Забава
Музејот на Еротиката стана жртва на кризата

Музејот Еротика во Копенхаген банкротираше по 15 години постоење бидејќи градските власти поради кризата одбиле да му дадат финансиска помош
Музејот Еротика во Копенхаген банкротираше по 15 години постоење бидејќи градските власти поради кризата одбиле да му дадат финансиска помош.
Музејот е отворен во 1994. година и до сега го посетиле повеќе од милион луѓе. Има 25 галерии во кои се изложени фотографии, филмови и разни еротски предмети.
„Во музејот не се чуваат бисерите на данската култура, па е проценето дека во оваа ситуација нема потреба да му даваме финансиска помош“, изјави Ерик Бјерн Мелер, задолжен за култура во Градската влада. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вечерва на Битола отворен град – DJ сет под ѕвездено небо

Градот станува фестивал. Пациото станува подиум. Битола Отворен Град влегува во ноќен режим.
По култниот зимски сет на Herzel во организација на МКЦ-Битола, пациото на Музејот повторно оживува – оваа вечер со летна енергија, аналоген звук и тројца мајстори зад пултот: DJ GOCE. CHVARE. DOUBLE G.
Тројца диџеи, три стила, еден заеднички импулс: DJ Goce – жив ритам-архив од македонската хип-хоп историја Chvare – креатор на звучни светови надвор од формулите Double G – млад, гласен, храбар – звук што се шири
Локација: Пациото на Музеј, Битола петок 27 јуни Старт: 21:00 часот Влез: слободен.
„Ова не е викенд-настан. Ова е дел од фестивал што 24 години ја раскажува алтернативната историја на еден град – преку музика, уметност и звук. МКЦ-Битола Ве кани на уште една фестивалска вечер што не познава сцена – затоа што цел град е сцена. Фестивалот е поддржан од општина Битола и од бизнис секторот“, велат од Организацискиот тим на Битола Отворен Град 2025.
Забава
When in Krusevo од 8 до 10 август

Картите за фестивалот на отворено (outdoor festival) When in Krusevo се пуштени во продажба на официјалната страна на MkTickets.
Картата за фестивалот има хуманитарна компонента, а со купување на истата учесниците добиваат стартен пакет и можности за учество на планинарски и велосипедски тури, кајак, јога, посета на музеи и добиваат попусти за параглајдинг искуство и јавање коњи.
Настанот вклучува и содржини за деца.
Дел од средствата ќе бидат донирани на социјално ранливи семејства во Крушево.
Оваа година е 9-тото издание на фестивалот кој веќе станува традиција на Крушево. Организаторите ги покануваат сите љубители на природата, авантурата и Крушево да го посетат фестивалот.
Забава
Дејвид Бекам заврши во болница

Судејќи според Инстаграм сториите објавени од Викторија Бекам, познатиот фудбалер Дејвид Бекам заврши во болница.
Таа сподели две фотографии: на едната лежи во болница со прекрстена рака и насмевка на лицето, а на другата држи нараквица што децата му ја направиле од монистра со натпис: „Тато, оздрави брзо“.
Дали бил опериран поради стара повреда?
Извор откри за „Дејли Меил“ дека Бекам бил опериран поради проблем со зглобот што го повредил пред 22 години за време на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Јужна Африка во Дурбан во мај 2003 година.
Потоа во зглобот бил вметнат шраф кој требало да се скрши со текот на времето, но не се скршил, што довело до болка и непријатност години подоцна. Поради зголемената болка, Бекам решил да се подложи на операција за конечно да го отстрани шрафот.
Хоспитализацијата на Дејвид не го спречи да објави серија фотографии по повод роденденот на мајка си и да ѝ испрати трогателна честитка:
„Среќен роденден, мамо. Те сакаме многу. Ти благодариме што секогаш си тука за нас. Те сакаме“.
View this post on Instagram
Во објавата, тој ги тагна и членовите на семејството – синовите Бруклин, Ромео и Круз и сестрата Џоан, додека додаде хаштаг за најмладата ќерка Харпер, која сè уште нема Инстаграм.