Забава
Негативните последици можат да бидат сериозни

Повеќе од 1.300 девојчиња во Велика Британија кои добиле вакцина против рак на грлото на матката, страдаат од непријатни последици од вакцинирањето
Повеќе од 1.300 девојчиња во Велика Британија кои добиле вакцина против рак на грлото на матката, страдаат од непријатни последици од вакцинирањето, пишува Дејли Мејл.
Иако минатата година во Велика Британија биле вакцинирани повеќе од 700 илјади девојчиња на возраст од 12 и 13 години, 1,300 од нив имале непријатни последици од вакцината против рак на грлото на матката.
Еден дел од девојчињата имале минлива парализа, епилептични напади и замаглен вид, додека други имале вртоглавица, треска, како и слабост во мускулите.
Министерството за здравство на Велика Британија смета дека бројот на девојчињата кои имале негативни последици е очекуван со оглед на тоа дека досега се вакцинирани повеќе од 700 илјади девојчиња.
“Очигледната добробит за здравјето на жените мора да го надвладее стравот од несаканите последици. Ова е вакцина што може да го спаси животот на илјадници жени„, изјавил Роберт Мусиц, директор на британскиот Фонд за помош на заболените од рак на матката.
Вакцината против ракот на грлото на матката всушност е трајна заштита од заразата со хуманиот папилома вирус (ХПВ), сексуално пренослива болест, што предизвикува 70 проценти од туморите на грлото на матката.
Со цел вакцината да биде ефективна девојчињата мора да ја добијат пред да стапат во сексуални односи, а најчесто ја примаат девојчиња на возраст од 12 и 13 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Сточар на Солунска глава најде телефон изгубен пред четири години, а планинари го најдоа сопственикот

Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир од селото Горно Јаболчиште, раскажува на социјалните мрежи Игор Смилев, еко-активист од организацијата „Грин Пауер“ и советник во Општина Велес.
Смилев вели дека Јетмир, како чесен човек, го пријавил телефонот како изгубен, а неверојатно – по 4 години во планина, уредот успеал да се наполни и да работи делумно. Телефонот содржи сочувани СМС пораки и успеал да испрати неколку слики до планинари.
После еден месец објави на неколку Фејсбук групи, сопственикот на телефонот бил пронајден – Гоце Глигуровски од Битола, поранешен домар во сега веќе непостоечкиот Планинарски дом „Папрадиште“. Телефонот Гоце го добивал на користење од Емил Смилев.
„Фрапантно е што ‘Хуавеј’ телефонот преживеа 4 години во планина и сè уште е функционален“, додава Смилев.
Забава
(Фото) Изгледа нереално во новата модна кампања

Францускиот бренд за долна облека „Етам“ ја претстави својата есенска кампања за 2025 година, а заштитно лице е познатата манекенка Ирина Шајк.
Кампањата, со соодветен наслов J’ETAM, го комбинира името на брендот со францускиот збор за љубов и го поставува прашањето: „Која емоција е карактеристична за Французите?“, а одговорот е љубов.
View this post on Instagram
Кампањата служи како увертира на претстојната модна ревија на брендот, закажана за 30 септември, и ја слави љубовта во сите нејзини форми – од платонска и романтична до семејна и љубов кон себе.
Фотографиите од Бриен Капоци отстапуваат од традиционалните кампањи во будоар-стил. Тие се снимени во мека, природна светлина, со минимален сценографски дизајн, што им дава интимен изглед.
View this post on Instagram
„Совршена“, „Икона“, „Божица“, „Толку убава“, „Најубава Ирина“, „Величествена“, се некои од многуте коментари на „Инстаграм“ на брендот.
Колекцијата нуди облека за секоја жена и за секоја пригода, вклучувајќи удобни памучни парчиња и заводливи комплети од тантела.
View this post on Instagram
Палетата на бои се движи од розова, бела, кафеава и црна до впечатливи тонови, како што се електрично сина и светлоцрвена.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најскромниот милионер секогаш го привлекува вниманието на шоуто

Актерот Адам Сандлер се појави на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал со сопругата Џеки и нивните ќерки Сејди и Сани.
Семејството веднаш привлече внимание поради нивните координирани модни изданија, но и затоа што сите тие се сметаат за обични луѓе, кои не сакаат премногу да го разоткриваат својот приватен живот. Адам дури е наречен и најскромниот милионер поради неговиот начин на живеење.
За оваа пригода Сандлер избра црн костум, па иако претходно беше модна икона за помладите генерации поради неговиот лежерен стил, сега беше доста елегантен.
Неговата сопруга Џеки избра едноставен бел фустан без прерамки, кој нежно паѓа, а ќерките позираа во слични модели како мајка им, само што Сејди имаше црн модел.
Сè на сè, беше јасно дека Сандлерови се потрудија да бидат координирани и дека се издвојуваат од сè друго, само поради нивниот гламур и среќа.
Премиерата на филмот „Џеј Кели“ се одржа на Венецискиот филмски фестивал, во кој Сандлер глуми покрај Џорџ Клуни.
фото: принтскрин