценаристка која доби „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио за филмот „Џуно“ (2007).

Во црно-белиот видеоклип Мадона седи на софа, а Дијабло (42) пишува на лаптоп. Иако со ова навестува дека пишува филм со сценаристката оскаровка, не открива детали на таа тема.

Кралицата на попот неодамна беше на насловните страници по одлуката да ја напушти издавачката куќа „Интерскоп“ поради нов договор за снимање со „Ворнер рекордс“, каде што всушност почна првпат.

Во опис на клипот таа напиша: „Кога си заглавен дома со повеќекратни повреди, што правиш? Пишуваш сценарио со Дијабло Коди за…?“ Пред прашалникот Мадона додаде емотикон отворена книга, проследен со симболи што се однесуваат на правење филмови и музика.

Ова, се разбира, може да доведе до многу шпекулации – како, на пример, Мадона можеби презема контрла и влегува во новиот тренд на музички биографии и избира да напише свој филм-биографија пред некој друг да го стори тоа.

Слични филмови за музичките легенди Фреди Меркјури („Боемска рапсодија“) и Елтон Џон („Рокетмен“) заслужија пофални критики, како и „Оскари“, а во подготовка се и филмски биографии за sвездите Арета Френклин и Витни Хјустон.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет9 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија10 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет11 час

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија12 часа

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет12 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет13 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет14 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија15 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија16 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија16 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија18 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет19 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија19 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет20 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион21 час

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија21 час

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет1 ден

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија1 ден

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија1 ден

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Досие